3Беше страв и трепет за мафијата, а сега е пронајден мртов- случајот ја потресе Италија, се огласи и Мелони
СветРубио пристигна во Женева на мировните преговори за УкраинаВисоки претставници од Соединетите Американски Држави, Украина и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија ќе разговараат за нацрт-планот на САД за завршување на војната во Украина во Женева.Државниот секретар на САД, Марко Рубио, пристигна во Женева и ќе присуствува на мировните преговори за Украина подоцна во текот на денот , објави Ројтерс, повикувајќи се на неименуван американски функционер. „Имаше добри разговори синоќа, пред преговорите во Женева. Влегуваме во нив со голем моментум“, рече функционерот. Тој додаде дека разговорите сè уште не се „започнати сериозно“ и дека треба да се договорат деталите. „Ќе имаме разговори во различни формати меѓу Соединетите Американски Држави и Украина во текот на денот. Имаше позитивни и конструктивни дискусии со Украинците пред состаноците“, рече американскиот функционер. Во петокот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски има рок до четврток да одобри план од 28 точки со кој се повикува Украина да се откаже од дел од својата територија, да прифати ограничувања на својата војска и да се откаже од амбициите за членство во НАТО. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот сегашен предлог за мир во Украина и крај на руската војна не е негова последна понуда. Неговите коментари дојдоа во време кога Украина и нејзините европски сојузници велат дека мировниот план може да биде основа за преговори, но дека е потребна „повеќе работа“. - Војната мора да заврши на еден или друг начин - им рече Трамп на новинарите во саботата. Сепак, тој одговори „не“ кога го прашаа дали тоа е неговата последна понуда. Се појавија сосема контрадикторни информации околу наводниот мировен план од 28 точки, чие потекло предизвикува конфузија во Вашингтон. Додека американскиот државен секретар Марко Рубио тврди дека планот е дело на американската администрација, други високи функционери нудат сосема поинаква приказна, објавува Ројтерс. Американскиот државен секретар Марко Рубио инсистираше дека мировниот план, наводно составен од американски пратеник и руски функционер на црната листа, всушност е дело само на Вашингтон. - Тој се базира на придонеси од руска страна. Но, се базира и на претходни и тековни придонеси од Украина - објави Рубио на социјалната мрежа X. Сепак, републиканскиот сенатор Мајк Раундс презентира сосема спротивна верзија. Тој вели дека Рубио го повикал него, како и другите сенатори, и им рекол дека ова не е американски план, туку само предлог што САД го примиле и го проследиле до Украина. - Тој ни стави до знаење дека ние сме приматели на предлог што бил доставен до еден од нашите претставници - рече Раундс и додаде: - Ова не е наша препорака, ова не е наш план. Дека ситуацијата е уште понејасна потврдува и изјавата на неименуван американски функционер кој за Ројтерс изјави дека ниту државниот секретар ниту некој во Стејт департментот не бил запознаен со планот пред да биде објавен. Изјавата покренува сериозни прашања за комуникацијата и координацијата во рамките на американската администрација. Американските сенатори тврдат дека наводниот мировен план за Украина е всушност руски предлог, што е спротивно на Белата куќа. Стејт департментот го негира ова, создавајќи конфузија во американската влада.Тагови: Женева Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 24. ноември 2026 годинаДневен хороскоп за вторник, 24. ноември 2026 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот позитивен став денеска ќе биде повеќе од доволен да ја надминете дистанцата во личните односи. Кариера Не сонувате за нешто неможно , но гледате дека се е можно. Тоа по малку ве збунува. Здравје и совет Зацврстете си го телото. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Не очекувајте ништо повеќе од сувопарно одржување на постојната состојба.За вас денеска едноставно не е ден за љубов. Кариера Вашите претпоставени ќе покажат дека ве поддржуват , па дури и ве сакаат , но вас тоа ни малку нема да ве импресионира. Здравје и совет Емотивни фрустрации. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ништо особено нема да ве загрижува, но нема ниту да ве поттикнува за поголеми љубовни подвизи.Доста мирен ден. Кариера Би сакале да ,,средите” некои од соработниците , но ако тоа го направите , ќе ви вратат со иста мерка. Здравје и совет Смирите се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска е добар ден за изразување емоции. ќе ви оди од рака да покажете што навистина чувствувате , па тоа и направете го. Кариера Секоја ваша акција ќе биде поддржана , дури и таму каде можеби не сте се надевале.Искористете ја шансата. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе заземете пријателски и опуштен став кон саканата личност.На тој начин ќе се браните од малите критики. Кариера Иако денеска нема да бидете највешти во преговорите,другата страна ќе биде склона да ве поддржи. Здравје и совет Нервоза и немир. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е пријател и исполнет ден во приватниот живот.Ќе може да ги остварите повеќето замисли. Кариера Денот е поволен за проширување на стручните знаења како и за соработка со деловни партнери од странство. Здравје и совет Радувајте се на личните успеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе излезат надвор со друштво или со саканата личност и убаво ќе си поминат.Самците лесно ќе воспоставуваат контакти. Кариера Ќе заклучите дека имате многу добра финансиска подлога , така што на неа може да градите понатаму. Здравје и совет Не се брзајте. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе си дозволите мал луксуз за да го зголемите уживањето за себе и за саканата личност .Тоа ќе биде полн погодок. Кариера Повторно ќе ве фалат , а на вас ви е драго , но не се запирате. Малкумина се такви кои ќе се задржат само на старата слава.Работете понатаму. Здравје и совет Ќе бидете среќни. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се чувствувате пријатно во друштво на личноста што ја сакате и ќе си поминете убаво ако ги потиснете малите семејни проблеми. Кариера Колегите ве сакаат и тоа ви го покажуваат , а таквиот став и вас ве поттикнува да направите нешто за нив. Здравје и совет Побарајте весели содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе издржите уште едно мало надмудрување со саканата личност, но со многу хумор и со добри намери. Кариера Забележувате дека вашите претпоставени се многу повлијателни , отколку што сте мислеле.Тоа ве охрабрува, но и во исто време ве ограничува. Здравје и совет Ќе бидете малку забавени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во приватните односи ќе се развие добра комуникација, но без некое подлабоко емоционално зближување. Кариера Се чини дека ги држите конците во свои раце, но делумно.Како што сакате контрола , веднаш ви е подобро. Здравје и совет Посетете стоматолог. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Најсигурно ќе се чувствувате во кругот на семејството.Нема да ви се излегува , иако ќе ве повикуваат. Како и да е, љубовта е само во мислите. Кариера Деловната кореспонденција ќе ви одземе поголем дел од денот , а при тоа ќе бидете прибрани и љубезни. Здравје и совет Ограничете ги калориите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБисера Костадиновска Стојчевска и Бране Петрушевски во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Бисера Костадиновска Стојчевска и Бране ПетрушевскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеГенерации што сè помалку се движат – Светската здравствена организација предупредува на сериозен проблем меѓу тинејџерите Без оглед дали станува збор за видеоигри, стриминг апликации или притисокот на училишните обврски, сè повеќе адолесценти ја занемаруваат физичката активност и играта на отворено, при што секој четврти признава дека немал барем 1 час физичка активност неделно. Според истражување спроведено од научници од британски универзитети и Светската здравствена организација (СЗО), кое се заснова на анализа на податоци од анкети спроведени на 3,2 милиони деца и адолесценти од 140 земји, само 14% од младите на возраст од 11 до 17 години ширум светот изјавиле дека биле „физички активни“ секој ден во текот на претходната недела. Тинејџерите од Финска и Канада биле меѓу најактивните; околу 30 % од младите во двете земји навеле дека се занимаваат со физичка активност секој ден во текот на претходната недела. Адолесцентите од Британија и од скандинавските земји имале резултат нешто над глобалниот просек, со 17%, додека оние од Германија (13%), Франција(11%) и Италија(9%), се нашле на дното на листата. Посочувајќи на „значителни разлики меѓу земјите“, Светската здравствена организација истакнува дека во некои држави само 3 до 4 % од адолесцентите изјавиле дека во текот на претходната недела немале ниту еден ден физичка активност, додека во други, оваа бројка надминувала 40 %. „Физичката активност за време на адолесценцијата го подобрува сегашното и идното физичко и ментално здравје, и придонесува за превенција од незаразни болести“, напишале истражувачите во труд објавен во британското медицинско списание “The Lancet“. „Физичката неактивност е главен фактор на ризик за срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и одредени видови рак“, предупредуваат од Светската здравствена организација. Податоците, откриваат и дополнителни разлики во зависност од полот и возраста. Според бројките од Универзитетот во Оксфорд, 21% од момчињата во Обединетото Кралство се занимаваат со физичка активност најмалку 60 минути дневно, додека тој удел кај девојчињата е 13%. Понатаму, единаесетгодишните деца покажувале повисоко ниво на физичка активност од седумнаесетгодишните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter