Рубио: САД не сакаат Европа да биде „вазал“ - Канал 5

Рубио: САД не сакаат Европа да биде „вазал“

Американскиот државен секретар Марко Рубио во Братислава изјави дека САД не сакаат Европа да биде „зависна“ или „вазал“ на Вашингтон.

Рубио: САД не сакаат Европа да биде „вазал“

- Не сакаме Европа да биде зависна и не сакаме Европа да биде вазал на САД, туку да биде партнер - наведе Рубио по средбата со словачкиот премиер Роберт Фицо.

Рубио се осврна и на наводите на пет европски држави дека рускиот опозиционер Алексеј Навални бил отруен од токсин на жаба односно со епибатидин, силен нервен токсин, добиен од отровна жаба во Јужна Америка.

Тој потенцира дека тоа е вознемирувачко и оти САД немаат причина да се сомневаат во тврдењето на Велика Британија, Франција, Германија, Шведска и Холандија.

Тие држави дошле до таков заклучок. Тие ја координирале студијата. Ова не значи дека ние го оспоруваме или се обидуваме да се дебатираме со овие земји околу резултатите. Но, тоа е нивниот став, нагласи Рубио.

Русија повеќе пати демантираше дека е вмешана во смртта на Навални, кој почина во затвор на 16 февруари 2024 година на 47-годишна возраст.

Претходно, Фицо изјави дека Словачка се надева дека следната година ќе потпише договор со американската компанија „Вестингхаус“ за водење на конзорциум за изградба на нова нуклеарна централа. Тој, исто така, посочи дека Словачка е заинтересирана за купување на уште четири авиони ловци Ф-16 од САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макрон го следи лансирањето на моќно оружје: Франција ја покажа силата на својот арсенал (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон беше сведок на првото пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета M51 од нуклеарна подморница крај брегот на Финистер.

Макрон го следи лансирањето на моќно оружје: Франција ја покажа силата на својот арсенал (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон беше сведок на првото пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета M51 од нуклеарна подморница крај брегот на Финистер, објавија Елисејската палата и француското Министерство за вооружени сили.

Макрон го гледаше лансирањето од фрегата на француската морнарица. M51, третата верзија на стратешката балистичка ракета лансирана од подморница, која е во употреба од минатата година, беше испукана без нуклеарна боева глава и падна во Северниот Атлантик, неколку стотици километри од кој било брег, според францускиот „Фигаро“.

Посетата на претседателот беше ненајавена и се одржа без присуство на медиумите. Самото лансирање претходно беше најавено како дел од воена вежба.

Тестот доаѓа во време на зголемени тензии во Европа. Макрон во последните недели предупреди за промена на карактерот на „руската агресија и закани“ кон европските земји, по серијата хибридни напади за кои Западот ја обвинува Москва.

Ракетата беше лансирана од нуклеарната подморница „Ле Вижилан“ како дел од операцијата „СМЕРТРИОС“, чија цел беше да се тестира способноста на подморницата повторно да ја користи ракетата М51 по редовно одржување и ремонт.

Министерството соопшти дека ракетата била следена во текот на целиот лет и дека тестот бил извршен „во целосна согласност со меѓународните обврски на Франција“.

Франција пред една година воведе нова верзија на ракетата М51 во употреба, опишувајќи ја како важен чекор во модернизацијата на поморската компонента на нејзиното нуклеарно средство за одвраќање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Отворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопје

Отворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во  применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопјe.

Отворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во  применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопје

— Лабораторијата за индустриски дизајн при Машинскиот факултет во Скопје, во соработка со „Култур код“, ги поканува сите заинтересирани да се пријават за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“, која ќе се одржи во периодот од 13 октомври до 3 ноември 2026 година.

Работилницата се реализира во рамки на проектот „КОРЕНИ, КОДОВИ И ИДНИНАН – културен континуитет во применетиот дизајн“, финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија кој има за цел да направи спој помеѓу богатото културно наследство и современите дизајнерски и технолошки пристапи.

Спој на традицијата, 3Д технологијата и одржливоста

Програмата опфаќа четири интензивни предавања планирани во Лабораторијата за индустриски дизајн. Учесниците ќе имаат можност да истражуваат клучни поглавја од македонската култура и традиција, како и да се стекнат со практични знаења од

областа на:

- Tрадиционални техники и мотиви во изработка на модни додатоци и

домашен декор,

- 3Д моделирање и дигитално обликување,

- Изработка со современи технологии,

- Еколошка одржливост (соодветен избор на материјали и технологии).

По завршувањето на теоретскиот и практичниот дел, преостанатиот период до 3 ноември е предвиден за самостојна и тимска работа со континуирана менторска поддршка од експерти.

Можност за финансирање и пазарно пласирање на најдобриот дизајн

Работилницата ќе заокружи со завршна презентација на идејните решенија пред стручно жири. За најдобриот концепт/дизајн е обезбедена финансиска поддршка за изработка на прототип, како и можност за негова промоција и комерцијално пазарно пласирање.

Начин на пријавување

Учеството е бесплатно, но поради ограничениот број места, задолжителна е претходна регистрација.

- Краен рок за пријавување: 10 октомври 2026 година

- Линк за регистрација: https://forms.gle/DygseWuVPZxtcrKWA

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Растот на просечната старосна пензија во првите две години на Владата е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДС и ДУИ

Растот на просечната старосна пензија во првите две години на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДС и ДУИ.

Стојаноски: Растот на просечната старосна пензија во првите две години на Владата е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДС и ДУИ

Зголемени пензии.

Да направиме една кратка анализа на покачувањето на пензиите во првите две години од мандатот на владата на ВМРО - ДПМНЕ и владите на коалицијата СДСМ/ДУИ.

Бројките најдобро ја покажуваат разликата кога ќе ги споредиме првите две години од двете влади, а ќе ја споредуваме просечната старосна пензија.

СДСМ – ДУИ.

јуни 2017 – јули 2019.

15.273 денари → 15.813 денари.

раст: само 540 денари.

ВМРО-ДПМНЕ.

јули 2024 – мај 2026.

22.858 денари → 29.663 денари.

раст: 6.805 денари.

6.805 ÷ 540 = 12,6 ПАТИ ПОГОЛЕМ РАСТ НА ПРОСЕЧНАТА СТАРОСНА ПЕНЗИЈА !

За приближно ист временски период, растот на просечната старосна пензија во првите две години на владата предводена од ВМРО - ДПМНЕ е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДСМ и ДУИ.

540 денари наспроти 6.805 денари или

296 денари наспроти 22 денари месечен раст.

Тоа е разликата што ја покажуваат бројките.

Наредната анализа ќе биде споредбата за покачувањето на пензиите во периодот од седум години влада на СДСМ/ДУИ и две години влада на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата, објави на ФБ Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер