Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит
1Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит
СветРусите му веруваат на ПутинОколу седум од 10 Руси му веруваат на рускиот претседател Владимир Путин и ја оценуваат позитивно неговата работа, покажаа две анкети на руските истражувачки центри ВЦИОМ и ФОМ.Според анкетата на ВЦИОМ , 72 проценти од испитаниците му веруваат на Путин, додека 22,7 проценти не, објави РИА Новости. Неговата работа како претседател ја одобруваат 67,7 проценти од испитаниците, додека 20,9 проценти не го одобруваат. Слични резултати покажа и анкетата на ФОМ. Околу 70 проценти од испитаниците рекле дека му веруваат на Путин, додека 17 проценти не му веруваат. Ист процент, 70 проценти, веруваат дека Путин добро се однесува како претседател, додека 14 проценти имаат спротивно мислење. Разлики се забележани во оценката на работата на владата. Според ВЦИОМ, 45,2 проценти од испитаниците ја одобруваат нејзината работа, додека 24,2 проценти не ја одобруваат. ФОМ забележа дека 45 проценти од Русите веруваат дека владата добро си ја врши работата, додека 34 проценти ја оценуваат нејзината работа негативно. Кога станува збор за рускиот премиер Михаил Мишустин, 55,3 проценти од испитаниците во анкетата на ВЦИОМ изразиле доверба во него, додека 49 проценти од граѓаните ја оцениле неговата работа позитивно, според ФОМ. И двете анкети покажаа дека Единствена Русија би била убедливо најпопуларната партија доколку изборите за Државната дума се одржат следната недела. Според ВЦИОМ, 39,2 проценти од испитаниците би гласале за неа, а според ФОМ, 32 проценти. Анкетата на ВЦИОМ е спроведена од 17 до 23 август меѓу 1.600 возрасни испитаници, со маргина на грешка од 2,5 проценти. Анкетата на ФОМ е спроведена од 21 до 23 август меѓу 1.500 испитаници, со маргина на грешка до 3,6 проценти. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит, од кои четворица во Скопје, и по еден во Прилеп, Гевгелија, Богданци, Велес и Боговиње. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Битола, Македонска Каменица, Кичево и Кавадарци, а по еден возач во Македонски Брод и Велес управувале возило под мерка забрана за управување со моторно возило. Од слобода е лишен и државјанин на Шведска, кој на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Путин нема да нападне територија на НАТО Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е сигурен дека Русија нема да ги нападне американските сојузници од НАТО.Прашан дали рускиот претседател Владимир путин се согласил или се обврзал да се воздржи од таква офанзива, Трамп одговори: „Имав добри разговори со него. Тој нема да напаѓа територија на НАТО“. „Вол Стрит Џурнал“ и „Политико“ претходно објавија, повикувајќи се на неименувани извори, дека директорот на ЦИА, Џон ретклиф, за време на тајната посета на Москва пред три дена ја предупредил Русија да не напаѓа членки на НАТО. Трамп одби да ги коментира медиумските извештаи во врска со целта на патувањето на Ретклиф. Од друга страна, Кремљ извештаите за можни руски подготовки за напад врз НАТО ги нарече „хорор приказни“.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСрбија потврди: Ратко Младиќ ќе биде погребан со највисоки државни почестиПоранешниот командант на босанските Срби, Ратко младиќ ќе биде погребан со највисоки државни почести, потврди српскиот министер за правда Ненад Вујиќ за медиумите.„Неговата улога е позната, но она што му припаѓа на генералот Младиќ сигурно ќе биде почитувано. Би сакал да истакнам дека Република српска не е таа што одлучува тука, семејството ќе одлучи и за местото каде што ќе биде погребан бидејќи тоа е прашање на неговото семејство“, изјави Вујиќ за АТВ. Младиќ кој почина вчера во затворот во Хаг на 85-годишна возраст, беше осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина.Тагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter