Русија го затега обрачот врз Телеграм: Следи огромна казна - Канал 5

Русија го затега обрачот врз Телеграм: Следи огромна казна

Телеграм се соочува со казна од 730.000 евра во Русија поради тоа што не отстранил забранета содржина.

Русија го затега обрачот врз Телеграм: Следи огромна казна

Руски суд разгледува седум обвиненија против социјалната мрежа Телеграм, во кои се тврди дека платформата не отстранила содржина забранета во земјата, и се соочува со казна од вкупно 64 милиони рубли (околу 730.000 евра).

Првиот дел од обвиненијата ќе се разгледа на 25 февруари, а остатокот на 16 март, според судското соопштение објавено од ТАСС.

Телеграм формално ги прекина операциите во Русија во 2022 година и нема регистрирано присуство во земјата, но апликацијата е сè уште технички оперативна, па властите во Москва продолжуваат да покренуваат постапки против компанијата.

Рускиот портал РБК денес објави дека надзорниот орган за следење, контрола и цензура на руските масовни медиуми, Роскомнадзор, почнал делумно да се меша и да ја забавува функционалноста на Телеграм.

Телеграм не го почитува рускиот закон и не презема значајни мерки за борба против измами, изјави прес-службата на Роскомнадзор за Комерсант.

Во овие околности, агенцијата ќе продолжи да ја ограничува работата на гласникот за да се осигури дека Телеграм ги почитува прописите, се додава во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расветлено насилството во Гостивар, следува соодветна пријава (ВИДЕО)

Идентификувани се лицата инволвирани во насилниот настан во Гостивар, откако полициските службеници од ОВР Гостивар, веднаш по објавеното видео на социјалните мрежи, презедоа низа мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Расветлено насилството во Гостивар, следува соодветна пријава (ВИДЕО)

На 02.08.2026 година во 22:20 часот во ОВР Гостивар, А.В.(22) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 02:30 часот на ул. „Борче Јованоски“ во Гостивар, тој и неговиот пријател Л.Е. биле физички нападнати од три непознати машки лица, кои при нападот употребиле тврди и дрвени предмети.

За настанот веднаш бил известен дежурен јавен обвинител, по чии насоки и во координација со надлежен обвинител, полициските службеници од ОВР Гостивар по преземени мерки и активности ги идентификуваа тројцата учесници во насилниот настан.

Во полициска станица на службен разговор се повикани двајца малолетници од Гостивар, на кои, по наредба на јавен обвинител, им се одземени патните исправи. Третото лице е В.Д.(20) од Скопје, за кого е испратена телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување.

По целосно документирање на случајот, во текот на денешниот ден, по брза постапка, лицата со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред надлежен судија на претходна постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

Четири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор.

Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. 

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско.

Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец.

Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население.

Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер