Русија собори 660 украински дронови - Канал 5

Русија собори 660 украински дронови

Ноќеска руската воздушна одбрана собори 660 украински дронови, објави министерството за одбрана во Москва. Според градоначалникот на Москва ова се едни од најбројните напади од почетокот на конфиликот.  

Русија собори 660 украински дронови

Во последните месеци, Украина ја засили кампањата на напади со беспилотни летала на долг дострел против Русија, со посебен фокус на енергетската инфраструктура, во обид да го лиши Кремљ од важен извор на приходи за финансирање на воените напори. Минатата недела, украински напад предизвика голем пожар во рафинерија за нафта југоисточно од Москва.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Започнува реконструкција на улица Трифун Бузев

Општина Карпош започнува акција за санирање на дел од улицата Трифун Бузев во населбата Карпош 4.

Општина Карпош: Започнува  реконструкција на улица Трифун Бузев

Станува збор за поставување на нова асфалтна база на коловозот во должина од 112 метри, работа на долниот строј, како и замена на рабниците и бекатон плочките долж пешачката патека. Во таа насока ќе бидат реконструирани и двата паркинга кои се наоѓаат во непосредна близина на коловозот, со поединечна должина од 80 метри.

По тој повод, заменик – градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски беше на увид на градежните работи кои се одвиваат на оваа улица.

Целата оваа реконструкција ќе трае од 30 до 40 работни денови и ги замолувам граѓаните кои живеат на самата улица и во близина на истата да бидат трпеливи. Општината и во иднина ќе инвестира во модернизација и подобрување на инфраструктурната мрежа на целата територија на Карпош - истакна Крстевски.

Изведувач на градежните работи е фирмата „Филип Инженеринг ДООЕЛ“, а целосниот зафат чини 8.441.538 денари. Средствата ги обезбеди Владата на РМ, а во случајов Општина Карпош ја доби оваа финансиска поддршка, откако изработи проект и аплицираше со него на Јавниот повик кој го распиша Министерството за локална самоуправа.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Под влијание на топла воздушна маса до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло

Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

УХМР: Под влијание на топла воздушна маса до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло

Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Америка ја затвора вратата за позната автомобилска марка: Кина и Русија – стоп!

Причината е нова американска регулатива што го ограничува увозот и продажбата на возила чија технологија има врски со Кина или Русија.

Америка ја затвора вратата за позната автомобилска марка: Кина и Русија – стоп!

„Polestar“ објави дека повеќе нема да може да продава автомобили на американскиот пазар од моделската 2027 година. Причината е нова американска регулатива што го ограничува увозот и продажбата на возила чија технологија има врски со Кина или Русија.

Министерството за трговија на САД не ѝ одобрило на компанијата дозвола да продолжи со продажба на возила според новите правила. „Polestar“ е во сопственост на „Volvo“ и „Geely“, кинески автомобилски гигант кој контролира неколку глобални брендови.

За разлика од „Polestar“, „Volvo Cars“ доби дозвола да продолжи со продажба на своите возила во САД на крајот на мај.

Во исто време, „Ford Motor Company“ се обидува да обезбеди одобрение за моделот „Lincoln Nautilus“, кој се произведува во Кина.

„Polestar“ вели дека ќе продолжи да ги продава постојните залихи на „Polestar 3“ и „Polestar 4“ во САД, како и да одржува сервисна мрежа за постојните клиенти.

Компанијата истакнува дека американскиот пазар повеќе не е клучен за нејзиното работење, бидејќи 94 проценти од продажбата во првиот квартал од 2026 година била генерирана надвор од САД.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер