Русите ги предизвикале ураганите „Ирма“ , „Харви“ ... ??? - Канал 5

Русите ги предизвикале ураганите „Ирма“ , „Харви“ ... ???

Одреден број на јавни личности во САД , но и некои медиуми веруваат дека Русите се виновни за силните урагани кои во последно време ја погодија територијата на Америка.

Русите  ги предизвикале ураганите „Ирма“ , „Харви“ ... ???
Во последните три недели два разорни урагани ги погодија Соединетите американски држави, „Харви“ дивееше во Тексас, а „Ирма“ скоро ја уништи Флорида.

-Можеби тоа се повторно Русите? Сосема сериозно се прашуваат Американците во телевизиски емисии, пренесува „Дејли меил“.
Според некои теоретичари на завери Русија можеби е одговорна и за ураганот „Катрин“ во Луизијана.

Но, има теории според кои ниту Америка не е целосно невина во тие приказни , според некои теоретичари на завери САД се одговорни за 30 –годишната суша во Иран но и за годинешното студено лето во Русија.

Меѓутоа според наводите на „Руски весник“ не постојат никакви сериозни податоци за тоа дека СССР некогаш поседувал некакво климатско оружје , кое сега го поседува Русија.
Но, во САД и Русија постојат познати проекти.

Една од првите станици за проучување на горните слоеви на атмосферата, јоносферата се појави во текот на 50-тите години на 20 век во градот Змијев , во близина Харков , кој денеска и припаѓа на Украина.

На истиот принцип работи и американскиот програм ХААРП на Алјаска, кој за одреден број на теоретичари на завари е „виновен“ за потреси и други катаклизми низ светот.

Сепак научниците ги отфрлаат сите овие теории за наместени , урагани, ветришта, земјотреси, суши....

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

По тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени  - се проверува состојбата на асфалтот.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење.

Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци.

Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар.

Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Претставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров.

Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници.

Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев.

По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Денеска пред  Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер