Петкоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење
2Петкоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење
3Јаревски: Во случајот со Алта банка ниту имаме стечај, ниту пропаѓање, постои мерка на администрација
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
МакедонијаРуралните семејства се наша гордост, историја, традиција, култура и бренд-амбасадори на Македонија, порачаа Љутков и НеделковскиРуралниот и искуствениот туризам со години беше маргинализиран, без јасна институционална стратегија и поддршка, со исклучок на поддршката на неколку меѓународни програми и амбасади. Но, со фузирањето на туризмот и културата, препознавме огромен потенцијал во овој досега недоволно видлив дел од туристичката понуда. Домаќинствата и малите производители се моторот на локалната економија и токму во нив ќе инвестираме сè повеќе, континуирано и стратешки, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков на прес-конференција по повод Саемот за туризам: рурални домаќинства, што ќе се одржува викендов во Скопје. Љутков најави дека настани како овој Саем за туризам, со фокус на руралните домаќинства и производителите на органска храна, ќе бидат значително позастапени во програмата за 2026 година, а уште поинтензивно во 2027 и 2028 година. -Преку проектот Е-75 што неколку пати го највивме, нашата цел е развој на транзитниот туризам. Целта е од просечен 24-часовен престој во 2026 година, да стигнеме до минимум 72 часа по турист до 2028 година, долж оваа клучна траса, подвлече министерот. Како што информира, годинава Министерството издвојува 36 милиони денари за програмски активности и дополнителни 150 милиони денари за субвенции во туризмот. -Овие средства ќе се зголемуваат секоја следна година, бидејќи и ние и Владата сме свесни дека инвестицијата во промоција носи директен економски ефект. Денес знаеме дека секој вложен денар во туризмот носи четирикратен поврат и токму затоа не се двоумиме да инвестираме во сектор што треба цврсто да застане на свои нозе, дециден е Љутков. На прес-конференцијата зборуваа и директорот на Земјоделскиот институт - Скопје, Душко Неделковски, амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер, како и заменик-шефот на мисијата во Амбасадата на Швајцарија, Михал Харари. Како што беше речено, руралните семејства се наша гордост, историја, традиција, култура и бренд-амбасадори на Македонија. Словенечкиот амбасадор рече дека Саемот е посебна приказна која го промовира агро-туризмот. -Овој проект има јасна и хумана цел - зачувување на природата и подобрување на животот на луѓето во руралните средини, посебно на младите и жените на кои им се зајакнува економска независност, но и улогата во заедницата, што не е само економско прашање, туку и прашање на достоинство, правична застапеност и прашање на иднината. Ние силно веруваме во потенцијалот на руралните заедници и во силата на локалните луѓе, а ова е инвестиција во луѓето, во животната средина и во европската перспектива, потенцира Прескер, додавајќи дека неговата земја сака да го пренесе своето искуство во Македонија. Според него, во Словенија има околу 1 400 семејства кои промовираат земјоделство и рурален туризам. -Со развој на одржливо земјоделство и туризам се отвораат многу можности за приходи, нови работни места и нова надеж за младите да останат во своите родни места, укажа амбасадорот. Директорот на Земјоделскиот институт, Неделковски најави дека утре, во рамки на Саемот, ќе биде промовирана публикација за агро-еко туризам - вид прирачник за руралните семејства што треба да им помогне во градењето и развојот на бизнисот. Со проектот што го имплементира Институтот, информира директорот, во Македонија досега се мапирани повеќе од 100 рурални домаќинства, а според последните податоци, за една година двојно е зголемен интересот кај младите за развој на еко-туризмот. -Главната цел на проектот е да им помогнеме на руралните домаќинства за да се зголеми нивната егистенција, тие да добијат дополнителна финансиска поддршка и целиот тој бенефит на крај, да прерасне во развој на нивните рурални средини. Во нашата држава просечната старост на земјоделците е околу 55 години и оттука, нашата идеја е да поттикнеме интерес кај помладите во руралните средини за развој на агро-еко туризмот, потенцира директорот. Како што дополни, во Македонија има преку 4 000 земјоделски домаќинства и секое има потенцијал за развој на рурален туризам. -Секој што има желба и идеа може да ја претвори во агро-еко туризам. Во моментов недостасуваат сместувачки капацитети, но може да се искористат постојните. Не мора сите фарми да имаат капацитети, туку едни може да будат производи, а други сместување, но битно е тие да се вмрежат, рече Неделковски и најави обуки, како и консултации за руралните домаќинства кои се заинтересирани за развивање туризам. Заменик-шефот на мисијата во Амбасадата на Швајцарија, Харари нагласи дека градењето просперитетна активна туристичка дестинација никогаш не е резултат само на индивидуални напори. Потребна е, рече, соработка меѓу давателите на услуги, силни врски со локалното население и заедничка одговорност за одржлив развој. -Туризмот е моќен двигател на одржлив економски развој кога ги пресретнува очекувањата на посетителите. Видовме многу успеси кога давателите на услуги ја диверзифицираат и збогатуваат туристичката понуда, обично со комбинирање активности на отворено, култура, гастрономија и локални производи. Ова им помага на дестинациите да останат конкурентни, да дојдат до нови пазари и да привлечат посетители кои остануваат подолго и се ангажираат позначајно. Во исто време, подобрениот пристап до пазарот и посилната видливост им овозможуваат на локалните даватели на услуги одржливо да ги развиваат своите бизниси, а воедно да ја зачуваат автентичноста и карактерот на дестинацијата, потенцира Харари. Осврнувајќи се на соработката со Македонија, таа посочи дека Швајцарија, преку Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – IME, повеќе од десет години го споделува своето знаење и ги поддржува давателите на услуги за одржлив туризам, руралните домаќинства, винариите и земјоделските бизниси да работат заедно и да создаваат вредност врз основа на културата, пејзажите и гостопримството. Швајцарија, дополни, ги поддржува давателите на турстички услуги во Охрид, Крушево, Мариово и пошироко во воведувањето одржливи практики, диверзифицирање на понудата и јакнење на пазарните врски. Саемот за туризам: рурални домаќинства ќе се одржува утре и задутре во „Јавна соба“, а најавено е учество на 50 излагачи од цела Македонија. Влезот е бесплатен за сите посетители кои ќе можат да дегустираат органски производи, вина, ракии, традиционални специјалитети и домашни преработки, а планирано е да добијат и ваучер со 15 отсто попуст и на производите и на услугите што руралните домаќинства ги нудат. На саемот се поканети и туристички агенции кои работат дојдовен туризам, со цел остварување директни средби со домаќинствата и склучување договори за соработка. Овие партнерства, како што рече министерот Љутков, се клучни за одржлив развој и за постигнување на потребните стандарди. Саемот го организираат Министертвото за култура и туризам, „Јавна соба“, Земјоделскиот институт - Скопје, Амбасадата на Република Словенија и швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ. Тагови: Љутков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоциМВР апелира на внимателностМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“. Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба. МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки. Воедно, потсетуваме дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалната веб-страница со домен http://safecountry.mvr.gov.mk Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.Тагови: пораки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаПеткоска: Навременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значењеНавременото препознавање на безбедносните закани и размената на информации со НАТО се од клучно значење за националната и финансиската безбедност.На денешната надзорна расправа во Собранието во рамки на Комисијата за финансирање и буџет, на тема „ Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“, се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска која истакна дека во услови на сложени и променливи безбедносни, политички и економски околности од особено значење е институциите да постапуваат одговорно, транспарентно и навремено, особено кога станува збор за прашања кои директно влијаат врз стабилноста и довербата во финансискиот систем и посочи дека утврдувањето на причините за одредени институционални постапки, како и јасното дефинирање на одговорноста на надлежните органи се неопходни за заштита на јавниот интерес и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите. „Во услови на динамични геополитички промени и се посложени безбедносни предизвици навременото препознавање на ризиците и правилната процена на нивното влијание врз националната безбедност се од особено значење за секоја држава. Сведоци сме дека безбедносната состојба во Европа и поширокиот регион е под влијание на повеќе паралелни процеси. Нашата држава како членка на НАТО има дополнителна одговорност но и обврска активно да допринесува за колективната безбедност, а тоа подразбира следење на состојбите и ефикасна размена на информации, координација и навремено информирање на институциите кои носат одлуки“, посочи Петкоска. Петкоска постави прашање во областа на регионалната и националната безбедност, со фокус на следењето на безбедносно-стратешките појави од страна на Агенцијата за разузнавање, навременото информирање на државниот врв и размената на информации со НАТО партнерите. „Во таа насока би сакала да ви го поставам следното прашање: Кои тековни регионални и безбедносно стратешки појави што може да имаат ефект на прелевање кон Македонија ги следи Агенцијата за разузнавање и со која динамика го известува државниот врв за истите? Дополнително, ме интересира како се одвива текот на информирање на државниот врв за безбедносните предизвици од една страна и размената на информациите со НАТО партнерите од друга страна? Дали станува збор за редовно и систематско известување или динамиката се приспособува согласно интензитетот и сериозноста на конкретните безбедносни случувања. Колку е важно во овој процес навременото споделување на информациите особено кога станува збор за појави кои во почетната фаза можеби не претставуваат директна закана за нашата држава, но доколку не се препознаат навреме можат да прераснат во сериозен безбедносен предизвик“, рече Петкоска, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаревски: Во случајот со Алта банка ниту имаме стечај, ниту пропаѓање, постои мерка на администрацијаТони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се осврна на актуелните случувања поврзани со Алта банка.Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница во рамки на Комисијата за финансирање и буџет се осврна на актуелните случувања поврзани со Алта банка, потенцирајќи дека на надзорната расправа релевантните фактори покажале сериозен и квалитативен пристап при изнесување на фактите. „Она што е добро, што денес имавме можност да имаме еден исцрпен, сериозен и квалитативен пристап од сите поканети сведоци на расправата, и имавме можност да уште еднаш ги потврдиме фактите како што се, но исто така имаше можност да се разбие една магла, што некој упорно се трудеше да ја направи и во јавноста, а и денеска неуспешно на седницата. И добро е што сите релевантни фактори денеска што имаа искази, ни помогнаа да сфатиме дека сепак има разлика од она што бевме научени порано и дека случајот со Алта банка Битола не е ниту ТАТ, ниту Лавци, ниту Алфа С, ниту пак Еуростандард и дека можеби тоа се токму причини, некогаш во некои диви времиња кога исто така државата беше предводена од СДС, да се направи регулација на овој пазар или на оваа дејност, која што ќе ме исправите ако грешам, можеби најрегулирана во сите сфери и од тој аспект токму тие се мерки, инструменти и чекори коишто се преземаат за такви случувања да не се повторат“, рече Јаревски и додаде: „И во овој случај ниту имаме стечај, ниту имаме пропаѓање, ниту имаме неисплатени побарувања, ниту неисплатени штедни влогови итн., туку имаме мерка на администрација и каде што можеби сите констатираме дека Народната банка брзо реагирала, соодветно реагирала, ги искористила правите инструменти, секторот е стабилен, банката е ликвидна и дека имаме услови, дури и колегата спомена, мала промена во наративот во првот дел од расправата дека имаме услови каде што банката има основа да биде ставена на продажба и понатаму да функционира“. Во однос на случувањата со Алта банка, пратеникот Јаревски посочи дека постои мерка на администрација, односно, Народна банка реагирала навремено и соодветно. Тој упати прашање до вицегувернерот на Народна банка, Игор Величковски, во однос на законската основа, односно ограничувањата кои се воведени за располагање на средствата на граѓаните и компаниите и дали се превидени олеснувања за истите. „Исто така да ви се заблагодарам и во вашето експозе каде што обрнавте внимание и за причините и за законските основи на самата администрација што се однесува, тоа се многу важен сегмент да се направи и разлика од она мешање со термините во јавноста, но исто така би сакал и да изнесам, да ја искористам и можноста да запрашам нешто повеќе околу законската основа и практично зошто се воведуваат ограничувањата за располагање на средствата на граѓаните и компаниите. Можеби тоа е последниот сегмент да го разбиеме комплетно и да ги разобличиме овие наводи што се во јавноста, односно средствата на граѓаните и компаниите и следствено на тоа дали се предвидуваат понатаму и олеснувања во однос на располагањето на средствата на правните лица. Сметам и ценам дека уште овие два елементи доколку обратиме соодветен аспект, конкретната информација, дека некои што сакаат да прават забуни, дека некои коишто сакаат да ја однесат банката во стечај, сите нивни адути ќе бидат отстранети“, рече Јаревски, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter