Русија ноќеска соборила 162 украински дронови - Канал 5

Русија ноќеска соборила 162 украински дронови

Беспилотните летала главно ги таргетирале Курскиот регион (57) и Белгородскиот регион (31), се додава во соопштението.

Русија ноќеска соборила 162 украински дронови

Руските власти утринава соопштија дека во текот на ноќта собориле 162 украински беспилотни летала, повеќето од нив во Курскиот и Белгородскиот регион, на границата со Украина, во време кога денеска во Истанбул треба да започнат нови директни разговори меѓу Русите и Украинците.

„Системите за воздушна одбрана пресретнаа и уништија 162 украински дронови“ синоќа помеѓу 17:10 и 23:00 часот по средноевропско време, соопшти руското Министерство за одбрана.

Беспилотните летала главно ги таргетирале Курскиот регион (57) и Белгородскиот регион (31), се додава во соопштението.

Ова се случува во време кога руските и украинските делегации треба денеска повторно да се сретнат во Истанбул, при што перспективата за крај на конфликтот од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година изгледа далечна.

Пред долгоочекуваните разговори, Украина во неделата започна координиран напад со беспилотни летала во голем обем врз воените аеродроми во Русија, дури до Сибир, а Москва подоцна потврди дека неколку од авионите „се запалиле“.

Украина редовно испраќа беспилотни летала во Русија како одговор на секојдневните воздушни напади на нејзина територија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието го донесе Законот за судска служба

Собранието  го донесе Законот за судска служба, еден од најзначајните реформски законски решенија во областа на правосудството усогласен со Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028.

Собранието  го донесе Законот за судска служба

Со донесувањето на Законот се надминуваат долгогодишните системски слабости на постојното законско решение и се создаваат услови за поефикасно функционирање на судовите, преку јасно препознавање на специфичната улога на судските службеници во судската власт.

Најзначајната новина е издвојувањето на судските стручни службеници на начин што добиваат статус на посебни административни службеници, односно како посебна категорија вработени во судската власт со сопствен законски режим.

Се воспоставува нов и пофункционален систем на класификација на работните места, преку дополнување на категориите, нивоата и звањата на судските службеници согласно реалните потреби на судовите. Со ова се надминуваат долгогодишните практични проблеми поврзани со несоодветната класификација на работните места преземена од системот на административни службеници. Истовремено, се воспоставува нов систем на вработување и унапредување, специјално прилагоден на судската служба. Наместо примена на решенија преземени од општиот систем на административни службеници, се воведува посебна постапка која вклучува административна селекција, испит и интервју, со што се обезбедува избор на најквалитетни и најстручни кадри за потребите на судовите.

Со новото законско решение значително се зајакнува и институционалната независност на судската власт. Судскиот буџетски совет добива централна улога во кадровското планирање преку изготвување единствен годишен план за вработување, кој ќе се доставува до Министерството за финансии и Министерството за јавна администрација за увид и известување, без потреба од претходна согласност. Со тоа се намалува зависноста од извршната власт и се зацврстува кадровската автономија на судството.

Законот воведува и нов систем на плати, со кој зголемувањата предвидени со колективните договори стануваат составен дел од основната плата, обезбедувајќи стабилен, предвидлив и правичен систем на вреднување на трудот на судските службеници.

Истовремено, прецизно се уредува статусот на судската полиција, чии припадници добиваат бенифициран работен стаж, како и статусот на останатите категории вработени во судовите, со јасно дефинирани права, обврски и одговорности.

Посебно се унапредува и институцијата судски администратор. За првпат се воспоставува вистински кариерен систем кој овозможува напредување на искусни и стручни судски службеници до оваа функција, врз основа на јасно утврдени критериуми. Воедно, судскиот администратор станува дел од системот на дисциплинска одговорност, со што дополнително се зајакнуваат интегритетот, отчетноста и професионалноста во судската служба.

Со донесувањето на Законот за судска служба се реализира уште една значајна обврска од Реформската агенда и се прави крупен чекор кон изградба на независно, професионално и ефикасно правосудство.

Министерство за правда

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: ЗНАМ - последната битка за фотелји и личен интерес

ЗНАМ повеќе не постои како здружение. Преостанати се само двајца – Горан Минчев и Максим Димитриевски, кои сега водат отворена битка за фотелји, бизниси и влијание.

СДСМ: ЗНАМ - последната битка за фотелји и личен интерес

Ова е логичен крај на проектот што Христијан Мицкоски лично го создаде, финансираше и го користеше како политички сателит. Кога веќе не му е потребен, се однесува кон нив како газда кон непотребни слуги - ги фрла.

ЗНАМ влезе во Владата со големи зборови за „програма и принципи“. Кои принципи? Кои принципи ги имаат Минчев и Димитриевски?

Принципот на издавање на сопствената партија за пари и фотелја?

Принципот на разбивање на гласовите на СДСМ на последните избори, со цена која беше платена со место во Владата?

Принципот на продавање на гласачите кои им веруваа?

Тие го направија токму тоа.

Прво ја предадоа својата партија, потоа своите гласачи.

Сега, кога веќе не му се потребни на Мицкоски, се борат за последните остатоци од она што им беше ветено.

Ова е класичен пример на политичка корупција и морален банкрот.

Луѓе кои влегоа во политиката исклучиво за лична корист, ја наплатија својата улога на сателит, а наскоро ќе бидат фрлени во ѓубриштето на политичката историја.

Народот треба да знае:

Кога некој ја продава својата идеологија, својата партија и своите гласачи за фотелја, тоа не е политика. Тоа е предавство за пари.

ЗНАМ беше вештачки создаден проект чија единствена цел беше да го ослабне СДСМ и да му обезбеди гласови на Мицкоски.

Сега, кога таа функција е завршена, дојде време за нивниот крај.

Во тек е војна на кланови.

Максо и Минчев се борат за остатоците од едно здружение кое никогаш не постоеше како вистинска политичка сила, туку само како инструмент во рацете на Мицкоски.

Ова е сликата на организираната криминална група која ја нарекуваат Влада.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишено од слобода лице од тетовско, се сомничи дека подметнал пожар на нива, следува пријава

На 25.06.2026 во 12:00 часот во Полициското одделение Теарце било пријавено дека настанал пожар на нива на регионалниот пат Тетово–Јажинце, во атарот на село Теарце, при што била опожарена сува трева. 

Лишено од слобода лице од тетовско, се сомничи дека подметнал пожар на нива, следува пријава

Пожарот бил целосно локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово. По преземени мерки од полициски службеници било констатирано дека пожарот го предизвикал Г.Ц.(55) од с.Теарце. Тој е лишен од слобода поради сомневање за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Задржан е во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер