РСБСП продолжува со активности за одбележување на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Годишно, на светско ниво, 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди.

Превентивната акција „Време е! Разбуди ја свеста и кажи стоп за смртта на патиштата!" која по повод Светскиот ден на Сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), денеска продолжи со реализација на превентивно-едукативни активности во Битола.

РСБСП во соработка со Секторот за превенција при СВР Битола и Здружението на моторциклисти „Ѓорги Стефановски", денеска во Битола организира повеќе јавни настани со цел подигање на свеста за последиците од сообраќајните незгоди и едукација на учесниците во сообраќајот за потребата од целосно и безусловно почитување на сообраќајните правила и прописи.

Во таа насока, како што соопшти РСБСП, покрај превентивната акција за дистрибуција на сообраќајно-едукативни материјали, беше организирано и едукативно предавање за учениците од СОУ „Таки Даскало"- Битола на кое учениците беа едуцирани за ризиците и опасностите кои ги демнат младите возачи во сообраќајот.

Во помен и сеќавање на лицата кои ги загубиле животите во сообраќајни незгоди, а со цел да се сврти вниманието на учесниците во сообраќајот и симболично да се укаже дека човечкиот живот може многу лесно да се загуби доколу не се почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, учениците од „Таки Даскало" пуштиле црни балони на улица „Димитар Илиевски-Мурато".

– На денешниот настан сакаме да испратиме порака во која укажуваме на потребата дека сите учесници во сообраќајот треба заеднички да водат грижа за сопствената безбедност во сообраќајот, но и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Ако го издигнеме етичкиот кодекс во сообраќајот на повисоко ниво, значително ќе ги намалиме ризиците и заканите во сообраќајот. Во таа насока, посебно важна е улогата и однесувањето на младите кои се стекнуваат со право за управување на моторно возило бидејки, според статистиката, сообраќајните незгоди претставуваат водечка причина за смртност на младата популација, истакна претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска.

Како што соопшти РСБСП, годишно, на светско ниво, 1,3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, од кои 400.000 се млади лица на возраст до 25 години, а 20 до 50 милиони лица се повредени. Ваквата состојба потврдува дека безбедноста во сообраќајот е сериозен предизвик не само во земјава туку и на светско ниво.

Со цел да се издигне на повисоко ниво свеста за последиците од сообраќајните незгоди и со цел намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди, РСБСП и во наредниот период ќе продолжи со интензивни сообраќајно-едукативни активности насочени кон сите групи на учесници во сообраќајот и кон сите ризик фактори кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението./МИА

Во Куманово навреме отворени сите гласачки места, во Умин Дол едно со задоцнување

Во Куманово навреме се отворени сите гласачки места освен  гласачко место 1100 во село Умин Дол, каде што поради технички проблеми со апаратот за биометриска идентификација гласањето почнало во 8.45 часот.

Како што соопшти претседателката на Општинската изборна комисија Куманово, Елизабета Стојковска, за проблемот била известена Државната изборна комисија и по официјално барање на ОИК добиена е дозвола од ДИК гласањето да продолжи со УВ-ламба и УВ-спреј.

Според податоците на ОИК, во Куманово право на глас за Претседателските избори имаат 93.508 избирачи, а за Парламентарни избори 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места.

Израел го отвори граничниот премин „Керем Шалом“

Израел го отвори преминот „Керем Шалом“ на својата граница со Појасот Газа, соопшти израелската служба што управува со пунктот.

Канцеларијата соопшти дека камиони со хуманитарна помош веќе минуваат низ проверки на пунктот.

Хамас пред три дена истрела ракети од областа на граничниот премин Рафа. Тие го гаѓаа граничниот премин „Керем Шалом“, при што во нападот беа убиени четворица израелски војници. Излезот беше затворен по нападот.

„САД синоќа беа известени дека граничниот премин „Керем Шалом“ меѓу Израел и Газа ќе биде отворен денеска“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Се гласа во сите избирачки места во Тетово, на две места со употреба на УВ-ламба

Во едно избирачко место во ОУ „Лирија“ во Тетово гласањето почна во 8.40 часот откако беше утврдено дека не функционира апаратот за идентификација. 

Нефункционалноста на апаратот за идентификација е причина гласањето на две избирачки места во Општина Тетово да почне со стариот метод со кој се зема отпечаток од прст на графитно перниче, па се остава отпечаток во избирачки список, а се користат спреј и УВ-ламба за проверка.

- Во едно избирачко место во ОУ „Лирија“ во Тетово гласањето почна во 8.40 часот откако беше утврдено дека не функционира апаратот за идентификација. Со одлука на Државната изборна комисија (ДИК) се користи стариот метод со отпечаток од прст и УВ ламба. Истото е направено во едно избирачко место во село Бозовце каде гласањето почна во 9.22 часот, информираше Зулќуфли Реџепи, претседател на ОИК Тетово

Во Општина Тетово за парламентарните избори право на глас имаат 86.550 граѓани, додека за вториот круг за избор на претседател на државата може да гласаат вкупно 86.405 луѓе.

Од вкупнте бројки, вчера имаа можност да гласаат 54 затвореници, како и 181 лице пријавени за болни и немоќни со право на глас.

притисни ентер