Русија со дронови ноќеска ја нападна Украина

Русија во текот на ноќта лансираше 12 дронови и крстосувачка ракета врз Украина, а украинскиот противвоздушен систем уништи 10 од дроновите пред да ја погодат целта, соопштија украинските воздухопловни сили.

Крстосувачката ракета не била уништена, но не ја погодила целта, соопштија претставници на воздухопловните сили без да дадат дополнителни детали. Не беше кажано што се случило со другите два дрона кои не беа уништени.

Агенциите наведуваат дека извештајот не може независно да се потврди.

Дроновите Шахид од иранско производство беа насочени кон северозападниот дел на Украина, соопштија воздухопловните сили. Повеќето од нив се урнати во областа Миколаев на југот на Украина. Нема извештаи за штета од паѓање на остатоци или дронови кои не биле уништени.

Тошковски: Однесувањето на премиерот Џафери кон вработените во МВР е недозволиво

Тој бара од техничкиот премиер Џафери да се извини за неговото однесување во СВР Тетово. 

- Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски преку соопштение реагира во однос на вчерашното видео кое се појави во јавноста, а на кое се гледа како техничкиот премиер Талат Џафери, како што се посочува, ненајавено упадна во просториите на Отсекот за управни работи Тетово каде во моментот овластените службени лица ги извршуваа своите работни задачи.

-Како министер за внатрешни работи, а пред се како човек сметам дека секој вработен во МВР заслужува максимална почит, без оглед на неговата позиција во рамки на хиерархијата или било каква припадност и таа почит треба да биде изразена од страна на секого, независно дали е премиер, министер или извршува било каква друга функција. Таквото однесување на премиерот спрема вработените, особено спрема една колешка сметам дека е недозволиво, несоодветно и не доликува на човек кој извршува таква функција, а уште повеќе и поради фактот што таа жена според информациите што ги добив е сопруга на човек кој го дал својот живот во извршување на работни задачи, токму како припадник на Министерството за внатрешни работи, се наведува во реакцијата на техничкиот министер за внатрешни работи Тошковски.

Воедно, тој бара од техничкиот премиер Џафери да се извини за неговото однесување во СВР Тетово.

-Во таа насока сметам дека најмалку што може техничкиот премиер Талат Џафери да направи во овој момент е да се извини за ваквото однесување и во иднина да се воздржи од вакви постапки кои сигурно нема да придонесат за подобрување на работата на институциите, стои во реакцијата на министерот Тошковски, соопшти МВР.

Техничкиот премиер Талат Џафери вчера беше во ненајавена посета во СВР Тетово и ги посети канцелариите каде што се поднесуваат барања и се врши фотографирање на граѓаните за лични карти, пасоши и возачи дозволи со новото уставно име на државата.

Британија издвојува 245 милиони фунти за помош на украинската армија

Велика Британија ќе одвои 245 милиони фунти за помош на вооружените сили на Украина, за набавка на муниција и ревитализација на синџирот за снабдување со гранати, соопшти денеска британската влада.

Најавено е и потпишување на серија договори во вредност од милион фунти, меѓу агенцијата за набавка на оружје на британското Министерство за одбрана и компанијата „Кук дефенс системс“ за набавка на стотина резервни делови гасеници за поправка на украински тенкови и други оклопни возила.

Министерот за одбрана на Велика Британија, Грант Шепс, во четвртокот во Парламентот ја потврди испораката на дополнителни 200 противтенковски ракети „Brimstone AFU“, со што вкупниот број на испорачани проектили од овој тип во Украина се зголеми на повеќе од 1.300. /МИА

Хамилтон ќе се обиде да научи италијански пред да се приклучи на Ферари

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон одговори на прашањето дали ќе научи италијански пред да се приклучи на Ферари во 2025 година.

- Во сите овие години не можев да научам други јазици, но секако дека ќе се обидам. Се сеќавам кога се тркав со картинг во Италија, можев да научам нешто, па се надевам дека брзо ќе се сетам на овие фрази, изјави Хамилтон за официјалната веб-страница на Формула 1.

Британецот вози за Мерцедес од 2013 година. На 1 февруари се дозна дека на крајот на сезоната 2024 година ќе го напушти германскиот тим и ќе се приклучи на Ферари. Беше објавено дека Хамилтон потпишал долгорочен договор со Скудерија.

Минатата сезона, 39-годишниот Хамилтон го освои третото место во генералниот пласман на возачи, со 234 поени. /МИА

притисни ентер