Русија со прва реакција по обвинувањата на Германија за напад со дрон на аердромот во Лајпциг - Канал 5

Русија со прва реакција по обвинувањата на Германија за напад со дрон на аердромот во Лајпциг

Германија објави дека Русија е одговорна за неуспешниот напад со беспилотно летало врз аеродромот во Лајпциг минатиот месец. 

Русија со прва реакција по обвинувањата на Германија за напад со дрон на аердромот во Лајпциг

На 4 август, беспилотно летало со експлозивна направа беше пронајдено на аеродромот Лајпциг/Хале во источна Германија, во близина на украински товарни авиони.

Не експлодираше бидејќи детонаторот очигледно не функционираше, а истражителите се сомневаат дека вториот дрон се судрил со товарен авион во близина. Десет дена подоцна, наводно, во близина на аеродромот е пронајден трет дрон.

Министерот за внатрешни работи Александар Добриндт рече дека нападот врз аеродромот во Лајпциг го следи „добро познатиот модел на руски хибридни операции во Европа“ и дека се очекува Германија повторно да биде цел. Безбедносните експерти претходно шпекулираа дека Русија би можела да стои зад нападот, но Москва отсекогаш ги отфрлаше тврдењата за нејзина вмешаност.

Аеродромот Лајпциг/Хале во источна Германија го користат германската војска и сојузниците на НАТО за транспорт на воена опрема. Аеродромот служи и како база за украинската авиокомпанија „Антонов ерлајнс“, која го носи поголемиот дел од товарот на Украина по воздушен пат.

Русија: Ќе одговориме

„Германија ќе добие соодветен одговор на својата одлука да го затвори Рускиот дом во Берлин и Рускиот конзулат во Бон“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Како и обично, не беа презентирани убедливи или сериозни докази. Едноставно нема, и не може да има. Тие излегоа со изговор. Во меѓувреме, Берлин е целосно извалкан од своето учество во украинскиот конфликт и од своето учество во терористички напади врз цивили. Рускиот дом долго време е извор на загриженост за нив. Затоа, тие бараа нешто за кое ќе се држат. Москва ќе одговори на сите антируски одлуки“, нагласи таа.

Германскиот шеф на дипломатијата објави како ќе одговори Берлин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека постапките на Русија „се вклопуваат во долга низа обиди за дестабилизација, дезинформации, закани, саботажи и агресија насочени против Европа“. Тој рече дека „Германија не е исклучок“.

Тој истакна дека, за жал, Русија не покажува подготвеност да ја заврши војната против Украина и да се обиде да ги обнови односите со Западот. Тој рече дека Германија ќе го затвори рускиот конзулат во Бон, како и Рускиот дом на науката и културата во Берлин како одговор на нападот.

Германија, исто така, ќе се залага за построги санкции против Русија, воведување контроли за влез за руските граѓани и зголемен притисок врз таканаречената „флота во сенка“ на Русија.

Тој потврди дека Германија тесно координира со партнерите во НАТО и Европската Унија. Тој, исто така, рече дека Германија „ќе продолжи со својата цивилна и воена поддршка на Украина“. Тој потврди дека рускиот амбасадор бил поканет на состанок за да биде информиран за овие одлуки.

Вадефул нагласи дека Германците „нема да дозволат Русија да ги подели или заплаши со своите напади“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер