БалканРСЕ: Курти и Вучиќ на 26 јуни ќе се сретнат во БриселКосовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе се сретнат во Брисел на 26 јун.Косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе се сретнат во Брисел на 26 јуни, за нова рунда од дијалогот за нормализација на односите, што се одвива со посредство на Европската унија, објави Радио слободна Европа. Како што пренесоа медиумите во Приштина, информацијата за РСЕ ја потврдил портпаролот на ЕУ, Петер Стано. Оваа средба на високо ниво во рамките на дијалогот ќе ја посредува високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. Курти и Вучиќ последен пат разговараа за спроведувањето на договорите од Охрид од февруари 2023 на 14 септември минатата година, но без никаков напредок, поради спротивставени позиции. Неколку дена подоцна, на 24 септември, група вооружени Срби ја нападнаа косовската полиција во селото Бањска – северниот дел на Косово – убивајќи го наредникот Африм Буњаку. Во размената на оган што уследи загинаа и тројца од напаѓачите. Косово ја обвини Србија за овој напад, но официјален Белград негираше одговорност. Претставниците на западните земји неколку пати се обидоа да ги убедат Курти и Вучиќ да седнат на преговарачка маса и да разговараат за чекорите за спроведување на договорот, но безуспешно. Исто така, шефовите на преговарачките тимови на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, неколкупати отидоа во Брисел да разговараат за надминување на кризите, но ниту меѓу нив немаше напредок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПолитички превирања во Унгарија: Тиса бара итен избор на нов претседателПарламентарната група Тиса поднесе иницијатива Унгарскиот парламент да избере нов претседател на Републиката на вонредна седница на 11 август, во согласност со уставните рокови.Парламентарната група Тиса денес поднесе иницијатива Унгарското национално собрание да избере нов претседател на Републиката на вонредна седница во вторник, 11 август. Предлогот предвидува изборот на шеф на државата да биде вклучен како додаток на дневниот ред на вонредната седница на парламентот, закажана за 10 и 11 август, објави унгарскиот портал Индекс. Според образложението на иницијативата, новиот претседател на Републиката треба да биде избран во вторник, 11 август, односно во рокот пропишан со унгарскиот Устав. Иницијативата ја поднесе шефицата на пратеничката група Тиса, Андреа Ана Бујдосо, а покрај лидерот на партијата, Петер Маѓар, ја потпишаа уште 42 пратеници. Фото: ВИТагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСкандал во Хрватска: Запалено српско знаме (ВИДЕО)На хрватскиот портал Индекс се појави видео клип, доставен од читатели, на кој се гледа група млади мажи како палат српско знаме во пресрет на прославата на операцијата „Олуја“.Според Индекс, во пресрет на годишнината од таа акција во Хрватска, две лица се искачиле на надвозник во близина на Оточац и запалиле српско знаме. На видеото се прикажани две лица облечени во црно, со покриени глави. Тие се искачиле на оградата на надвозникот, поставиле српско знаме, а потоа го запалиле. До нив е закачен транспарент на кој пишува: „Фала им за сè, ние сме слободни луѓе, Олуја '95“.Тагови: Олуја Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОколу 800.000 Либанци се вратија домаОколу 800.000 Либанци раселени поради војната на југот на земјата почнаа да се враќаат во своите домови откако престанаа израелските напади, соопштија денес Обединетите нации.„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади и копнена инвазија на Либан во кои загинаа повеќе од 4.300 луѓе и расели стотици илјади. Седмата рунда разговори меѓу Либан и Израел, посредувана од САД, е во тек во Рим за спроведување на претходно потпишан рамковен договор. По петтата рунда разговори во Вашингтон, Либан и Израел потпишаа „рамковен договор“ на 26 јуни. Договорот предвидува спроведување на таканаречената „програма за пилот-зона“, која започна кон крајот на јули, кога израелската армија почна да се повлекува од тие територии. „Рамковниот договор“ предвидува либанската армија да преземе контрола врз делови од јужен Либан и да конфискува оружје од Хезболах, група поврзана со Иран, додека израелските сили постепено се повлекуваат. Фото: ВИТагови: Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter