Русите ја ослободија заробената докторка, која прва проговори за ужасите во Мариупол

Руските трупи ја ослободиле познатата украинска лекарка која ги снимаше настаните во Мариупол.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека е ослободена и дека веќе е дома.

Јулија Пајевска, позната во Украина како Таира, настаните во Мариупол ги снимила на мемориска картичка не поголема од ноктот, а картичката била прошверцувана надвор од градот во тампон. Набргу потоа била заробена од Русите.

Користејќи камера за тело, таа снимила 256 гигабајти видео снимки од натчовечките напори на нејзиниот тим во текот на две недели во Мариупол за спасување животи. Шокантната снимка му била дадена на тимот на Асошиетед прес, последниот меѓународен новинар во Мариупол кој го прошверцувал тампонот надвор од градот. Новинарите на агенцијата АП пристигнале во Мариупол рано наутро на 24 февруари, а го напуштиле на 15 март. Руските војници ги заробиле Таира и нејзиниот возач на 16 март.

Таа била прикажана како соработник на националистичкиот баталјон Азов. АП не нашле докази дека Пајевска некогаш и на кој било начин била поврзана со Азов. Воената болница во која таа работела била поставена како точка за евакуација на повредените Украинци и не е поврзана со баталјонот Азов, чии членови со недели ја бранеа фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

На снимката се гледа дека таа се обидела да спаси и ранети руски војници и украински цивили, пишува АП. На видеото од 10 март се гледа како украински војник грубо извлекува двајца руски војници од амбулантно возило. Едниот е во инвалидска количка, другиот е на колена и рацете му се врзани зад грб и ногата му е повредена. Очите им се покриени со зимски капи, а на рацете имаат бели пруги.

Еден украински војник пцуе друг. „Смири се, смири се“, му вели Таира. „Дали ќе ги третирате Русите? прашала една жена. „Нема да бидат толку љубезни со нас“, одговорила Таира. „Меѓутоа, не можам поинаку. Тие се воени заробеници“, рекла Таира.

Пајевска за време на снимањето често се жалела на хронични болки кои ги трпела од повредите на грбот и колкот. Таа имала делумна попреченост. На снимката се гледа како таа се гушка со другите лекари, шегувајќи се за да ги расположи возачите на брзата помош и пациентите. Таира секогаш со себе имала плишано животно за да може да му го даде на секое дете што треба да го лекува. Пајевска има сопруг и ќерка тинејџерка и знае како војната може да влијае на едно семејство.

Во една ситуација,украински војник ја замолил да и се јави на мајка му. Таа одговорила дека наскоро ќе може самиот да ѝ се јави. „Не ме нервирај“, му рекла таа. Новинарите на АП ја добиле снимката на Таира на 15 март. Таа преку воки-токи побарала од нив да ја извадат мемориската картичка од Мариупол. Била скриена во тампон, а новинарите поминале низ 15 руски контролни пунктови пред да дојдат на територијата под контрола на Украина.

Таира и нејзиниот возач Серхи исчезнале следниот ден. Руската телевизија на 21 март објавила дека Таира е фатена. Русите ја обвиниле дека се обидела прикриено да побегне од Мариупол. На видеото таа изгледала беспомошно и исцрпено. Таа пред камера ја прочитала изјавата која ја снимиле и повикала на прекин на борбите во Украина. Додека таа зборува, во преносот можело да се слушне друг глас кој ги нарекувал нејзините колеги како нацисти.

Ван Дајк цел на голем број врвни клубови

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк би можел да го напушти тимот од „Енфилд“. За фудбалерот се заинтересирани неколку големи клубови, пренесува новинарот Екрем Конура. 

Самиот фудбалер би сакал да го продолжи договорот со својот тим.

Според Конура, за фудбалерот се заинтересирани Милан, Интер, Атлетико, Ал-Хилал и Ал-Наср, а пријавен е интерес и од екипи од Премиер лигата.

Триесет и двегодишниот Ван Дајк игра за Ливерпул од почетокот на 2018 година. Актуелниот договор на Холанѓанецот е до крајот на следната сезона.

Во тековната сезона Ван Дајк одигра 34 натпревари во Премиер лигата на кои постигна два гола и две асистенции.

На две кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, Ливерпул е трет на табелата со 78 бодови, зад лидерот Арсенал кој има 83 и Манчестер сити кој собра 82 бода и има натпревар помалку.

Антонов: Вежбите со нуклеарно оружје се принуден руски одговор на западната реторика

 Претстојните вежби со нуклеарно оружје се принуден руски одговор на западната реторика, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов.

-Ова е принудна мерка како одговор на арогантната и агресивна политика на колективниот Запад, кој создава неприфатливи безбедносни закани за Русија и нејзините граѓани, рече Антонов, пренесен од руските медиуми.

Амбасадорот додаде дека САД и нивните сојузници се повеќе ја снабдуваат Украина со смртоносно оружје, што украинските сили можат да го користат за да извршат напади на руска територија.

Генералштабот на руските вооружени сили започна со подготовки за вежби за употреба на нестратегиско нуклеарно оружје, соопшти вчера руското Министерство за одбрана.

Маневрите ќе се одржат во блиска иднина и во нив ќе учествуваат и воздухопловните сили и морнарицата. Цел на вежбите е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје за одговор и обезбедување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, соопшти руското Министерство.

Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел

 Најмалку 10 лица загинаа кога патнички автобус излетал од патот и се превртел во областа Пуно во јужниот дел на Перу, јавија локалните медиуми.

Меѓуградскиот автобус сообраќал на релација Пуно-Куско кога се случила несреќата, јави државната новинска агенција Андина.

Во автобусот имало 24 патници, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, соопшти полицијата.

Државната телевизија објави дека повредените, од кои некои со сериозни повреди, биле пренесени во блиските болници.

Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.

притисни ентер