СДСМ: За труењето во Гостивар СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, Амети
1СДСМ: За труењето во Гостивар СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, Амети
3Општина Ѓорче Петров ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила
СветРубио: Иран не може да збогатува ураниум, може да увезува само за цивилна програма„Нулта збогатување (ураниум) е неприфатливо“, изјави висок ирански функционер близок до иранскиот преговарачки тим.Иран, според каков било договор со САД, ќе мора да престане со збогатување ураниум и би можел да увезува што му е потребно за цивилна нуклеарна програма, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио пред разговорите меѓу Техеран и Вашингтон закажани за в сабота. Иран, меѓутоа, јасно стави до знаење дека за неговото право на збогатување ураниум не може да се преговара. „Нулта збогатување (ураниум) е неприфатливо“, изјави висок ирански функционер близок до иранскиот преговарачки тим. САД сакаат да го спречат Иран да развие нуклеарна бомба, а претседателот Доналд Трамп врши „максимален притисок“ со санкции и се закани дека ќе употреби воена сила доколку Иран не ја прекине својата нуклеарна програма.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: За труењето во Гостивар СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, АметиПомина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема. Од никого. А нема ниту чиста вода во Гостивар. Четири недели власта на Мицкоски си поигрува со најскапото нешто - здравјето на луѓето. Јавното обвинителство молчи, ги игнорира повиците да преземе конкретни чекори. Ние тоа нема да го дозволиме. Нема да дозволиме ова да се заташка. Одговорните за здравствената катастрофа, за труењето на цел еден град и загрозување на здравјето на 5.000 луѓе мора да сносат одговорност, политичка и кривична. Не може да се сведе одговорноста само на локално ниво, сите инволвирани мора да одговараат. СДСМ денеска поднесе Кривична пријава за сите системски пропусти, непостапувања, непреземања на законските надлежности од страна на здравствените и инспекциските институции. Кривичната пријавата е против: -Сашко Клековски – Министер за здравство во Владата на Мицкоски. -Марија Андоновска – Директорка на Институтот за јавно здравје. -Кирил Лазов - Директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). -Шпенди Амети, Директор на Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) – Тетово. Основани се сомненијата дека во периодот од јуни 2026 година па се до денес, во својство на службени или одговорни лица во институциите со кои раководат, не презеле дејствија и мерки за заштита на здравјето и спречување на последиците од загадувањето на водата во Гостивар. Не се придржувале кон прописите за заштита на луѓето и животната средина и луѓето. Се задоцнило со реакциите, 22 дена граѓаните на Гостивар пиеле отровна вода со фекалии, дури Центарот за јавно здравје соопштил дека водата е исправна за пиење. Иако по 200 граѓани дневно се пријавувале со здравствени тегоби 5 дена никој не презел ништо, да ја утврди причината, да реагира. Се задоцни и со прогласување на епидемијата. Се криеја информации за водата од граѓаните, никогаш не беше објавена анализа или извештај. Сите овие непостапувања доведоа до сериозни и тешки последици за здравјето на граѓаните на Гостивар. Со ова пријавените сториле неколку кривични дела кои се гонат по службена должност. Нема поголем скандал, ниту поголема неодговорност од вакво поигрување со животот на граѓаните. Го повикуваме Јавното обвинителство да постапи, да ги преземе сите дејства за утврдување на фактите и доказите за наведените во оваа кривична пријава. Одговорност мора да има. Скопје, 10.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќајка меѓу камион со дрва и три автомобили на патот Гостивар-СтражаТри автомобили и камион натоварен со дрва учествува утрово во сообраќајна несреќа на патот Гостивар - Стража. Четири возила, меѓу кои и камион натоварен со дрва, се судрија денеска на патниот правец Гостивар – Стража, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Сообраќајната несреќа предизвика значително отежнување на сообраќајот и создаде долги колони во двата правци. Според првичните информации од терен, во несреќата учествувале три патнички автомобили и еден камион што превезувал дрва. Од силината на ударот, дел од товарот на камионот се растурил по коловозот, дополнително блокирајќи го минувањето на останатите возила на оваа фрекфентна делница. Додека трае расчистувањето на коловозот и преместувањето на оштетените возила, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, што создаде подолги колони автомобили во насока кон Кичево и кон Гостивар. Од СВР Тетово за МИА информираат дека несреќата била пријавена утрово околу 7:40 часот. Повредените се наоѓале во едно од возилата, а по незгодата се пожалиле на здравствени проблеми и биле пренесени во гостиварската болница за лекарска помош. „По незгодата, три малолетни лица и една жена кои биле во едно од автомобилите се пожалиле на здравствени проблеми и биле упатени во гостиварската болница за укажување медицинска помош“, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Ѓорче Петров ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на бранителите кај Љуботенски БачилаПо повод 25-годишнината од загинувањето на македонските бранители кај месноста Љуботенски Бачила, во Општина Ѓорче Петров на локации каде се наоѓаат спомен-обележјата денеска беше одржана комеморација. Со највисоки почести беше одбележан споменот на хероите кои во 2001 година ги положија своите животи, бранејќи ја татковината, мирот и слободата. На настанот присутни беа делегација од општината предводена од градоначалникот Александар Стојкоски, претставници на државните институции, припадници на Армијата и безбедносните сили, семејствата на загинатите бранители, како и бројни граѓани. - Повторно сме собрани на ова местото на сеќавањето, пред споменикот кој засекогаш сведочи за храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината на нашите сожители Раде Јанковски, Ивица Златевски, Томе Димовски, Томислав Настевски и Ацо Ангеловски, како и на нашите браќа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Маријанчо Бошковски. Десетти август е ден кој не смее да се заборави, но и ден кога Македонија молчи од почит и се поклонува пред своите херои - рече градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во обраќањето на споменикот во Волково. Тој упати посебна порака до семејствата на загинатите бранители, нагласувајќи дека нивната болка е и болка на целото општество. -Ниту еден збор не може да ја надомести загубата на син, сопруг, брат или татко. Но, постои нешто што како држава, општина и како народ сме должни да ви го ветиме - нивните имиња никогаш нема да исчезнат од нашата колективна меморија, и како и досега, со грижа и почит ќе продолжиме да се однесуваме кон нивните поколенија - рече Стојкоски. Градоначалникот се обрати и до припадниците на Армијата и безбедносните сили, истакнувајќи ја нивната улога во зачувувањето на слободата и суверенитетот. -Македонскиот народ отсекогаш знаел дека слободата не е подарок, туку дека таа се заслужува, се брани и се чува. Нашите бранители тоа најдобро го покажаа - додаде Стојкоски. На крајот од обраќањето, Стојкоски повика на трајно зачувување на споменот за бранителите и на нивната жртва.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook