Русите и Европската унија во потрага по живот на Марс (видео) - Канал 5

Русите и Европската унија во потрага по живот на Марс (видео)

Американскиот ровер „Кјуриосити“ наскоро ќе добие друштво на површината на Црвената планета.

Русите и Европската унија во потрага по живот на Марс (видео)
Имено, Европската вселенска агенција и руската „Роскосмос“ наскоро ќе го лансираат својот заеднички адут.

Европската мисија го носи името „ExoMars 2016” (Ексобиологија на Марс).

Почетокот е закажан за средината на март, кога од казахстанскиот космодром во Бајконур ќе биде лансирана сондата „Trace Gas Orbiter” (TGO) тешка три тони, како и модулот за слетување на Марс „Скјапарели“, кој го доби името по Џовани Скјапарели, италијански астроном од 19 век.

Сондата и модулот до Црвената планета ќе ги носи руската ракета од типот „Протон“.

„TGO” ќе има задача да направи детална анализа на атмосферските гасови на Марс.

Посебен акцент ќе биде ставен на истражувањето на метан, што би имплицирало дека постои активен геолошки или биолошки извор на овој гас на планетата.

Имено, 90 отсто од метанот на Земјата потекнува од биолошки извори.

Потенцијалното откритие на овој гас на Марс би претставувало скоро сигурен доказ за постоење на микрооргански живот на оваа планета.

Од друга страна, модулот „Скјапарели“, според зборовите на претставниците на мисијата, “ќе демонстрира повеќе технологии со чија помош ќе се слетува на Марс во наредните мисии“.

После седуммесечното крстарење по вселената, планирано е „Скјапарели“ на 16 октомври да се одвои од сондата и три дена подоцна да слета на површината на Марс, каде би требало да се задржи неколку дена.

За слетување е одбрано местото „Меридиани Планум“, истото на кое во 2004 година се приземи американскиот ровер „Опортјунити“.

Додека „Скјапарели“ ја истражува површината на Марс, сондата „TGO” ќе кружи во орбитата на планетата, а потоа ќе ја започне својата научна мисија.

Нејзината цел ќе биде собирање податоци за „ExoMars 2018”, втората мисија во рамките на која на Марс ќе слета руски ровер со комплетна научна платформа.


Во таа мисија, роверот ќе се одвои од платформата и ќе патува по површината на Марс во потрага за добро сочувани органски материјални, посебно од раниот период на Црвената планета.

-Пред четири милијарди години површината на Марс била многу слична на онаа на Земјата, во моментот кога на нашата планета настанал животот. Почнува новата ера на европското истражување на Марс“ – изјави Хорхе Ваго од мисијата „ExoMars 2016”.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“.

Успех во сенка на неуспехот

Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот.

Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“.

„SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот.

НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер