СветРусија бара повлекување на украинските сили од Донбас пред состанокот во Абу ДабиМосква денеска посочи дека и натаму бара Киев да ги повлече своите сили од источна Украина со цел да се реши конфликтот.„Вооружените сили на Украина мора да го напуштат Донбас, тие мора да се повлечат. Ова е многу важен услов“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков пред разговорите во Абу Даби меѓу руските, украинските и американските претставници. Тој истакна дека без решение за територијалното прашање, бесмислено е да се надеваме на долгорочен договор. Русија бара повлекување на украинските сили од Донбас, индустриски и рударски регион во источна Украина, во кој се областите Доњецк и Луганск. Руските барања се особено насочени кон регионот Доњецк, што делумно го контролира и кој останува епицентар на борбите кои одзедоа најмалку десетици илјади животи од 2022 година, објави веб-страницата на парискиот весник „Ле Монд“. Советникот за надворешни работи на Кремљ, Јуриј Ушаков, кој учествуваше на синоќешниот состанок на Стив Виткоф и Џаред Кушнер со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, изјави дека „е потврдено дека постигнувањето долгорочен договор не може да се очекува без решавање на територијалното прашање“. Ушаков изјави дека првиот состанок на трилатералната работна група за безбедносни прашања ќе се одржи денеска во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Руската делегација ја предводи шефот на военото разузнавање, адмирал Игор Костјуков. Според Киев, Украина ја претставуваат секретарот на Советот за безбедност, Рустем Умеров, шефот на кабинет на украинскиот претседател, Кирило Буданов, заменик-шефот на кабинет, Сергеј Кислица, шефот на партијата на претседателот, Давид Арахамија, и началникот на Генералштабот на вооружените сили, генерал Андриј Хнатов.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter