3Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“
СветРусите испратиле авион СУ-27, откако француски воени авиони надлетале над Црното Море Москва соопшти дека го дигнала својот борбен авион Су-27 за да ги придружува француските борбени и извидувачки авиони над Црното Море.Руското Министерство за одбрана соопштило дека успешно е спречено нарушување на државната граница на Руската Федерација бидејќи француските авиони се свртеле од руската граница по приближувањето на рускиот ловец, пренесе Баронс. Според државната новинска агенција Тас, руските системи за контрола на воздушниот простор над Црното Море денеска откриле три воздушни цели кои летаат кон руската државна граница. „Екипажот на рускиот ловец ги идентификуваше воздушните цели како авион за радар за откривање и контрола со долг дострел Е-3Ф (АВАКС) и два повеќенаменски ловци Рафале од француските воздухопловни сили“, соопшти руското Министерство за одбрана. Тие додаваат дека летот на рускиот ловец бил извршен во строга согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор над неутралните води, без преминување на воздушни рути или опасно приближување кон авион од странска држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВработени во ЈСП затекнати како крадат нафта од гаражите во Ѓорче ПетровВработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ биле затекнати при кражба на значително количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Случајот го открила внатрешната контрола на ЈСП, по што веднаш била повикана полицијата. Ѓорѓиевски најави дека вработените ќе бидат отстранети од работа, а од обвинителството очекува да отвори постапка. Градоначалникот оцени дека случајот е показател за, како што вели, долгогодишното системско уништување на градот. „Почитувани скопјани, токму за ова зборувам кога велам дека градот со години бил системски уништуван. Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома“, наведе тој. Ѓорѓиевски не соопшти колку вработени биле затекнати, за колкаво количество нафта станува збор, ниту дали некој е лишен од слобода. Детали за случајот се очекуваат од министерството за внатрешни работи.Тагови: ЈСП Скопје Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска самит на Процесот Брдо-Бриони во Охрид, Србија ја претставува Александар ЧупиќДенеска Охрид e домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова .Денеска Охрид e домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Процесот Брдо-Бриони е регионална дипломатска иницијатива започнува во 2013 година од Словенија и Хрватска, со цела европска интеграција на Западен Балкан и зајакнување на регионалната соработка. Синоќа се одржа и неформална вечера во организација на претседателката Сиљановска -Давкова со претседателите на државите, учесници во Процесот Брдо-Бриони. Во фокусот на разговорите беа регионалната соработка, добрососедските односи, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан. -Дијалогот, меѓусебната доверба и заедничката посветеност се клучни за изградба на стабилен, просперитетен и европски регион,, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“Осум лица се повредени и пренесени во Општата болница во Охрид по пожар што вчера избувнал во станбена зграда на улицата „Гоце Делчев“ во градот. Поради пожарот, како што соопштија од секторот за внатрешни работи Охрид за локалните медиуми била извршена евакуација на жителите на заградата, а полицијата лишила од слобода едно лице поради основано сомневање дека го предизвикало пожарот. Според информациите на полицијата, станува збор за 55-годишен охриѓанец со иницијали Ц.Н., кој се сомничи дека предизвикал пожар во својот стан.По добиената пријава, на местото на настанот интервенирале полициски службеници од СВР Охрид, екипи на територијалната противпожарна единица од Охрид и медицински тимови. Повеќе станари биле безбедно евакуирани од зградата, додека осум лица со здобиени повреди и отежнато дишење со возила на итната медицинска помош биле однесени на болничко згрижување. Од СВР Охрид соопштуваат дека во соработка со надлежните служби се преземаат дополнителни активности за помош на евакуираните станари и стабилизирање на состојбата на терен.Тагови: охрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook