РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници - Канал 5

РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници

Со пораката „Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател на безбедноста во сообраќајот.

РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници

По повод Велигденските празници и продолжениот викенд се очекува зголемен интензитет на сообраќајот особено кон туристичките места, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемено внимание и одговорност на патиштата.

Со пораката „Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател на безбедноста во сообраќајот.

Безбедноста не е индивидуална, туку заедничка одговорност – секоја правилна одлука значи спасен човечки живот.

Апелот до учесниците во сообраќајот е јасен:

– Почитувајте ги прописите и правилата, ограничувањата на брзината и сообраќајната сигнализација

– Не управувајте возило под дејство на алкохол – алкохолот и воланот никогаш не одат заедно

– Бидете трпеливи покажете култура и етика во сообраќајот

– Сите патници во возилото задолжително да користат сигурносен појас

- Не користете мобилен телефон додека учествувате во сообраќајот

Секој учесник во сообраќајот има право на безбедно движење, но и обврска да придонесе кон истото.

Да ги поминеме празниците безбедно, со внимание и почит кон сите во сообраќајот со една заедничка мисла - „Секој живот е важен“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Парното во Скопје повторно поскапува: Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?

Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење.

Парното во Скопје повторно поскапува:  Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?

Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. За фирмите и другите правни лица, пак, предвидено е зголемување за околу 13 проценти.

Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас. Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, а од регулаторната комисија велат дека конечните проценти ќе се знаат по одржувањето на редовна седница за барањата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На полноќ бензините поевтинуваат по 2 денари, дизелот 3,5 денари

Од вечерва на полноќ повторно се намалуваат цените на бензините и дизелот.

На полноќ бензините поевтинуваат по 2 денари, дизелот 3,5 денари

Цените на бензините се намалуваат за 2 денари за литар. Еден литар еуросупер-95 ќе чини 82.00 денари, додека еден литар еуросупер-98 ќе чини 84.00 денари.

Цената на дизелот се намалува за 3.50 денари за литар и еден литар еуродизел ќе чини 88.50 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче го повика Рокас: На Македонија ѝ треба помош против антиевропската пропаганда на власта

Филипче го повика евроамбасадорот Михалис Рокас да помогне во интерес на граѓаните и европската индина на земјата.

Филипче го повика Рокас: На Македонија ѝ треба помош против антиевропската пропаганда на власта

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции го повика евроамбасадорот Михалис Рокас да помогне во интерес на граѓаните и европската индина на земјата посочувајќи дека на Македонија ѝ е потребна помош од ЕУ во соочувањето со пропагандата со која власта со години ги претставува чекорите кон членство во ЕУ како предавство.

„И сега ќе го повикам тука на помош и можеби да коментира во даден момент кога ќе сака евроамбасадорот Рокас. По примерот на претседателката Фон дер Лајен којашто кажа дека нас не чекаат во Европа со нашиот идентитет и јазик. Зарем не е тоа најдобар и најголем сигнал дека оваа политика на оваа власт изминативе години, не само од 24, туку и претходно, дека сѐ што направи СДСМ е предавничка политика, практично паѓа во вода.“ рече Филипче.

Тој посочи дека со обвинувањата на Христијан Мицкоски и на владејачката гарнитура дека СДСМ водел предавнички политики, индиректно се обвинува и Европската Унија дека уценува земја кандидат за членство. Филипче потсети на пораката на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека Македонија ја чекаат во Европа со својот идентитет и јазик.

„Зошто никој не збори за Европа? Па затоа што синоним за Европа стана предавство благодарение на оваа пропаганда. Тоа стана Европа. Чекај да не зборам, ќе ме направат предавник. Зошто? Затоа што виткам кичма“, рече Филипче.

Филипче посочи дека на Македонија ѝ е потребна помош од ЕУ во соочувањето со пропагандата со која власта со години ги претставува чекорите кон членство во ЕУ како предавство.

„Предавничка ли е, амбасадоре, тоа што треба да се случи? Има ли предавство зад уставните измени или нема? Треба помош од вас? Нас ни треба, на државата ѝ треба, на граѓаните, на Европска унија ѝ треба помош“, рече Филипче.

Осврнувајќи се на изјавите на Мицкоски за Преспанскиот договор, Филипче посочи дека премиерот во странство признава дека договорот го потврдува македонскиот идентитет.

„Епа двојни стандарди. Еден говор за странство, друг за дома“, рече тој.

Филипче оцени дека извештајот на Европската комисија е катастрофален и укажа на отсуството на напредок во правосудството, борбата против корупцијата, изборното законодавство и медиумите. Тој посочи дека Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија имаат јасен патоказ за следните чекори кон ЕУ, додека Македонија, која беше во пар со Албанија, остана надвор од таа група.

„Национално предавство ли е? Или е само една силна лажна кампања со цел да се држи земјава во изолација, додека цел регион оди напред, а ние гледаме како го пропуштаме можеби и последниот воз“, праша Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер