Русија воведе санкции кон украински функционери и компании

Русија денеска воведе финансиски санкции кон стотина украински политичари и десетина компании во сопственост на истакнати украински бизнисмени.

Санкциите се одобрени со декрет кој ги потпиша рускиот премиер Дмитри Медведев, а опишани се како контрамерки на украинските потези против Москва, пренесува „Ројтерс“.

Во декретот се наведува дека санкциите се однесуваат на 322 поединци и 68 компании, вклучувајќи го и синот на украинскиот претседател Петро Порошенко и поранешната премиерка Јулија Тимошенко.

Маринакис: Грција е многу силна за да се исплаши од настани како оној на Рама во Атина

Рама вчера беше во приватна посета на грчката метропола во рамките на неговата турнеја во неколку европски земји со цел да се сретне и да им се обрати на неговите сонародници.

Грција е многу силна за да се исплаши од ваков настан. Законски беше невозможно да се забрани, истакна портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на вчерашниот собир во Атина на албанскиот премиер Еди Рама за Албанците кои живеат во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

-Не постоеше никаков начин грчката страна да забрани приватна посета на еден странски лидер. Оние кои го тврдеа ова не ни го кажаа начинот. Тоа беше приватна посета во рамките на турнеите на господинот Рама вон Албанија. Негов беше изборот. Ниту се стремевме кон тоа, ниту го организиравме, ниту беше билатерална средба. Но, не можевме ниту да го забраниме, објасни Маринакис.

Рама вчера беше во приватна посета на грчката метропола во рамките на неговата турнеја во неколку европски земји со цел да се сретне и да им се обрати на неговите сонародници и во затворена спортска сала во атинска населба одржа митинг на кој присуствуваа над 6.000 Албанци кои живеат во Грција. /МИА

Русите тврдат дека влегле во Вовчанск, Украина негира, но оцени дека „ситуацијата е тешка“

Русија тврди дека нејзините сили влегле во градот Вовчанск во североисточниот дел на границата, во близина на вториот по големина град во Украина, Харков.

Украина потврди дека Русија денеска ги интензивирала копнените операции кон Харков, напаѓајќи нови области со мали оперативни, борбени групи за да го прошири фронтот и да ги истроши украинските сили, но не и дека руските војници влегле во Вовчанск.

Гувернерот на Харковската област Олех Сињехубов оцени дека „ситуацијата е тешка“.

Според него, од петокот руските војници влегуваат во Украина во близина на Харков, отворајќи нов североисточен фронт во војната која се води главно на исток и југ речиси две години.

„Непријателот се обидува намерно да ја истегне линијата на фронтот, напаѓајќи во мали групи, но во нови насоки. Ситуацијата е тешка“, изјави гувернерот Сињехубов. /МИА

Четворица нови полски министри положија заклетва

Четворица нови министри денеска положија заклетва пред полскиот претседател Анджеј Дуда. Четворицата министри кои ги напуштаат функциите ќе бидат кандидати на изборите за Европскиот парламент.

Поранешната директорка на Националната уметничка галерија во Варшава „Зачета“ – Хана Врубљевска доаѓа на местото на министерот за култура Бартломеи Шенкевич.

На местото на Марчин Кервински министер за внатрешни работи доаѓа координаторот на разузнавачките служби, Томаш Шемониак, кој сега ќе ги комбинира двете места.

Јакуб Јаворовски ќе биде нов министер за државен имот, на местото на Борис Будка.

Министерствата за култура, внатрешни работи и државни средства се предводени од членови на партијата Граѓанска платформа на Туск.

Четвртиот министер – Кшиштоф Хетман, член на христијанско-конзервативната партија Трет пат, ќе биде заменет како министер за економски развој и технологија со Кшиштоф Пашик, кој моментално е лидер на парламентарната група на партијата.

Изборите за ЕП ќе се одржат од 6 до 9 јуни. /MИА

притисни ентер