СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
1СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
3АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
СветРубио разговара за војната меѓу Израел и Иран со клучните партнериСтејт департментот соопшти дека Рубио и министрите за надворешни работи се согласиле дека „Иран не смее да развива или да стекнува нуклеарно оружје“.Државниот секретар на САД, Марко Рубио, вчера се сретна со британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, и имаше одделни телефонски разговори со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг, францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро и италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, за да разговараат за војната меѓу американскиот сојузник Израел и регионалниот непријател Иран. Стејт департментот соопшти дека Рубио и министрите за надворешни работи се согласиле дека „Иран не смее да развива или да стекнува нуклеарно оружје“. Лами го кажа истото на платформата X, додавајќи дека ситуацијата на Блискиот Исток останува опасна и дека постои можност за постигнување дипломатско решение во следните две недели. Размената на воздушни напади меѓу Иран и Израел, која започна на 13 април со израелски напад врз Иран, предизвика тревога во регионот кој веќе е затегнат од воената операција на Израел во Појасот Газа во октомври 2023 година. Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе одлучи во следните две недели дали САД ќе се приклучат на војната, соопшти вчера Белата куќа. Трамп го држи светот во неизвесност за своите планови, оддалечувајќи се од брзото дипломатско решение кое првично беше предложено, кон сугестијата дека Вашингтон би можел да се придружи на борбите на страната на Израел. Белата куќа вчера соопшти дека Трамп ќе присуствува на состанок за национална безбедност утрово. Израел, единствената земја на Блискиот Исток за која се верува дека има нуклеарно оружје, изјави дека нападите врз Иран имале за цел да го спречат Техеран да развие нуклеарна бомба. Иран, кој вели дека неговата нуклеарна програма е целосно мирна, одговори на нападот со воздушни напади врз Израел. Иран е страна во Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ), додека Израел не е. Според новинската агенција на активисти за човекови права (ХРАНА), израелските воздушни напади во Иран убиле 639 лица. Израел објави дека најмалку 24 израелски цивили се убиени во ирански напади. Се очекува министрите за надворешни работи на Велика Британија, Франција, Германија и Европската Унија денеска да се сретнат со министерот за надворешни работи на Иран во Женева во обид да го смират конфликтот. Тагови: Израел Иран Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаСДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката. Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија. Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС. Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата. На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи. Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески. Во исто време нема реакција на обвинителството. Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа. Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија. Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски? Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач. Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда. На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката. Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски. Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Живот„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионкаАмериканскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е кинески шпион.Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг. Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“. Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца. Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook