Русија - Саудиска Арабија на отворањето на 21 -от Светски шампионат

Селекциите на Русија и Саудиска Арабија ќе го отворат 21-то Светско фудбалско првенство со премиерниот натпревар што за околу еден час ќе се одигра на стадионот ,,Лужники,, во Москва.

Се оценува дека на стартот на мундијалот повеќе тежина и атракција ќе му даде свечената церемонија на отворањето отколку фудбалскиот дел, во кој како што велат стручњаците ќе играат двете најлоши репрезентации на планетарниот собир во Русија.

32 репрезентации од денеска во 11 руски градови ја почнуваат битката за вечна фудбалска слава, односно за златниот трофеј на ФИФА што е наменет за најдобриот во светот. Магијата што се повторува секоја четврта година тргнува од стадионот Лужники во Москва каде што и ќе заврши за еден месец.

На стартот домаќинот Русија ќе ја пречека селекцијата на Саудиска Арабија во меч што за многумина фудбалски експерти ќе нема што многу да се види и да се почувствува бидејќи ќе се сретнат двете најлоши селекции, барем ако се земат предвид контролните дуели пред мундијалот. Русите во седумте контроли не победија никого, а Саудијците под раководство на селекторот пици имаат само три победи во девет дуели.

Затоа милионската публика повеќе очекува од свеченото отворање на кое се најавува спектакл, со изведби на драмски и музички дела што ќе и оддадат признание на руската традиција и култура. Домашните уметници ќе ги предводи светски признатиот сопран Аида Грифулина, а во интернационалниот уметнички тим меѓу другите ќе бидат Роби Вилијамс и изведувачите на официјалниот сонг на шампионатот Вил Смит, Ники Џем и Ера Истрефи.

Што се однесува до фудбалскиот спектакл прво големо дерби публиката ќе види веќе утревечер кога ќе се сретнат актуалниот европски првак Португалија и кандидатот за трофејот Шпанија.

Титулата светски шампион од пред четири години во Бразил ја брани Германија која во Русија допатува со прилично изменет состав во однос на претходниот мундијал и со, според многумина, слаби шанси за повторување на успехот. Затоа пак гладни за одмазда и за нов трофеј се вечните јужноамерикански ривали Бразил и Аргентина како и повеќе европски селекции како Франција, Белгија, Португалија и Хрватска.

Светското првенство во Русија ќе остане запаметено и по отсуството на четиркратниот светски шампион Италија кој не успеа да ги мине квалификациите.

Во Музеј на вино Кавадарци уметници ќе творат на тема вински артефакти

 Во Музеј на вино Кавадарци уметници ќе творат на тема вински артефакти, подготовките се во завршна фаза, соопшти денеска директорката Весела Честоева, за настанот што се подготвува за во сабота, на меѓународниот ден на музеите. 

- Ликовни уметници ќе творат во чест на музеите. Темата на ликовниот хепенинг, е „Винскиот музеј низ артефактите". Всушност, на лице место, уметниците ќе сликаат на платно, додека заедно со посетителите кои ќе ја следат нивната активност, ќе имаат можност да дегустираст вино од ова поднебје и македонска храна. Настанот го организираме во соработка со здружението на граѓани љубители на уметноста ,,Роднокрајци", чии претставници ќе творат на платно. Ги спојуваме историјата, културата и традицијата на лозаровинарството во најголемиот регион за лозарство и винарство во државата. Уметноста на платно и уметноста во извонредните вино и храна, подвлече Честоева.

Настанот е дел од програмата за работа на музејот, со поддршка на локалната самоуправа./МИА

Почна санација на десетина улици во Куманово

Почна поставување на бекатон на улици на различни локации во Куманово, соопштија денеска надлежните од секоторт за комунални дејности.

Во моментов се поставува бекатон плочки на улицата „706“, на крак од улиците „Инудстриска“, „Јоско Илиевски“. Бекатон се поставува на две улици во населбата „Перо Чичо“.

-Бекатон се поставува на улиците во населбите кои се потесни имаат постар квалитет на подземна инфраструктура. Се надеваме дека ќе ги санираме за скоро време. Според програмата имаме десетина улици каде ќе се поставува бекатон. Очекуваме граѓаните да добијат соодветно поврзување со главните сообраќајници, изјави помошникот раководител на секторот, Момчило Јовановски.

Општина Куманово одвои над 22 милиони 490 илјади денари за две компании за поставување на бекатон. Градот е поделен на источна и западна зона и за поставување на бекатон се задолжени две фирма од Липково и Студеничани кои делат скоро по единаесет милиони денари.

- Имаме доста барања за поставување на бекатон. Станува збор за улици, претежно од населбите, но има во централно градско подрачје, краци каде инфраструктурата е постара и е потребно да се постави бекатон. Се надеваме дека до крајот на градежната сезона ќе успееме да одговориме на најголем дел од барањата на граѓаните, изјави Јовановски.

На една од улиците каде се поставува бекатон е и „706“ во релативно новата населба „Гладно Поле“ со новоизградени куќи, каде граѓаните со години бараат изградба на инфраструктура, за што беа одвоени над 2, 6 милиони денари. Претходно, жителите на приградската населба „Иго Тричковиќ“ добија бекатон на неколку улички по четири децении.

Фото: Наташа Беквалац во бикини

Мегапопуларната српака поп ѕвезда Наташа Беквалац објави фотка во бикини, и веднаш доби  лавина од коментари во стилот „најжешката мама на плажа3... .

Поп-пејачката Наташа Беквалац ги воодушеви своите фанови со фотографија од плажа во костим за капење.

Српската Барбика деновиве со своите ќерки се одмара на егзотични места.

Пејачката направи мала пауза од обврските и настапите, а батериите ги полни на море опкружена со семејството. Дека згодната Ната максимално ужива на одморот покажуваат и фотографиите кои ги објавува на Инстаграм последните денови.

Таа најпрвин се сликаше со коњ, а потоа на своите следбеници им покажа како се бакнува со делфин, а потоа како „шлаг на тортата“ на своите обожаватели им покажа приказна на која позира во црно бикини.

Таа во описот откри дека нејзината помала ќерка Катја била во улога на фотограф.

Следбениците се воодушевени од нејзината беспрекорна линија, а комплиментите за изгледот на пејачката едноставно доаѓаат.

притисни ентер