СветРусија произведува нов дрон со кинески мотор, тврдат европски разузнавачки извориДвата разузнавачки извори рекоа дека „Харпи“ бил користен против воени и цивилни цели во УкраинаОд минатата година, Русија произведува ново беспилотно летало со долг дострел наречено „Харпи-А1“ користејќи кинески мотори и делови и го употребила ова оружје во војната во Украина, соопштија два европски разузнавачки извори и документи доставени до Ројтерс, пренесе БТА. Разузнавањето, кое вклучува договор за производство на новиот дрон, кореспонденција на компанијата во врска со производството и финансиските документи, укажува дека електромеханичката фабрика Ижевск (ИЕМЗ) „Купол“, која е подружница на рускиот државен производител на оружје „Алмаз-Антеј“, има произведено повеќе од 2.500 дронови „Харпи“ од јули 2023 до јули 2024 година. Постоењето на нов руски дрон, за чие создавање беше користена и кинеска технологија, досега не беше пријавено. ИЕМЗ „Купол“ и „Алмаз-Антеј“ не одговориле на барањата за коментар. Двата разузнавачки извори рекоа дека „Харпи“ бил користен против воени и цивилни цели во Украина, оштетувајќи ја критичната инфраструктура и предизвикувајќи цивилни и воени жртви./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕстонија се подготвува да ја затвори границата со Русија по обидот за саботажаЕстонскиот премиер Кристен Михал нареди подготовки за евентуално целосно затворање на границата со Русија по обидот за напад врз компанија што произведува воени дронови.Естонските безбедносни служби се сомневаат дека руската воена разузнавачка служба ГРУ стои зад обидот за саботажа, објави естонскиот јавен радиодифузер „ERR“. Во сабота, 14 ноември, осум латвиски државјани беа приведени по обид за провала во фабриката „Треод Системс“ во Виимси, северно од Талин. Според естонските власти, целта на нападот била да се предизвика експлозија и да се запали објектот, кој, меѓу другото, произведува дронови за извидување со долг дострел и борбени летала. Премиерот нареди подготовки за затворање на границата Михал денес објави дека разговарал за евентуалното затворање на источната граница со министерот за внатрешни работи Игор Тара. Тој им наложи на министерството и владините оддели да ги подготват сите потребни мерки за да може границата да се затвори доколку безбедносната ситуација дополнително се влоши. Естонскиот премиер предупреди дека руските разузнавачки служби ги експлоатираат граничните премини за да дејствуваат против Естонија. Затворањето на границата, според него, би ги намалило безбедносните ризици и би испратило порака до Москва дека нападите врз естонската одбранбена индустрија не се прифатливи. Веќе втор напад врз одбранбената индустрија Најновиот инцидент не е прв ваков случај во Естонија. Во август, беше извршен прикриен напад врз компанијата „Милрем Роботика“ во Талин, која се занимава со развој на беспилотни воени возила и други одбранбени технологии. Естонската служба за внатрешна безбедност проценува дека обидот за напад врз „Треод Системс“ бил извршен по наредба на руската ГРУ. Премиерот Михал рече дека целта на ваквите операции е да се заплаши населението и да се ослабне поддршката за Украина. Естонија, нагласи тој, нема да ја намали својата помош за Киев, туку ќе продолжи да ја зајакнува соработката со сојузниците и да го зголемува притисокот врз Русија. Граничните премини работат со намален капацитет со месеци Естонија во моментов има три отворени гранични премини со Русија: Нарва, Лухамуа и Коидулу. Сите се отворени од 7 до 19 часот, а ноќни затворања се воведени за зајакнување на граничната безбедност и поефикасен надзор. Владата во август одлучи дека ограниченото работно време ќе важи до понатамошно известување. Во тоа време, министерот за внатрешни работи рече дека нема доволно причини за целосно затворање на границата, но најновиот безбедносен инцидент го отвори повторно ова прашање. Естонските власти сè уште не го објавија датумот на евентуалното затворање, ниту потврдија дека е донесена конечна одлука. Извор: Индекс.хрТагови: Естонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈеменските Хути ослободија 600 воени заробенициЈемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира. Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“. „Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК. Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен. Извор: Б92Тагови: Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook