Русија: Влезот на Украина во НАТО може да доведе до Трета светска војна - Канал 5

Русија: Влезот на Украина во НАТО може да доведе до Трета светска војна

Пристапувањето на Украина во НАТО може да доведе до Трета светска војна и самиот НАТО го разбира тоа, изјави заменик-секретарот на рускиот Совет за безбедност Александар Венедиктов во интервју за ТАСС.

Русија: Влезот на Украина во НАТО може да доведе до Трета светска војна

Според него, барањето на Украина за брзо членство во НАТО е „повеќе пропаганден потег“. „Киев е свесен дека таков чекор би значел загарантирана ескалација во Третата светска војна“, рече Венедиктов.

„Очигледно, тие сметаат на тоа - да создадат информативна врева и уште еднаш да го свртат вниманието кон себе“, истакна Венедиктов.

„Но, имајќи предвид дека многу членови на режимот во Киев не се во допир со реалноста, не би бил изненаден ако некои луѓе таму навистина очекуваат нивната земја да биде примена во НАТО“, рече тој. „Ние сме, исто така, свесни дека, и покрај декларациите за невмешаност во настаните во Украина, вистинските дејствија што ги преземаа Западњаците покажуваат дека тие се директна страна во конфликтот“, рече претставникот.

Тој додаде дека приемот на Украина во НАТО ќе значи автоматско активирање на членот 5, кој гарантира дека земјите од НАТО ќе учествуваат во одбраната на членка која е во војна. „Самите членки на НАТО ја разбираат самоубиствената природа на овој чекор“, рече тој, мислејќи на приемот на Украина во НАТО.

Венедиктов истакна дека барањето на Киев е поддржано од источните членки на НАТО. „Но, посериозните сили, па дури и самиот Брисел, реагираа на оваа иницијатива без ентузијазам и веднаш презентираа стандарден сет на контрааргументи - непочитување на стандардите на блокот, постоење територијални спорови и слично“, рече Венедиктов.

„Во секој случај, позицијата на Русија останува непроменета: пристапот на Украина во НАТО или некои други сојузи формирани под покровителство на САД е неприфатлив за нас“, заклучи заменик-секретарот на рускиот Совет за безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342

Бројот на загинати во двата земјотреси во Венецуела се искачи на 3.342, објави венецуелското министерство за информирање.

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342

Бројот на повредени достигна 16.470, додека бројот на луѓе кои останаа без своите домови скокна на над 17.300.

Првиот земјотрес во Венецуела со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала се случи на 24 јуни, на околу двесте километри западно од Каракас. По него следуваше втор земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, на оддалеченост од 45 километри, а потоа и низа последователни потреси. Земјотресот со магнитуда од 7,5 степени беше најсилниот во последните повеќе од сто години, велат податоците на американскиот геолошки институт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милиони луѓе на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран (ВИДЕО)

Милиони луѓе се придружија на погребната поворка во Техеран за да го испратат телото на починатиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи на пат кон светиот град Ком.

Милиони луѓе на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран (ВИДЕО)

Според иранските медиуми, денешниот настан е најголемиот јавен собир во модерната историја на земјата. Поворката почна утрината од верскиот комплекс „Голема мосала“ во Техеран, каде што што изминатите два дена беше изложено телото на Хамнеи.

Организаторите очекуваат поворката, која се движи по траса долга околу 10 километри, да трае помеѓу 10 и 12 часа. Хамнеи кој беше убиен на 28-ми февруари од американските сили, ќе биде погребан во четврток. По атентатот, за негов наследник беше назначен неговиот син Моџтаба Хамнеи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

18 загинати во руски воздушни напади врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети

Најмалку 18 луѓе загинаа, а повеќе десетици се ранети во најновите жестоки руски водзушни напади врз Киев, само неколку дена откако во слични напади беа убиени над 30 цивили.

18 загинати во руски воздушни напади  врз Киев – Зеленски алармира на недостиг на пресретнувачки ракети

Како што соопштија украинските власти, мета на нападите биле повеќе згради во главниот град, каде што избувнале пожари, а меѓу повредените има и деца. Според информациите, Русија употребила 350 беспилотни летала, 40 крстосувачки ракети, но и речиси 30 балистички и суперсонични проектили, од кои безмалку ниту еден не бил соборен. Киев призна дека украинската одбрана претрпела огромен удар поради сериозниот недостиг на пресретнувачки ракети за системот патриот, кој единствено може да соборува балистички проектили. Украинскиот претседател Зеленски апелираше до сојузниците да донесат силни одлуки на самитот на нато утре и задутре за да и обезбедат на украина воздушна одбрана. Додека ракетите „Патриот“ се во магацините на нашите сојузници, Русија е само охрабрена да продолжи да уништува станбени згради“, напиша Зеленски на социјалните мрежи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер