1Скопје станува европски центар на танцот: Официјално најавено „IDO European dance championship 2026“
СветРубио: „Договорот на САД со Данска и Гренланд е победа за американскиот народ“ Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека договорот на САД со Данска и Гренланд претставува голема победа за американскиот народ.„Овој историски договор претставува голема победа за Соединетите Држави и за американскиот народ. Благодарение на визијата и лидерството на претседателот Трамп, овој историски договор трајно ги гарантира безбедносните интереси на САД на Арктикот, без никаков трошок за американските даночни обврзници“, изјави Рубио во објава на социјалната мрежа „Икс“ (X). Како што наведе тој, Гренланд засекогаш ќе биде дел од стратешката одбранбена зона на Северна Америка, што ќе го спречи присуството на кој било противник на таа територија и во нејзината околина. „Овој договор трајно и целосно ги решава прашањата за нашата национална безбедност поврзани со Гренланд“, заклучи Рубио. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави постигнале договор со Данска и Гренланд, кој, како што наведе, му обезбедува на Вашингтон трајна контрола врз безбедноста и други прашања поврзани со Гренланд. Според него, договорот предвидува дека ниту еден противник на САД нема да може да воспостави база или воено присуство, ниту пак да реализира чувствителни инвестиции на Гренланд, без изречно писмено одобрение од Вашингтон.Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДронови над аеродромот предизвикаа прекин во авиосообраќајот во ЛуксембургВластите ги продолжија операциите на аеродромот во Луксембург откако сообраќајот беше прекинат претходната вечер поради откривање на „неовластени беспилотни воздушни системи“ - поточно дронови - во близина и над аеродромот. Единствениот меѓународен аеродром во Луксембург изјави дека прекинот во петокот е спроведен како превентивна мерка за да се обезбеди безбедноста на патниците, екипажите на летот, персоналот на аеродромот и авионите. Не беа дадени детали во врска со потеклото на дроновите или кој ги управувал. Потенцијални доцнења Иако летовите се обновени, можни се понатамошни доцнења и прекини, бидејќи авиокомпаниите и партнерите на аеродромот работат на враќање на редовниот распоред на летови, според известувањето на аеродромот. Аеродромот во Луксембург, главниот центар на националниот превозник Луксер, изјави дека продолжува да ја следи ситуацијата во соработка со надлежните органи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалРафиња сака да ја заврши кариерата во Барселона!Бразилскиот репрезенативец, Рафиња ги израдува навивачите на шпанскиот фудбалски шампион Барселона со порака за својата иднина. Бразилецот во интервју за каталонското радио „RAC1“ откри дека сака да го продолжи договорот со клубот и да остане на „Камп Ноу“. – Многу сум среќен и сакам да го продолжам договорот. Се надевам дека ќе ја завршам кариерата во Барселона. Нема да одам никаде на друго место – изјави Рафиња. Бразилецот игра сезона од соништата. Постигна девет гола во Ла Лига и уште два во Лигата на шампионите, а откако беше преместен на позицијата најистурен напаѓач и ја доби капитенската лента, стана еден од клучните играчи во тимот на Ханси Флик. Рафиња има договор со Барселона до 2028 година, но јасно стави до знаење дека сака да остане и по тој период.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Истрага за загрозување на животната средина со отпад во ОхридОсновното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата “Буково”. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката, стои во соопштението од Јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter