Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
НаукаРусија се враќа на ВенераРусија се подготвува да се врати на жешката површина на Венера, планирајќи ја мисијата „Венера-Д“, којашто вклучува повеќе носачи, приземјувач, балон и орбитер. Лансирањето се очекува да се случи во 2036 година. Развојот на „Венера-Д“ е во тек од 2003 година, пишува порталот „Рашн спејс веб“ (RussianSpaceWeb). Пред руско-украинската војна и денешната геополитичка поставеност, „Венера-Д“ се сметаше и за можна заедничка мисија со НАСА и САД. Иако американската Национална воздухопловно-вселенска администрација веќе не соработува на руски вселенски проекти, освен Меѓународната вселенска станица, Русија сè уште напредува со својот потфат. Мисијата е дел од пакет роботски вселенски летала што Русија планира да ги испрати на Месечината и Венера, и тие денес заземаат главно место во стремежите на руската вселенска агенција Роскосмос, како што потврди вицепремиерот Денис Мантуров во интервју за „Разведчик журнал“. Новиот проект би ја продолжил серијата успешни мисии за слетување од 1960-тите, 70-тите и 80-тите, со претходните вселенски летала „Венера“ управувани од поранешниот Советскиот Сојуз. Инаку, СССР е единствената држава, се наведува, со успешно слетување и управување со вселенски летала во „пеколните“ услови на површината на сјајната планета. - Ќе ве потсетам, во 1970 година, нашата земја успешно слета со вселенски летала на втората планета во Сончевиот Систем, имено Венера. Затоа, веројатно прво ќе одиме во таа насока, рече Мантуров. Меѓу целите на „Венера-Д“ ќе биде потрага по микробен живот во облаците на Венера, по контроверзните неодамнешни откритија на фосфин и амонијак во атмосферата на планетата. Мисијата од 1970. е „Венера 7“ - еден од четирите успешни советски вселенски проекти со летало што успеаја да испратат фотографии од површината, според наводите. Советските мисии на Земјината „сестринска планета“ успешно издржаа температури од 480 Целзиусови степени и површински притисоци повеќе од 90 пати поголеми од оние на Земјата, откривајќи ја површината на жолтите вулкански карпи и облаците од сулфурна киселина што ја сочинуваат нејзината многу неповолна атмосфера. СССР лансираше повеќе мисии „Венера“ во период од 22 години. Леталата „Венера 1“ и „Венера 2“, лансирани во февруари 1961. и ноември 1965 година, беа дизајнирани да летаат до оваа нам соседна планета, но не успеаја да ги испратат потребните податоци. „Венера 3“ влезе во нејзината атмосфера, како што беше планирано, во март 1966., но и тоа стивна. Следните три мисии - „4“, „5“ и „6“ успешно влегоа во атмосферата на Венера и вратија податоци како подготовка за првиот обид за слетување - „Венера 7“, лансиран во август 1970-тата. СССР потоа испрати уште девет мисии на Венера, завршувајќи со успешниот потфат „Венера 16“ во 1983 година. НАСА, Европската вселенска агенција - ЕСА и јапонската Јакса испратија неколку орбитални мисии на Венера последниве десетлетија, па така, Русија не е единствената нација што сака да се врати на втората планета од Сонцето. И ЕСА и НАСА имаат мисии во развој. Проектите на НАСА - „Веритас“ и „Да-Винчи“ едвај ги преживеаа заканите за откажување во буџетот на САД за 2026 година, додека лабораторијата „Рокет лаб“ (Rocket Lab) и Институтот за технологија во Масачусетс работат на приватно вселенско летало - „Венус лајф фајндер“ (Venus Life Finder), коешто треба да полета уште оваа година. И Индија има намера да ја испрати својата прва мисија на Венера околу 2028 година. Тагови: вселената русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16