Русите со ракети уништиле украинска воена база во близина на Киев

Руски крстосувачки ракети погодија воена база во близина на главниот град Киев и делумно ја уништија, соопшти денеска украинскиот Генералштаб.

„Околу 5:00 часот по локално време, непријателот изврши напад со истрелување на шест крстосувачки ракети „Калибр“ врз воената единица Љути во регионот на Киев“, изјави Олексиј Громов, висок функционер на Генералштабот.

Главната зграда е уништена, а други две се оштетени, рече тој, додавајќи дека украинската противвоздушна одбрана погодила еден од шесте проектили. Ракетите биле истрелани од Крим, полуостров припоен од Москва во 2014 година, додаде Громов.

Второто бомбардирање денеска го извршиле Русите во Чернихивската област на северот на Украина со повеќецевни ракетни фрлачи, а биле истрелани од територијата на Белорусија, сојузникот на Москва, додаде Гром. Има „жртви“ меѓу украинската армија, рече тој.

Според него, руските сили продолжуваат да напредуваат кон Сиверск и Бахмут во Донбас, индустриски регион кој Москва сака целосно да го освои. Ситуацијата таму е „тешка, но целосно под контрола“, рече тој.

Во окупираниот регион Херсон на југ, каде што украинските сили спроведуваат контраофанзива, во последните две недели успеаја да вратат три села кои што биле окупирани од Русите под нивна контрола.

Други украински официјални лица деенска пријавиле руски бомбардирања во неколку региони.

„Денешното утро е бурно. Повторно руските ракети шират терор“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграма. Киев „нема да се предаде или да се поклони“, рече тој.

Најмалку едно лице загинало, а две се ранети во нападот на областа Дњепропетровск, објави гувернерот на тој регион Валентин Резниченко. Гувернерот на регионот Миколаев на југ пријавил „масивен ракетен оган“ во кој е уништено училиште и ранило најмалку едно лице.

Градоначалникот на Харков, друг град на североистокот, пријави два ракетни напади со С-300 кои предизвикаа пожари.

Бајден: На студентските протести поради војната во Газа мора да владее ред

Бајден во Белата куќа рече дека изразувањето различно мислење е од суштинско значење за демократијата, но нагласи дека правото на протест никогаш не смее да доведе до нереди.

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека правото на протест е загарантирано демократско право, но истакна дека поредокот мора да надвладее по судирите меѓу полицијата и студентите кои протестираа во универзитетските кампуси низ САД поради војната во Појасот Газа.

Бајден во Белата куќа рече дека изразувањето различно мислење е од суштинско значење за демократијата, но нагласи дека правото на протест никогаш не смее да доведе до нереди.

Тој додаде дека студентските протести не го натерале да го преиспита својот пристап кон војната во Појасот Газа.

Пред повеќе од една недела американскиот претседател ги осуди „антисемитските протести“ на американските универзитети и, како што наведе, „оние кои не сфаќаат што се случува со Палестинците“.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, вчера рече дека Бајден „будно ја следи ситуацијата“ и оти некои универзитетски демонстрации ја преминале границата што ја дели слободата на говорот од незаконското однесување, наведувајќи го примерот на Универзитетот Колумбија каде, според неа, студентите насилно ја зазеле зградата. /МИА

Поголемиот дел од Кенија е без струја, земјата е зафатена од поројни врнежи

Прекин на струја вечерва погоди голем дел од Кенија, соопшти дистрибутерот на електрична енергија Кенија Пауер (Kenya Power), обвинувајќи го за тоа „прекинот во системот“.

„Жалиме за сите предизвикани непријатности и бараме од нашите клиенти трпение додека работиме да го вратиме нормалното напојување што е можно поскоро“, се вели во соопштението на Kenya Power.

Прекинот во снабдувањето со струја доаѓа додека Кенија се бори со поројните дождови кои предизвикаа поплави во кои загинаа најмалку 188 луѓе и 165.000 се раселени.

Покрај главниот град Најроби, каде живеат околу пет милиони луѓе, прекин на електрична енергија има и во други градови, вклучително и Момбаса. /МИА

Скопјанец насила изваден од неговиот дом, нанесени му се неколку убодни рани

Скопјанец насила изваден од неговиот дом, со возило одведен кај Транспортен центар каде му се нанесени неколку убодни рани.

К.Б.(34) од Скопје вчера во 7:40 часот во Полициската станица Аеродром пријавил дека ноќта меѓу 24 и 25 април годинава околу 1:30 часот, А.„Н“ со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.„Н“, со уште едно лице совозач.

Како што информира МВР, според пријавено, во возилото А.„Н“ му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле. Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

притисни ентер