РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници - Канал 5

РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници

Со пораката „Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател на безбедноста во сообраќајот.

РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и одговорност особено во деновите од Велигденските празници кога се очекува зголемен интензитет на сообраќај особено кон туристичките места.

Со пораката „Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател на безбедноста во сообраќајот.

- Безбедноста не е индивидуална, туку заедничка одговорност – секоја правилна одлука значи спасен човечки живот. Апелот до учесниците во сообраќајот е јасен: – Почитувајте ги прописите и правилата, ограничувањата на брзината и сообраќајната сигнализација – Не управувајте возило под дејство на алкохол – алкохолот и воланот никогаш не одат заедно – Бидете трпеливи покажете култура и етика во сообраќајот – Сите патници во возилото задолжително да користат сигурносен појас - Не користете мобилен телефон додека учествувате во сообраќајот. Секој учесник во сообраќајот има право на безбедно движење, но и обврска да придонесе кон истото. Да ги поминеме празниците безбедно, со внимание и почит кон сите во сообраќајот со една заедничка мисла - „Секој живот е важен“, порачуваат од РСБСП.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски

Договор со коалициските партнери ВРЕДИ и ЗНАМ околу ресорите за најавената реконструкција на владата принципиелно е постигнат, но кадровските решенија ќе бидат соопштени вечерва по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски

Договор со коалициските партнери ВРЕДИ и ЗНАМ околу ресорите за најавената реконструкција на владата принципиелно е постигнат, но кадровските решенија ќе бидат соопштени вечерва по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, порача премиерот Христијан Мицкоски...

По објавувањето на дефинитивниот состав на владата, предложените министри веќе в среда или четврток се очекува да бидат испратени до Собранието, но дали ќе се менува една третина од владиниот состав за што Собранието би гласало за секој министер поединечно или ќе бидат назначени поголем број нови кадри, со што ќе се избира целосно нова влада засега е неизвесно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СП2026: Мароко во пенал рулет ја елиминира Холандија, а Парагвај Германија

Ноќ на изненадувања на 23 Светско фудбалско првенство. Елиминирани фаворитите за висок пласман, Германија и Холандија.

СП2026: Мароко во пенал рулет ја елиминира Холандија, а Парагвај Германија

Светскиот шампион од Бразил, силната Германија уште на стартот на елиминациската фаза го заврши своето учество на Мундијалот во САД, Канада и Мекдсико, слична судбина доживеа и фаворизираната Холандија.

Популарните панцири, во елиминациската рунда се декласирани од незгодниот Парагвај на панели откако во регуларниот тек дуелот заврши без победник 1-1.

Во пенал рулет е елиминирана и селекцијата на Холандија.

Фудбалерите на Мароко се квалификуваа за осминафиналето на Светското првенство со победа над Холандија по подобро изведување на пенали.

Во регуларниот дел натпреварот заврши со 1:1истиот епилог беше и по двете продолженија од по 15 минути, за потоа во пенал рулетот африканската репрезентација да извојува голема победа со 3-2.

Во осминафиналето Мароко ќе игра против еден од кодомаќините на Мундијалот, тимот на Канада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло, попладне услови за локална појава на нестабилност

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информифраат од УХМР. 

Сончево и топло, попладне  услови за локална појава на нестабилност

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска во Скопје времето ќе биде , сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од денеска попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер