Рубио го предупредува Иран да не го затвора Ормускиот теснец додека растат тензиите - Канал 5

Рубио го предупредува Иран да не го затвора Ормускиот теснец додека растат тензиите

Американскиот државен секретар Марко Рубио го предупреди Иран да не го затвора Ормускиот теснец, клучен превозен пат, откако иранските пратеници го поддржаа таквиот потег што веројатно би го нарушил глобалниот извоз на нафта.

Рубио го предупредува Иран да не го затвора Ормускиот теснец додека растат тензиите

-Ако го сторат тоа, тоа ќе биде уште една ужасна грешка, рече Рубио денеска, помалку од 24 часа откако САД започнаа воздушни напади врз клучните ирански нуклеарни постројки, што означи голема ескалација во војната меѓу Израел и Иран.

Затворањето на клучниот превозен пат меѓу Иран и Оман, кој е широк околу 55 километри, би претставувало „економско самоубиство“ за Техеран, изјави Рубио за американскиот радиодифузер Фокс њуз.

-Тоа би им наштетило на економиите на другите земји многу повеќе од нашите, рече американскиот државен секретар. „Мислам дека тоа би била масовна ескалација што би заслужила одговор, не само од нас, туку и од другите“, додаде тој.

Претходно денеска, иранскиот парламент го поддржа затворањето на Ормускиот теснец, според член на парламентарниот комитет за безбедност.

Сепак, конечната одлука е на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, кој го има последниот збор за сите стратешки прашања.

ЦСКА Москва ќе се враќа во Евролигата

 Во интервју за француските медиуми познатиот кошаркарски тренер Димитрис Итудис, најави можност кошаркарската Евролига да биде составена од 30 екипи. Тој ја посакува оваа бројка како споредба со НБА лигата и бројот на тимови кои играат таму.

ЦСКА Москва ќе се враќа во Евролигата

- Мојот сон е да имаме лига со 30 екипи и сите да бидат конкурентни. Руските екипи ќе се вратат во Евролигата, а меѓу првите ќе биде ЦСКА Москва која воедно е и акционер, изјави Итудис актуелен тренер на Хапоел Тел Авив и претседател на здружението на тренери на Евролигата. Оваа екипа како освојувач на Еврокупот ќе игра во новата сезона во Евролигата.

Итудис смета дека потребна е и промена на системот во Евролигата, односно зголемување на бројот на екипи кои би играле во следната фаза.

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Некогаш големата СДС се сведе заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска.

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

И СДС во точно три случаи се јавува во јавноста за Данела.

Првиот кога ја напаѓаше дека таа е неспособна и има бугарско државјанство.

Вториот случај, кога во опозиција ја користеше за напаѓање на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

И третиот случај, кога заедно со Бугарите ја брани Данела.

Скопјани ја препознаваат вистината и добро знаат што седи во позадина.

ВМРО-ДПМНЕ доследно и принципиелно повикуваат на расветлување на инцидентот во Чаир, но и на разгледување и надзор на случајот со дивоградбите.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС убедливо губи

Ако е лажна анкетата каде СДС има четири пати понизок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски повисок рејтинг од сите заедно политичари, тогаш ги повикуваме СДС да објават вистинска и релевантна анкета.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС убедливо губи

Еве, самите нека посочат на која релевантна анкета води СДС.

Вистината е дека на ниту една анкета не води СДС и Венко Филипче. Тие се непрепознатливи поради нивната неконструктивност, непрепознатливост и целосна безидејност. Главната политичка активност на СДС и Венко Филипче се состои во некрофилија и пироманство. Во таква една состојба нормално дека нема напредок.

За нас, довербата од граѓаните значи пред се обврска и одговорност да се бориме за промени и решавање на проблемите и хаосот кој го наследивме.

Јасно е дека СДС не е алтернатива и тоа го покажуваат сите анкети на јавното мислење.

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер