Русија собира мигранти од границата со Финска и ги праќа на фронт во Украина

Русија се обидува да регрутира странски мигранти што ги фатиле на границата со Финска, пишува Би-Би-Си .

Русија се обидува да регрутира странски мигранти што ги фатиле на границата со Финска, пишува Би-Би-Си и додава дека виделе докази за неколку случаи во кои странски државјани за краток временски период биле префрлени во воен камп на границата со Украина.

Русија ги принудува луѓето во притворните центри да потпишуваат договори за воена служба во Украина, но бројот на такви случаи почнал да се зголемува со доаѓањето на странски мигранти на руско-финската граница, долга 1.340 километри.

Финска привремено ги затвори сите осум свои гранични премини со Русија, обвинувајќи ја Москва за префрлање мигранти и баратели на азил таму како дел од кампањата за дестабилизација, откако Финска се приклучи на НАТО претходно оваа година.

Набргу по неговото апсење, претставници на руската војска му пришле на Авад (не е неговото вистинско име, но Би-Би-Си го потврди неговиот идентитет) и на најмалку десетина други затвореници во центарот за пред-депортација во Петрозаводск, главниот град на Карелија, и им понудиле „државно работно место“. Тие им ветиле добра плата, медицинска нега и дозвола да останат во Русија по завршувањето на едногодишниот воен договор.

Уапсен Ирачанец во близина на границата со Финска им кажал на активистите за човекови права дека руската војска, под закана од депортација, вршела притисок да потпише воен договор. Тој рече дека неговиот живот е во голема опасност доколку се врати во Ирак. Не е познато дали тој на крајот го потпишал договорот.

Авад пристигнал во Русија во средината на јули, а потоа отишол во соседна Белорусија и со месеци се обидувал да влезе во Полска. Подоцна, во групи популарни меѓу барателите на азил, тој видел вести дека границата на Русија со Финска станала подостапна.

Потоа, на 14 ноември, тој најмил такси и со друг сомалиски мигрант се упатил до град во Карелија, кој е оддалечен 30 километри од финската граница, но полицијата го запрела таксито, им ги проверила документите и на крајот ги привела.

Кога претставниците на армијата им пришле во притворот, тие им покажале документи на руски јазик, кои никој од групата не ги разбрал. Авад и другите претпоставувале дека тоа е работа во армијата на територијата на Русија.

„Откако потпишавме, не ни дадоа договор. Прашавме за каква работа се работи, а тие рекоа - едноставна и добра“, рече Авад. Плашејќи се од депортација во Сомалија, каде што милитантите на Ал Шабаб му се заканувале неколку пати, тој го потпишал договорот заедно со уште пет Сомалијци, пет мажи од арапските земји и еден кубански државјанин. Ги качиле во автобус и ги однеле на југ.

Пристигнале на границата со Украина, во каллив воен камп составен од големи шатори. Тогаш неговата група сфатила дека ќе завршат на бојното поле. „Ни рекоа дека се работи за обука, дека ќе имаме добра плата и грижа. Не ја спомнаа украинската граница и војната. Сѐ што ни кажаа е лага“, рече Авад.

Кога сфатиле дека ги праќаат во војна, побарале поништување на договорот. Авад вели дека службениците во логорот им се заканувале со долги затворски казни за кршење на воениот закон, но подоцна го смениле наративот, велејќи дека ќе го откажат договорот и ќе започнат постапка за депортација.

Засега се уште се во воениот камп. Авад чека видео конференција со судот, но не знае кога точно ќе се одржи рочиштето. Тој е убеден дека руската армија го регрутирала во војска, но неговата единствена одбрана е што не ја разбрал целосно понудата. „Реков дека не сакам да служам војска затоа што не знам што потпишав и дека договорот не е преведен на мојот јазик. Јас сум барател на азил, а не војник“, рече тој.

Анализата на судските рочишта во Карелија, еден од трите руски региони што се граничат со Финска, покажала дека во последните три недели биле уапсени 236 лица кои останале во Русија без валидни визи и се соочувале со депортација. Слична е ситуацијата и во другите две погранични области Ленинград и Мурманск.

Небензја: Украина сè уште може да се зачува, во некоја форма, ако тоа го сака Западот

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, на почетокот на седницата на Советот за безбедност за Украина изјави дека нема намера да ги слуша говорите на пријавените европски претставници, бидејќи тие се како „копирани“.

„Се наоѓаме во преполна сала, иако не само што е полна салата, туку и списокот на говорници кои не се членови на СБ, а кои себеси се нарекуваат министри за надворешни работи на европските земји. Сакам однапред да ве предупредам дека нема да ги слушам ритуалните говори на претставниците на европските метрополи. Нека ја практикуваат својата елоквентност едни пред други, изнесувајќи го своето лицемерно излагање. Во ЕУ, со ретки исклучоци, нема земја со независна надворешна политика“, рече Небензја.

Според тоа, додаде тој, нема министри за надворешни работи, туку функционери кои се претставуваат како такви.

„Сакам да ве потсетам дека ниту една земја во ЕУ или на Запад не презеде иницијатива да свика барем еден состанок на Советот за безбедност за Газа. Ова експлицитно говори за вашето лицемерие и двојни стандарди“, нагласи Небензја.

Според него, целата надворешна политика на Европската унија е во рацете на Брисел, а Брисел е во рацете на Вашингтон.

„Одговорете ми на едно реторичко прашање: каква дополнителна вредност ќе имаат говорите на овие претставници кои се како копии, освен можноста да се појават на телевизиските екрани во нивните земји, изразувајќи безусловна, непоколеблива поддршка за нивните клиенти од Киев?“, праша Небензја.

Рускиот дипломат истакна дека во Њујорк е присутен и претставникот на Европската унија во ОН, кој „може да зборува во име на сите“.

- Сè уште е можно да се зачува Украина во некоја форма, но таа мора да биде мирна и неутрална земја, рече Небензја.

Тој додаде дека Западот со сите средства се обидува со измама да ги вовлече земјите од глобалното мнозинство во своите интриги во Украина, иако им е јасно дека да се разговара за што било без Русија е бесмислено.

„Русија е подготвена да се бори во Украина до крај, а Западот треба да избере дали сака да го стори тоа или дали сака да спаси нешто од таа држава. Сè уште е можно да се зачува Украина во некоја форма, но таа мора да биде мирна, неутрална земја, во која нема дискриминација и русофобија и во која нацистичките криминалци не се величат и од која нема закана за Русија“, нагласи тој.

Тој предупреди дека колективниот Запад ќе мора да одговара за она што и е направено на Украина, а „формулата за мир“ на Владимир Зеленски ја нарече „лажна на која не вреди да се губи време“.

Небензја истакна дека Русија жали за Украинците, кои беа испратени да гинат за геополитичките интереси на Западот, истакнувајќи дека „Москва започна Специјална воена операција за да ја запре војната што ја водеше режимот поддржан од Западот осум години против цивилното население на Донбас“, пренесува РТ Балкан. /МИА

Манчестер јунајтед загуби од Фулам и ја прекина серијата од пет победи

 Манчестер јунајтед попладнево загуби на домашен терен од Фулам со 2:1 во натпреварот од 26. коло на англискиот фудбалски шампионат. 

„Црвените ѓаволи“ ја прекинаа серијата од пет победи во низа во сите натпреварувања.

Првиот гол го постигна дефанзивецот на гостите Калвин Баси во 65. минута. На минута пред крајот на основните 90, Хари Мегваер го израмни резултатот. Алекс Ивоби им донесе победа на лондонскиот тим во седмата минута од судиското надополнување.

Манчестер јунајтед се наоѓа на 6. позиција во Премиер лигата со 44 бодови. Фулам има 32 бода и се наоѓа на 12. место.

На другите досега завршени натпревари од ова коло:

Астон вила – Нотингем Форест 4:2

Брајтон – Евертон 1:1

Кристал Палас – Барнли 3:0. /МИА

Телото на Навални вратено на неговата мајка

Телото на рускиот опозиционер Алексеј Навални и е вратено на неговата мајка, соопшти неговата портпаролка Кира Јармуш на социјалната мрежа Икс.

Погребот се уште се чека. Не знаеме дали властите ќе се мешаат да се спроведе како што сака семејството и како што заслужува Алексеј. Ќе ве известиме штом има новости“, соопшти Јармуш. Најпознатиот политички противник на Владимир Путин ненадејно почина во затвор пред една недела, а неговата мајка со денови бараше властите да и го предадат телото.

притисни ентер