ЖивотРуси масовно лижат јајца во маркетите за да се разболат и да добија отштета од 10.000 евра На почетокот на овој месец, синџирот супермаркети со седиште во Екатеринбург се најде на удар на критики поради наводно продавање расипана храна.Се тврдеше дека 18 лица завршиле во болница по труење со храна, а неколку добавувачи одбиле да соработуваат со маркетите, чија работа ја контролира Федералната агенција за благосостојба и заштита на потрошувачите. Соочени со бојкот и нарушен углед, основачот на супермаркетот најавил дека ќе плати 1 милион рубљи (околу 10.000 евра) на секој што ќе докаже дека бил отруен од храната. Приказната стана вирална, а луѓето решија да го прифатат „предизвикот“, пренесува Oddity Central. Локалните медиуми објавија дека луѓето купувале намирници надевајќи се на проблеми и голема исплата. Некои наводно лижеле јајца во самиот супермаркет за да ги зголемат шансите да се разболат?! „Доколку бидеме прогласени за виновни во некој од 18-те случаи што властите ги истражуваат, сакав да ги обештетам луѓето кои завршија во болница“, изјавил основачот на продавницата. Нагласил дека отштета од 10.000 евра можат да добијат само лицата кои завршиле во болница поради наводно труење. „Ве молиме имајте предвид дека ќе исплатиме обесштетување на оние што ги спомнаа властите кога беше свикана инспекцијата. Тоа се 18 луѓе, а ние ќе го земеме списокот. Затоа ги молам моите сограѓани, престанете да ги лижете јајцата, опасно е“, рече Зајченко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во ГостиварУште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар. Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност. СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните. Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема. Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар. Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата. Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели? Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПанел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе преврте товарно возило на Битола-ПрилепОд 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени. Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.Тагови: Битола-Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter