Русија за неколку часа остана без финалето на ЛШ, трки на Формула 1 и скијање - Канал 5

Русија за неколку часа остана без финалето на ЛШ, трки на Формула 1 и скијање

Поради рускиот напад на Украина, Русија за само неколку часа остана без три големи спортски настани на кои таа требаше да биде домаќин.

Русија за неколку часа остана без финалето на ЛШ, трки на Формула 1 и скијање

Најпрво УЕФА рано утринава одлучи финалето на Лигата на шампионите да не се игра на стадионот во Санкт Петербург. Така, натпреварот за европската титула наместо во Русија ќе се игра на 28 мај на Сен Дени во Париз.

Одлучено е и руските и украинските клубови и репрезентации да играат на неутрални терени до следниот натпревар од натпреварувањата на УЕФА. УЕФА посочи дека поради ситуацијата во Украина можни се нови вонредни состаноци и одлуки.

Во исто време, водечките луѓе на Формула 1 решија да ја исфрлат Русија од овогодинешниот календар. Четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел вчера изјави дека ќе ја бојкотира трката за ГН во Сочи и ги повика челниците на Формула 1 да ја тргнат од календарот.

Токму тоа се случи денеска. Откако прво ја одложија одлуката, велејќи дека „внимателно ја следат ситуацијата“, претставниците на Ф1 решија да ја одложат трката, која беше закажана за 25 септември. Во соопштението се вели: „Светскиот шампионат на ФИА во Формула 1 ги посетува земјите низ целиот свет со позитивна визија да ги обедини луѓето, зближувајќи ги нациите.

Со тага и шок го набљудуваме развојот на настаните во Украина и се надеваме на брзо и мирно решение на актуелната ситуација. Во четвртокот вечерта, на состанокот заклучивме дека во сегашните околности е невозможно да се одржи Гран при на Русија“.

Исто така, Меѓународната скијачка федерација (ФИС) денеска одлучи да ги откаже или премести натпреварите во Светскиот куп кои требаше да се одржат во Русија до крајот на оваа сезона.

Станува збор за едно натпреварување за Светскиот куп во крос-кантри скијање што требаше да се одржи викендов во Сончевата долина, два натпревари во слободно скијање во Јарослав (26 и 27 февруари) и Москва (5 март), два натпревари во скијање и женски скокови во Нижни Тагил (18 - 20 март) и Чајковски (25 - 27 март) и еден натпревар во скијање крос во Тјумен (18 - 20 март).

„ФИС тесно соработува со сите засегнати страни за да обезбеди натпреварувачите кои ќе се најдат на сцената пред натпреварите оваа недела брзо да се вратат дома“, се вели во официјалното соопштение на Меѓународната скијачка федерација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер