Руси и Индијци - најбогатите жители на Велика Британија!

По 25 пат „ Sunday Times“ ја објави листата на најбогатите луѓе во Британија.


Руси и Индијци се најбогатите жители на Велика Британија.

Според „ Sunday Times“ рускиот бизнисмен Алишер Усманов е најбогатиот граѓанин на Британија со богатство вредно 13,3 милијарди фунти .
Рускиот тајкун со место на живеење во Сари е сопственик на фабрика за изработка на железна руда Металоинсвест, Усманов во светскиот шоу бизнис е познат и како еден од сопствениците на фудбалскиот клуб Арсенал, рускиот милијардер има околу 30 % акции во Арсенал.

Втор на листата на најбогати Британци со 11 милијади фунти е Лен Блаватник ,газдата на „Ворнер мјузик“ кој исто така е по потекло од Русија.
На делба на третото место се Сри и Гопи Хиндуи , фамилијарните сопственици на глобалниот конгломерат „Хиндуи груп“, компанија основана во Индија ,со седиште во Лондон.

Кралот на металите Лакши Митал е на четвртото место. Митал кој е Индиец населен во Англија е сопственик на најголемиот светски производител на челик Арчелор Митал.

Петти најбогат жител на Британија е сопственикот на Челзи Роман Абрамович со богатство од 9,3 милијарди фунти.

Интересно најбогат роден Британец е осмо рангираниот Џералд Кавандиш Гросвенор , првиот човек на бизнис империјата „Гросвентор груп“.
На годинешната листа на најбогати Британци на „ Sunday Times“ има 88 милијардери , што е за 11 повеќе од минатата година.

На првата листа која „ Sunday Times“ ја објави во 1989 година ,најбогат жител на Британија била кралицата Елизабета.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер