Русија три дена под масовен напад со дронови - Канал 5

Русија три дена под масовен напад со дронови

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека изминатите три дена соборени се вкупно 756 украински дронови.

Русија три дена под масовен напад со дронови

Украинската армија, откако рускиот претседател Владимир Путин одби примирје, од вечерта на 20 мај до утрово непрекинато ја напаѓаше Русија со беспилотни летала. Тоа е најдолг и најинтензивен украински напад со дронови врз Русија.

- Од 20 часот по московско време на 20 мај до осум часот наутро на 22 мај соборени се 485 дронови, од осум до 20 часот на 22 мај соборени сè уште 159, а од 20 часот на 22 мај до седум часот наутро на 23 мај соборени се дополнителни 112 беспилотни летала, се наведува во соопштението на руското МО.

Украинската армија нападна 15 руски региони и окупираниот Крим.

Најголем број дронови се соборени над Орелска област (197), Курска област (185) и Московската област (109).

Поради нападите привремено е суспендиран воздушниот сообраќај на аеродромите во Владимирска, Калушка, Кострома, Тамбовска, Јарославска, Ивановска и Самарска област и во Нижни Новгород, како и на московските аеродроми Внуково, Домодедово, Шереметјево и Жуковски. Стотици летови беа одложени, а голем број патници за полетување чекаа и цел ден.

Поради нападите беше ограничен пристапот до интернет во шест региони, Тула, Липецка, Воронеж, Владимир, Орел и Иваново.

Изгаснат е пожарот кај дивата депонија кај скопско Трубарево

Пожарот на дивата депонија кај Трубарево е изгаснат потврдија од Центарот за управување со кризи.  

Изгаснат е пожарот кај дивата депонија кај скопско Трубарево

Од Карпош па се до Аеродром се гледаше црниот чад од пожар кој избил кај гробиштата во Трубарево. Од Центарот за управување со кризи велат дека добиле десетина пријави..

YouTube video

Продолжува судењето за грабнувањата и убиствата на Ѓорчевска и Жежовски

Судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски влезе во завршна фаза, каде адвокатите на обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски ги изнесуваат своите завршни зборови.

Продолжува судењето за грабнувањата и убиствата на Ѓорчевска и Жежовски

Михајло Видимлиски го следи судењето.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Герасимовски со Ансамблот „Орце Николов“: Културата е наша трајна заложба

Културата е наша трајна заложба - вложуваме во манифестации што ги поврзуваат сите генерации.

Герасимовски со Ансамблот „Орце Николов“: Културата е наша трајна заложба

Градоначалникот Горан Герасимовски, се сретна со претставници од Ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов“, еден од најстарите и најзначајни носители на фолклорната традиција во државата. На средбата, се дискутираше за тековните културни активности во општината, за локалната поддршка за културниот развој и за можностите за продлабочување на соработката.

Ансамблот, оваа година одбележува 80 години од своето постоење и е еден од добитниците на Конкурсот за финансиска поддршка на културни проекти на Општина Центар. За проектот „80 години волшебен свет на фолклорот“, ансамблот доби финансиска поддршка во износ од 30.000 денари.

„Преку континуирана и зголемена поддршка на културата, покажуваме дека ја вреднуваме традицијата, уметноста и креативноста. Чест ми е што со Ансамлот имаме одлична соработка и што годинава на нивниот јубилеј ги поддржавме негувајќи го и пренесувајќи го фолклорот како дел од културното богатство на нашата држава. Вложуваме во културата преку низа културни манифестации што обединуваат и радуваат граѓани од сите возрасти – од најмали до највозрасни. За само неколку години го зголемивме буџетот за култура од 3 милиони денари во 2021 година на 13 милиони денари годинава. Тоа е доказ дека културата е и ќе остане наш приоритет“, рече Герасимовски.

Во рамки на средбата, Герасимовски доби плакета од страна на Ансамблот „Орце Николов“, како знак на благодарност за досегашната успешна и долгорочна соработка.

Општина Центар

притисни ентер