Рубио бара од американските сојузници да ја стават Иранската револуционерна гарда на „црна листа“ - Канал 5

Рубио бара од американските сојузници да ја стават Иранската револуционерна гарда на „црна листа“

Администрацијата на Трамп се обидува да ги собере воздржаните сојузници - од кои многумина не беа информирани пред воздушната војна меѓу САД и Израел што започна пред две недели - да ја поддржат нејзината воена операција..

Рубио бара од американските сојузници да ја стават Иранската револуционерна гарда на „црна листа“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги повика американските дипломати во странство да ги повикаат сојузниците да ја означат Иранската револуционерна гарда и Хезболах со седиште во Либан како терористички групи, наведувајќи го зголемениот ризик од напади, објавија британските медиуми.

Внатрешната директива, од 16 март, потпишана од американскиот државен секретар Марко Рубио, беше испратена до сите американски дипломатски и конзуларни мисии низ целиот свет. Во неа се бара од американските дипломати да им достават порака на своите колеги „на највисоко соодветно ниво“ најдоцна до 20 март, додавајќи дека напорите за застапување за ставање на тие групи на црна листа треба да бидат координирани со израелските колеги.

Администрацијата на Трамп се обидува да ги собере воздржаните сојузници - од кои многумина не беа информирани пред воздушната војна меѓу САД и Израел што започна пред две недели - да ја поддржат нејзината воена операција.

Неколку американски сојузници вчера изјавија дека немаат непосредни планови да испратат бродови за да им помогнат на американските сили да го деблокираат Ормускиот Теснец, отфрлајќи го апелот на Трамп да го задржи отворен овој витален нафтен воден пат.

„Со зголемениот ризик од напади од страна на Иран и неговите партнери и посредници, сите влади мора да дејствуваат брзо за да ја намалат способноста на Иран и терористичките групи поврзани со Иран да ги нападнат нашите нации и граѓани“, се наведува во една од точките од телеграмата.

Иранската револуционерна гарда е елитна воена сила чија цел е да ја заштити шиитската клерикална влада во Иран, а исто така контролира големи делови од економијата на Иран. И Револуционерната гарда и вооружената шиитска муслиманска група Хезболах со седиште во Либан веќе се означени како терористички групи од страна на САД и некои други земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СЗО: Нов топлотен бран се формира над Атлантикот, Европа со екстремни горештини

„НОВ топлотен бран веќе се формира над Атлантикот. Прогнозите предвидуваат температури што ќе достигнат 43°C во Португалија и јужна Шпанија уште, неделава. 

СЗО: Нов топлотен бран се формира над Атлантикот, Европа со екстремни горештини

Франција и земјите од Бенелукс се подготвуваат за уште еден топлотен бран, додека делови од Централна Азија веќе се преплавени со температури што надминуваат 40°C“, предупреди д-р Ханс Анри П. Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, во драматична изјава.

Како одговор на оваа итна и сериозна ситуација, европскиот шеф на СЗО свика итен состанок на кој присуствуваа претставници од 41 земја-членка, Европската комисија и организации од граѓанското општество.

Според Клуге, учеството на над 130 учесници јасно сигнализира дека земјите конечно почнуваат да ја третираат екстремната топлина како вонредна состојба за јавното здравје, а не само како стандардна временска прогноза. Поставеното прашање беше директно: што научивме од минатите топлотни бранови и дали сме подготвени за она што нè очекува?

Клуге оцени дека националните акциски планови за справување со екстремните температури спасуваат животи и ги посочи Италија, Шпанија, Австрија, Белгија и Франција како примери на земји што успешно ги координирале своите здравствени системи.

„Националните одговори покажаа вистински напредок, но исто така и недостатоци што едноставно не можеме да си ги дозволиме. Националните акциони планови за заштита од топлина буквално спасуваат животи. Земјите што ги имаат реагираа брзо и на координиран начин“, истакна Клуге, наведувајќи примери како Италија - која добива податоци во реално време преку следење на смртноста во 45 градови - Шпанија, која соработува со медиумите за комуникација на ризик, и Австрија, Белгија и Франција, кои успешно го ублажија товарот врз нивните здравствени системи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Танкер бил погоден од проектил додека пловел во близина на Ормутскиот теснец

Танкер бил погоден од непознат проектил додека пловел во близина на Ормутскиот теснец информираше  британската поморска служба.

Танкер бил погоден од проектил додека пловел во близина на Ормутскиот теснец

Повикувајќи се на неименуван американски функционер, „Волстрит џурнал“ објави дека корпусот на исламската револуционерна гарда на Иран отворил оган врз два комерцијални брода во близина на теснецот.

„Аксиос“, објави дека Иран испукал ракети врз комерцијални бродови што транзитирале низ теснецот. Нападот се случил неколку часа пред американскиот претседател Доналд Трамп да замине на самитот на НАТО во Анкара, Турција, каде што се очекува лидерите да разговараат за безбедноста во протокот, и додека Иран го одбележува повеќедневниот погреб на убиениот поранешен врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Техеран ги прекина кревките преговори со САД, чија цел беше постигнување траен договор за прекин на нивниот конфликт, за време на повеќедневните комеморации за Хамнеи, кој беше убиен во американско-израелски напад во февруари, на првиот ден од војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова

Во Анкара денеска почнува дводневниот самит на лидерите на 32-те земји членки на НАТО... Македонската делегација ја предводи претседателката Гордана Сиљновска Давкова...

Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова

Таа ја ја предводи македонската делегација, во чиј состав се министрите за одбрана Владо Мисајловски, и за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и генерал-мајор Сашко Лафчиски, началник на генералштабот на Армијата.

Во тензична атмосфера, лидерите ќе разговараат за неколку клучни прашања – зголемување на инвестициите во одбраната, натамошната воена поддршка за украина, зачувување на единството во сојузот но и инцијатива Европа да ја презема одговорноста за безбедноста на континентот.

Американскиот претседател Доналд Трамп доаѓа со очекување дека НАТО членките ќе ја потврдат согласноста до 2035 година да издвојуваат 5 проценти од бдп за одбраната.

Исто така, се очекува сојузниците да ја потврдат финансиската и воената поддршка за украина, која според најавите ќе достигне околу 140 милијарди евра во текот на оваа и следната година.

Пред пристгнувањето во Анкара, Трамп изрази и оптимизам дека на претстојниот самит на НАТО ќе биде изнајдено решение за завршување на војната во Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер