РСБСП: Започнуваат кампањите за поголема безбедност на возачите на велосипеди и возачите на електрични тротинети - Канал 5

РСБСП: Започнуваат кампањите за поголема безбедност на возачите на велосипеди и возачите на електрични тротинети

Со растечкиот број на корисници на велосипеди и електрични тротинети како превозни средства, потребата од поголема свест и внимателност во сообраќајот е сè поизразена.

РСБСП: Започнуваат кампањите за поголема безбедност на возачите на велосипеди и возачите на електрични тротинети

Користењето на овие превозни средства во сообраќајот, особено во урбаните средини, носи многу придобивки, отвара многу алтернативи за надминување на проблемот со сообраќајниот метеж, гужвата и бучавата во сообраќајот, континуираниот недостаток на паркинг места, загаденоста, итн. но носи и закани за безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Од овие причини, а со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и потсетување на правилата и прописите кои го регулираат сообраќајот за овие категории на учесници во сообраќајот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата започнува со реализација на превентивни кампањи за зголемување на безбедноста на возачите на велосипеди и електрични тротинети, „Безбедно на велосипед “ и „Безбедно на електричен тротинет“.

Целта на кампањите е потсетување на сите учесници во сообраќајот на важноста од почитување на правилата и меѓусебна толеранција, при што ќе бидат опфатени најчестите ризици со кои се соочуваат возачите на велосипеди и електрични тротинети, ќе бидат упатени конкретни совети за безбедно учество во сообраќајот, а како крајна цел ќе биде поттикување култура на заедничка одговорност меѓу сите учесници во сообраќајот.

Преку едукативни видеа, теренски активности и соработка со Министерството за внатрешни работи, локалните самоуправи, училиштата и граѓанските организации, кампањата ќе придонесе за подобра информираност и заштита на овие најранливи групи на учесници во сообраќајот.

Републичкиот совет потсетува дека безбедноста на патиштата е заедничка одговорност и апелира до возачите на автомобили да бидат внимателни и да им отстапуваат доволно простор на велосипедистите и корисниците на електрични тротинети, а до нив — секогаш да користат заштитна опрема, да не се движат по површини кои не се наменети за тој вид на сообраќај и да ги почитуваат сите сообраќајни правила.

Со заеднички ангажман, градиме побезбедна и поодговорна сообраќајна култура за сите.

#ВОЗИОДГОВОРНО – Секој живот е важен!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведени 19-годишник и 13-годишник од Скопје, при тепачка со нож повредени три лица

Извршен е увид на местото на настанот.

Приведени 19-годишник и 13-годишник од Скопје, при тепачка со нож повредени три лица

На 01.09.2026 полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Б.И.(19) и 13- годишник, двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека на 31.08.2026 околу 22:00 часот на територија на Чаир, настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и И.З.(19), 13-годишник и 16-годишни, сите од Скопје, од друга страна, при што 13-годишникот кој е приведен, со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна. И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, а 16-годишникот со телесна повреда. Извршен е увид на местото на настанот, а за понатамошна постапка се одземени три ножа, пендрек и други предмети. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски заедно со кадрите на Венко и Заев со троцифрен број на одобренија за градба, да не глумат борци против бетонизацијата

Горан „бетон“ Герасимовски, со троцифрен број на одобренија за градба, најмалку има право да зборува за бетонизација, уште помалку да ја обвинува опозицијата во Општина Центар, каде што ТОЈ владее заедно со кадрите на Венко и Заев.

ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски заедно со кадрите на Венко и Заев со троцифрен број на одобренија за градба, да не глумат борци против бетонизацијата

Кога на Горан не му успеваат намерите, тогаш за него време е да стопира градби за кои веќе има дадено одобрение.

Како му беше сè во ред кога издал одобрение за градба, а сега глуми борец против бетонизацијата која ТОЈ ја спроведува.

Шемите им смрдат на КОРУПЦИЈА, а нивното расипништво има докажан континуитет.

СДСМ и Герасимовски најмалку имаат право да зборуваат и за интересот на центарци, бидејќи се покажа на дело дека мислат само на себе. Истите методи што сега ги спречивме, во минатото ја чинеа Општина Центар 2,5 милиони евра отштета за градежната компанија „Пелагонија“, која сè исплаќаше со години.

Ако и оваа одлука им поминеше на Совет, уште колку милиони евра ќе требаше да плаќаат центарци, само поради неуспешни комбинаторики на Горан, за кои зборува цел Центар?

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тенисерот Вавринка заминува во пензија

Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка го одигра последниот гренд слем меч во кариерата, откако во првото коло на Ју-Ес Опен загуби од Матео Беретини со 7:6, 7:6, 6:0. 

Тенисерот Вавринка заминува во пензија

Швајцарецот, кој на крајот од сезоната ќе ја заврши професионалната кариера, беше испратен со големи овации од публиката во Њујорк.

Вавринка во Њујорк првпат настапи во 2005 година, а десет години подоцна го освои трофејот, совладувајќи го Новак Ѓоковиќ во финалето. Овојпат до настапот стигна со специјална покана, откако во последен момент се ослободи место во главниот турнир.. „една од причините поради кои играв до 41 година беа токму ваквите моменти“, изјави Вавринка по мечот.

„Тоа ми покажа дека во овие 20 години ја правев вистинската работа – секогаш се борев, излегував на терен и се обидував да го дадам најдоброто од себе“, порача Швајцарецот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер