Русија признава дека незаконски мобилизирале над 9.000 луѓе

Русија призна дека од есента неоправдано регрутирала неколку илјади луѓе за војната против Украина.

„Повеќе од 9.000 граѓани кои беа незаконски мобилизирани беа вратени дома - вклучително и оние кои во никој случај не требаше да бидат повикани поради здравствени причини“, рече главниот обвинител Игор Краснов на средбата со претседателот Владимир Путин.

Набљудувачите, сепак, претпоставуваат дека многу повеќе луѓе биле незаконски регрутирани за време на мобилизацијата нарачана од Путин во септември - и дека тие никогаш не се вратиле. Особено во првите недели, биле пријавени хаотични услови во многу канцеларии за регрутирање. Вкупно 300.000 луѓе ширум земјата биле повикани на бојното поле.

Во ретроспектива, обвинителот Краснов, исто така, рече дека воените структури во неговата земја имаат „многу сериозни проблеми“. Денеска на социјалните мрежи кружи видео порака што му ја испратија на Путин сопругите и мајките на мобилизираните Руси. Жените од регионот Приморје на Далечниот исток се пожалија дека на нивните сопрузи им недостасува опрема, лекови и средства за хигиена.

„Спајс грлс“ повторно заедно за 50. роденден на Викторија Бекам

Познатиот женски поп-состав од 90-тите - „Спајс грлс“ (Spice Girls) повторно се обедини за 50-от роденден на Викторија Бекам - една од девојките во групата.

Популарните „Спајсици“ сѐ уште се во добри односи. Џинџер, Спорти, Бејби, Скери и славеничката Пош Спајс прославија и со својата позната песна „Стоп“, а видеото од изведбата на Инстаграм го објави сопругот на Викторија, Дејвид Бекам. Забавата се случила викендов во клубот „Освалдс“ во Лондон, а од познатите гости, забележани се и Том Круз, Селма Хајек, Ева Лонгорија и Гордон Ремзи, меѓу другите.

„Пријателството никогаш не завршува“, гласи натписот до заедничка фотографија објавена на „Инстаграм“ страницата на „Спајсиците“.

Инаку, годинава се навршуваат и 30 години од основањето на „Спајс грлс“. Составот првично постоеше од 1994. до 2000 година, но имаше повторни собири и за неколку посебни поводи потоа. Тие се собраа и на затворањето на Олимписките игри во Лондон, 2012 година.

Бонмати и Ѓоковиќ добитници на спортските оскари за 2023

Шпанската фудбалерка Аитана Бонмати и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се добитници на наградата Лауреус, таканаречените Оскари за најдобра спортистка и спортист во 2023 година.

Минатата година Бонмати беше избрана за најдобар играч во изборот на ФИФА, а беше прогласена и за најкорисен играч (МВП) на Светското првенство на кое Шпанија ја освои шампионската титула.

Новак Ѓоковиќ ја освои наградата Лауреус по петти пат во кариерата, откако минатата година освои три од четирите грен - слем турнири (Австралија Опен, Ролан Гарос, УС Опен) и играше во финалето на четвртиот (Вимблдон).

Спортистите за наградата Лауреус се номинирани од претставници на светските медиуми, а победниците ги избираат 69 членови на Светската спортска академија Лауреус. Наградата е основана во 2000 година.

Добитници на наградата Лауреус за 2023 година:

Спортистка на годината: Аитана Бонмати

Спортист на годината: Новак Ѓоковиќ

Тим на годината: Шпанска женска фудбалска репрезентација

Најголем напредок: Џуд Белингем

Повратничка на годината: Симон Белс

Најдобра спортистка со попреченост: Диде де Грот

Спортистка на година во акциски спортови: Ариса Трев

Награда за хуманитарна работа: Фондација Рафа Надал. /МИА

Гласањето на болните и изнемоштените во десетте општини од Југоистокот почна без проблеми

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356.

Вкупно 1.547 болни и изнемоштени лица денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори во десетте општини во Југоисточниот плански регион - Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356, а заедно со нив гласат и затвореници од Затворот во Струмица. Утрово од 07:30 почна подигањето на избирачкиот материјал и процесот тече без проблеми.

Претседателите на изборните комисии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без пробеми.

Во Општина Ново Село се пријавени 299 болни и изнемоштени лица, Босилово-172, Гевгелија-175, Валандово-78, Василево-186, Радовиш-123, Конче-48, Дојран-44, Богданци-66 избирачи.

Во избирачкиот список во десетте општини вкупно се запишани вкупно 147167 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на 273 избирачки места.

притисни ентер