РСЕ: Српските компании заработија милиони преку шема за заобиколување на руските санкции - Канал 5

РСЕ: Српските компании заработија милиони преку шема за заобиколување на руските санкции

Како пример ја наведоа белградската компанија „Коминвекс“, која од почетокот на инвазијата на Украина до август 2023 година, за помалку од една и пол година во Русија извезла стока во вредност од над 140 милиони долари.

РСЕ: Српските компании заработија милиони преку шема за заобиколување на руските санкции

Повеќе од десетина компании регистрирани во Србија од почетокот на руската агресија врз Украина, од февруари 2022 до август 2023 година, извезувале производи во Русија, со што ги заобиколиле западните санкции против таа земја, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти Радио Слободна Европа (РСЕ) третина од извезените стоки вредни повеќе од 50 милиони долари, според царинските ознаки се електронски компоненти кои се под санкции на ЕУ бидејќи можат да се користат во воената индустрија.

Врз основа на податоците од меѓународните трговски бази на податоци, РСЕ анализирала повеќе од 14.000 пратки кои пристигнале во Русија во овој период. Овие податоци покажуваат дека производите во вредност од најмалку 71,1 милиони долари биле испорачани преку српски компании, иако се работи за стока која е ставена на листата на високоризични производи и е под санкции наметнати од ЕУ и САД кон Русија, пишува РСЕ.

Како пример ја наведоа белградската компанија „Коминвекс“, која од почетокот на инвазијата на Украина до август 2023 година, за помалку од една и пол година во Русија извезла стока во вредност од над 140 милиони долари.

- Бројките зборуваат за голема трговска фирма, но на зградата каде што е регистрирана нема табла. Никој не одговара на домофонот или на ѕвончето пред вратата од станот, велат од РСЕ.

Од почетокот на војната во Украина, Србија не се согласи со ниту една одлука за санкции против Русија.

Повеќемесечната истражување на РСЕ открива како во таков вакуум, без законски ограничувања, некои српски компании заработиле милиони.

- Од друга страна, во Русија, приматели на стоката беа компании кои се под санкции, дури и на списокот на американската Канцеларија за контрола на странски средства за учество во синџирот на снабдување на руската воена индустрија, наведува РСЕ.

Се нагласува дека Србија со ова не ги прекршува сопствените правила бидејќи не ги почитува одлуките за санкциите на ЕУ кон Руската Федерација, но се наведува дека земја која не ги почитува одлуките за санкции може да биде казнета дури и со забрана на увозот на модерната технологија произведена на Запад.

РСЕ потсетува на зборовите на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на крајот на 2022 година му порача на европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји дека „никој не може да ги заобиколи санкциите што ЕУ ги воведе кон Руската Федерација преку територијата на Србија, бидејќи Србија реагира и ги санкционира такви обиди“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Оливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица Андовски

Оливер Миланов си поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за храна и ветеринарство. На негово место е назначен досегашниот заменик-министер за здравство Јовица Андовски.

Оливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица Андовски

Миланов ја презеде директорската функција на 4 јули 2024 година, откако владата на 2 јули истата година го именуваше за вршител на должноста директор.

По нешто повеќе од две години на чело на агенцијата, заминува од функцијата, а раководењето со институцијата го презема Андовски.

Андовски пак ја вршеше функцијата заменик-министер за здравство во периодот од јули 2024 до октомври 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Амандманска расправа за предлог законот за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Собраниската комисија за транспорт денеска ќе расправа за измените на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Амандманска расправа за предлог законот за изменување на законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

За предлог-законот е поднесен еден амандман од пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.

Со измените се предвидува нов модел за финансирање на радиодифузната дејност.средствата ќе се обезбедуваат од буџетот во висина од еден процент од реализираните даночни приходи.

Финансирањето ќе се утврдува за период од пет години.по истекот на овој период, повторно ќе се дефинира висината на средствата за наредните пет години.

Целта е да се обезбеди стабилно и предвидливо финансирање на радиодифузната дејност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон Москва

Авион на „Ер Србија“ кој летал кон Москва бил вратен во Белград поради дополнителни безбедносни проверки.

Авион на „Ер Србија“во кој патувал Вулин вратен во Белград на патот кон Москва

Од компанијата соопштија дека добиле информации од аеродромските служби за проверка поврзана со еден патник.

Одлуката била донесена согласно безбедносните прописи и упатствата на надлежните органи.

Од „Ер Србија“ нагласуваат дека екипажот постапил според утврдените стандарди.

Српските медиуми објавија дека во авионот наводно биле и тројца познати функционери.Меѓу нив се Александар Вулин и претседателот на Српската народна партија Ненад Поповиќ. Во авионот, според медиумите, бил и директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер