СветРусија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовностРусија продолжува со работата на оперативната подготвеност на најновиот ракетен систем „Сармат“, изјави командантот на Ракетните сили за стратешка намена, Сергеј Каракаев.Според него, ракетните системи „Јарс“ и „Авангард“ веќе се дел од борбениот состав на Ракетните сили, додека работата на „Сармат“ продолжува, пренесува ТАСС. Каракаев истакна дека реализацијата на државната програма за модернизација овозможила стабилен напредок во опремувањето на ракетните полкови, и дека моментално повеќе од 88% од системите во борбената готовност се современи модели. Западни медиуми потсетуваат дека ракетата РС-28 „Сармат“ е наменета за лансирање на нуклеарни боеви глави кон цели на илјадници километри оддалеченост во САД или Европа, но нејзиниот развој е проследен со одложувања и неуспешни тестирања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПогоден танкер во Ормускиот теснецАгенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија соопшти дека во Ормускиот теснец, во близина на брегот на Оман е погоден танкер од „непознат проектил“.Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета. Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Иран бара бродовите да ја користат рутата низ ормуска теснина долж неговиот брег, повторувајќи дека само рутата одредена од Техеран е безбедна за пловидба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕвроњуз: ЕК ја изгуби институционалната меморија и капацитет од последниот бран на проширувањеПроширувањето на ЕУ се забрзува, но во надлежниот оддел на комисијата снемува капацитет за управување со преговорите со неколку земји-кандидатки одеднаш – тврди бриселскиот медиум Евроњуз повикувајќи се на свои извори.Притисокот врз Европскиот генерален директорат за проширување и источно соседство се должи на забрзаното затворање на преговарачките поглавја од страна на четири земји кандидатки, што изискува значително прераспределување на ресурсите а според Евроњуз, проблеми со внатрешниот капацитет има и Советот на ЕУ. „Генералниот директорат, како и многу други оддели на комисијата, во голема мера се потпира на привремени договори и малку постојани службеници. Ова значи дека има висока стапка на флуктуација на кадри и малку искуство во затворањето на преговорите, со оглед на тоа дека последната примена земја во блокот беше хрватска во 2013 година.„ – пишува ЕвроњузКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку деветмина загинати при руските напади врз КиевРусија ноќеска повторно ја нападна украинската престолнина Киев со балистички ракети, при што загинаа и беа повредени повеќе луѓе. Според државната служба за вонредни состојби на Украина, бројот на жртвите изнесува најмалку девет. Повредени се 23 лица. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на телеграм објави дека градот утрово е нападнат со балистички ракети. -Експлозии одекнуваат во градот. Киев е нападнат со балистички ракети. Скријте се во засолништата за бомби, наведе Кличко. Градови беа цел на обемен руски напад. Според украинските власти, низ целата земја тогаш загинале најмалку десет лица, а десетици биле повредени. Големи штети претрпе и градот Лавов на западот од земјата, во близина на полската граница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08