Русија изврши досега најголем напад врз украинската енергетска мрежа (ВИДЕО) - Канал 5

Русија изврши досега најголем напад врз украинската енергетска мрежа (ВИДЕО)

Русија го изврши најголемиот напад врз енергетската инфраструктура на Украина од пролетта, а главните цели беа Киев и неговата околина, потврди украинскиот премиер Сергеј Корецки. 

Русија изврши досега најголем напад врз украинската енергетска мрежа (ВИДЕО)

Во ноќните напади низ целата земја, најмалку шест лица беа убиени, а 33 беа ранети, вклучувајќи и едно дете во регионот на Киев, објавија локалните власти.

Нападите влијаеја и на снабдувањето со електрична енергија. Најголемата приватна енергетска компанија во Украина, ДТЕК, објави дека по „тешка ноќ“ за главниот град, електричната енергија е вратена во 8.000 домаќинства. Руското Министерство за одбрана објави дека една од целите била термоцентралата Трипилска, најголемиот снабдувач со електрична енергија за Киев. Украинските власти сè уште не ја потврдиле оваа информација.

Прв голем напад од пролетта

Во објава на Телеграм, украинскиот премиер напиша дека практично не поминал ниту еден ден од летото без напад врз енергетската мрежа. „Сепак, масовен и комбиниран напад од ваков обем се случи за прв пат од крајот на минатата грејна сезона“, додаде Корецки.

Украина очекуваше нова продолжена руска кампања на напади врз енергетската мрежа, која се повторува секоја зима од почетокот на инвазијата во 2022 година. Корецки изјави дека вкупно 11 региони биле нападнати во текот на ноќта, а цел биле и станбени згради, социјална инфраструктура, цивилни компании и железница.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека клучната инфраструктура во регионите Житомир, Николаев, Кировоград и Ривно е погодена.

Министерството за енергетика објави дека во среда некои домаќинства во регионите Киев, Дњепропетровск, Донецк, Суми и Харков сè уште немаат електрична енергија. Државниот оператор на електричната мрежа Укренерго им советуваше на граѓаните да не користат моќни електрични апарати помеѓу 10:00 и 16:00 часот по локално време, бидејќи снабдувањето е намалено.

Ситуацијата во Киев

Жителите на Киев се разбудија со град обвиен во густ, остар чад по ноќта на експлозии. Заканата од воздух сè уште беше на сила, а низ маглата можеше да се чуе далечно противвоздушно пукање. На граѓаните во неколку населби им беше советувано да ги затворат прозорците додека не се расчисти чадот.

Гувернерот на Киевската област, Тимур Ткаченко, рече дека меѓу загинатите е и дете чие тело е пронајдено во урнатините на куќата. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека три лица загинале во главниот град, вклучувајќи и работник во комунална компанија кој починал во магацин. Не е јасно дали во тој број е вклучено и едно дете.

Гувернерот Олех Хрихоров пријави два смртни случаи во североисточниот Сумски регион, а вршителот на должноста гувернер Георгиј Решетилов потврди една жртва во Николаевската област. Рускиот претседател Владимир Путин започна инвазија на Украина во 2022 година. Москва моментално контролира околу 20 проценти од територијата на Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воен авион се урна во Франција, пријавени се жртви

Воен авион се урна доцна во вторникот вечерта во департманот Мерт-е-Мозел, во североисточна Франција. Според Анри Лемоан, градоначалникот на Понт-а-Мусон, остатоците од леталото биле лоцирани со помош на дрон.

Воен авион се урна во Франција, пријавени се жртви

Француското Министерство за одбрана соопшти дека најмалку еден член на екипажот загинал.

Борбен авион „Мираж-2000Д“ се урнал синоќа во близина на Нанси за време на тренажен лет, при што загинал најмалку еден член на екипажот (екипажот се состоел од пилот и копилот), пренесува БФМ, повикувајќи се на информации од Министерството за одбрана.

Потрагата по вториот член на екипажот е во тек, а започната е и судска истрага за да се утврди причината за несреќата.

Претходно утрово, градоначалникот Лемоан изјави дека несреќата се случила синоќа околу 23:35 часот, во областа помеѓу местата Рожевил, Домевр-ан-Е и Трамблекур, кои се наоѓаат меѓу Нанси и Мец.

Лемоан на Фејсбук наведе дека на лице место се испратени голем број жандарми и пожарникари за прецизно да ја утврдат локацијата на падот. Во Рожевил е формиран кризен штаб, а граѓаните се предупредени дека движењето во таа област може да биде отежнато.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: ПСЖ на подолг период без Кварацкелија

Крилниот напаѓач на европскиот фудбалски шампион ПСЖ, Кварацкелија на вчерашното дерби во Лигата на шампионите против Барселона ги скина лигаментите.

Видео: ПСЖ на подолг период без Кварацкелија

Репрезентативец на Грузија, Квича Кварацкелија доживеа тешка повреда, ги скина лигаментите на десното колено и за него оваа сезона е завршена.

Синоќа за време на мечот од Лигата на Шампионите на домашен терен против Барселона, 25 годишниот Кварацкелија по судирот со противничкиот дефанзивец доживеа тешка повреда.

Деталните прегледи ги потврдија најлошите сомнежи. Грузискиот фудбалер ги скина предните вкрстени лигаменти.

Секако, во ПСЖ сека ќе мораат да најдат решение за неговото одуство, затоа што овој клуб секако дека има амбиција да освои прво место во секоја конкуренција каде што се натпреварува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баерн Минхен во проблем пред Арсенал – последниот тренинг одработен без тренерот и капитенот

Германскиот првак Баерн Минхен пред дербито со Арсенал во Лигата на шампионите со проблеми, – на последниот тренинг отсуствувале тренерот и капитенот. 

Баерн Минхен во проблем пред Арсенал – последниот тренинг одработен без тренерот и капитенот

Поради вирусна инфекција, тренерот на Баерн, Винсент Компани, не го водел последниот тренинг пред натпреварот од Лигата на шампионите против Арсенал, а исто така ја пропуштил и прес-конференцијата.

Помошникот Арон Данкс го водел тренингот на негово место. На тренингот го немало ниту капитенот на Баварците Џошуа Кимих.

Според минхенскиот весник „Абендцајтунг“ (Abendzeitung), 31-годишниот играч од средниот ред отсуствувал од лични причини, а не поради повреда, па се очекува да биде на располагање за натпреварот против Арсенал.Капитенот на Барен според последните информации ќе го пропушти и вечерашниот дуел со Арсенал поради смрт во семејството.

-Капитенот на Баерн, Џошуа Кимих, нема да настапи вечерва против Арсенал поради смртта на неговиот татко, соопшти германскиот шампион.

Германските медиуми пренесуваат дека Компани не бил во можност да биде на клупата за време на победата од 6:1 против Лајпциг, поради инфекција и проблем со колкот.

Од клубот се надеваат дека тој ќе биде присутен на стадионот за натпреварот против Арсенал, а можеби и на клупата. Има и добри вести за Баерн М. Мануел Ноер се врати на тренинзите откако пропушти два натпревари поради проблем со стапалото. Јамал ​​Мусиала сè уште закрепнува од повреда на бутот и нема да настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер