Русите и Американците се скараа и во вселената: Астронаутка од САД го оштетила леталото „Сојуз“ - Канал 5

Русите и Американците се скараа и во вселената: Астронаутка од САД го оштетила леталото „Сојуз“

Руската вселенска агенција Роскосмос се закани дека ќе поднесе кривична тужба против американска астронаутка, обвинувајќи ја дека дупчила дупка во вселенската мисија во 2018 година на леталото Сојуз МС-09, поврзано со Меѓународната вселенска станица.

Русите и Американците се скараа и во вселената: Астронаутка од САД го оштетила леталото „Сојуз“

Русија започнала истрага по падот на притисокот на кислородот во леталото, но и во целата ISS, што потенцијално може да ги загрози животите на астронаутите.

Истрагата утврдила дека виновникот за дупчењето на дупката е Серена Анон-Канчелор (45), американска астронаутка, родена во Индијанаполис.

Весникот „Известија“ објавил дека Серена намерно извршила саботажа бидејќи сакала што поскоро да се врати дома на Земјата.

Извори блиски до дневникот наведуваат дека се истражуваат два можни мотиви за нејзините постапки. Или имала приватни, љубовни проблеми или имала здравствени проблеми (се споменува и создавање на згрутчување на крвта).

Во моментот на падот на притисокот во „Сојуз“ и во целата ISS, во мисијата биле вкупно тројца астронаути.

Покрај Серена Анон-Канчелор, во вселената биле и Русинот Сергеј Прокопјев и Германецот Александар Герст од Европската вселенска агенција.

Руската страна тврди дека Американецот одбил да биде прегледан на полиграф, како и дека камерата која ја снима внатрешноста на „Сојуз“ била мистериозно исклучена во моментот кога била откриена дупката.

Откриени биле вкупно осум дупки, од кои седум површни.

Што се однесува до љубовниот живот, Серена Анон-Канчелор е мажена, а нејзиниот сопруг е Џеф Канчелор. Тој во тоа време бил илјадници милји подалеку, на Земјата, и не е познато дали имала афера со некој од астронаутите за време на нејзиниот престој во вселената.

Мисијата на тимот астронаути што биле со Серена требало да трае шест месеци.

Агенцијата ТАСС јавува дека истрагата открила неколку дупки кои не можеле случајно да бидат избушени при нулта гравитација.

Тие дупки првпат биле забележани на 30 август 2018 година, откако е забележан пад на нивото на кислород.

Руските космонаути брзо ги затвориле дупките, со што притисокот се вратил во нормала. Тие го направиле тоа со епоксидна смола, која е како лепак. Откако дупката била запечатена, астронаутите извршиле фото и видео преглед со помош на ендоскоп.

Првично се верувало дека дупката е издупчена со дупчалка на Земјата, но оваа теорија била напуштена бидејќи се покажало дека дупката е направена одвнатре и не е резултат на судир со остатоци од вселенски отпад.

Пред две години, руската страна прво покренала сомнеж дека американската астронаутка е одговорна за саботажата.

НАСА потоа одговориле дека немаат да коментираат прашања поврзани со здравствената состојба на астронаутите, наведувајќи дека Серена Анон-Канчелор е почитувана членка на тимот, отфрлајќи ги обвинувањата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер