СветРусија и САД разговараат за нова размена на затворенициРусија и Соединетите Американски Држави разговарале за можноста за спроведување на уште една размена на затвореници, јави американскиот портал „Аксиос“, повикувајќи се на изјава од специјалниот руски пратеник Кирил Дмитријев.Неименуван американски официјален претставник ја потврдил отвореноста на САД за идејата, но предупредил дека не е постигнат непосреден договор. Разговорите се одржале за време на посетата на Дмитријев на САД од 24 до 26 октомври. Дмитријев, кој управува со рускиот суверен фонд и има улога во дипломатијата околу Украина, рекол дека се сретнал со американски официјални лица и членови на тимот на претседателот Доналд Трамп со кои разговарал за хуманитарни прашања, вклучувајќи ги и можните размени. Според „Аксиос“, враќањето на притворените Американци дома е приоритет за американскиот претседател, додека Кремљ се надева дека размената ќе покаже добри намери и ќе ја зголеми довербата меѓу двете земји. Во моментов, најмалку осум Американци се наоѓаат во руски затвори. Ниту Дмитријев, ниту американскиот официјален претставник не прецизирале кои затвореници би можеле да бидат вклучени во потенцијалната размена. САД претходно оваа година ѝ доставија на Русија список со девет американски државјани кои сакаат да бидат ослободени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКомпании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во КинаКомпании поврзани со наводната кинеска шпиунка Алис Хуанг која имаше афера со првиот човек на Нвидија финансирале набавка на компјутерска опрема за центри за вештачка интелигенција во Кина, покажуваат документи пишува „Ројтерс“.Според записите на Кинеската централна банка, станува збор за 764 сервери и AI-модули во вредност од 270 милиони долари, како и дополнителна опрема вредна 31 милион долари. Голем дел од опремата се наоѓа во центар за податоци во Шангај, развиен во партнерство со технолошкиот гигант „ТЕНСЕНТ“документите покажуваат дека компании поврзани со семејството и соработниците на Хуанг учествувале во финансирањето на кинеската индустрија за вештачка интелигенција. Случајот добива дополнително внимание поради истрагите дали нејзината компанија „Мегаспид“, со седиште во Сингапур, им помагала на кинески клиенти да дојдат до ограничени процесори на „Нвидиа“.Во понеделникот, американското министерство за трговија ја стави „Мегаспид“ на црната листа за трговија. Нејзината врска со извршниот директор на компанијата, Јенсен Хуанг, предизвика дополнителни проверки на деловните врски на „Нвидиа“ со Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банкаПретседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе присуствува на надзорната расправа посветена на „АЛТА банка“. Како што потврдија од нејзиниот кабинет за Канал 5, нејзината агенда била прилагодена да може да биде присутна на расправата, која почнува во 11 часот во Комисијата за финансирање и буџет, а потоа да се посвети на активностите За состанокот на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони в петок, чиј домаќин е таа.. Вчера од СДСМ ја прозваа Сиљановска дека по втор пат не одговорила на поканата за присуство на расправата. На првата надзорна расправа која се одржа пред две недели сведочеа Мицкоски, Славески, министерката Димитриеска-Кочоска, вицегувернери, претставници на државни органи и граѓански организации, како и јавниот обвинител Ненад Савески.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСтудено утро, дневната температура ќе достигне до 12 степениУтрото ќе биде ведро и студено, а преку денот променливо облачно, информираат од УХМР. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на утрешниот ден до недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат умерени, а наместа и пообилни (над 30 l/m² за 24h). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег. Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter