РСБСП ја почна кампањата за матуранти: „На матурска вечер без автомобил!“ - Канал 5

РСБСП ја почна кампањата за матуранти: „На матурска вечер без автомобил!“

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во рамки на кампањите за зголемување на безбедноста во сообраќајот, започна со реализација на кампањата за поголема безбедност на младите во сообраќајот .

РСБСП ја почна кампањата за матуранти: „На матурска вечер без автомобил!“

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во рамки на кампањите за зголемување на безбедноста во сообраќајот, започна со реализација на кампањата за поголема безбедност на младите во сообраќајот - посветена на матурантите, под мотото „На матурска вечер без автомобил!“

Кампањата има за цел да испрати силна порака до младите – да не седнуваат зад воланот доколку консумирале алкохол, туку на матурските прослави да користат јавен превоз, такси или возачка придружба на роднини, одосно да не управуваат со возило.

Со денешниот настан, кој се одржа во средното сообраќајно стручно училиште АСУЦ „Боро Петрушевски“ како почеток на кампањата, започнуваат серија на теренски активности во организација Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишата, МВР и Факултетот за безбедност - Скопје.

Почетокот на кампањата беше одбележан со предавање пред учениците од трета и четврта година – матуранти од училиштето каде свое обраќање имаа Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи, м-р Горан Ангеловски, претседател на РСБСП и Александар Стрезов, директор на АСУЦ „Боро Петрушевски“.

Министерот Тошковски ја истакна важноста од соработката меѓу институциите за унапредување на сообраќајната култура кај младите и апелираше за одговорно однесување во сообраќајот.

„Немојте да си дозволувате да управувате возило и да бидете учесници во рамките на сообраќајот, а притоа да не ги почитувате правилата. Правилата се напишани и се создадени за да ги заштитат човечките животи. Ако сите ние при секое застанување на црвено, поминување на улица, при секое влегување во возилото, ги почитуваме правилата, верувајте ми дека сите овде ќе имаме подобар живот. Секој што се огрешил пред законот, а притоа има докази за тоа, ќе одговара. Никој не е и не може да биде над законот и правилата. Почитувајќи ги правилата, секој еден што го гледаме околу нас, ќе биде побезбеден во рамки на сообраќајот“, потенцираше министерот Тошковски.

Претседателот на РСБСП, м-р Горан Ангеловски, нагласи дека матурските прослави се свечен чин за сеќавање со кој се заокружува еден дел од образованието на секој матурант и целта на оваа кампања е да се одвратат младите да не управуваат со моторни возила и не консумираат алкохол за време на прославите и да се влиаје на намалување бројот на сообраќајни несреќи кај младата популација, особено во овој период кога ризикот е зголемен.

„За време на матурските прослави не треба да консумирате алкохол и да управувате со моторно возило, односно треба да направите матурските прослави да Ви бидат чин кој ќе го паметите многу години, односно целиот живот. Да не дозволиме некое несовесно и неодговорно однесување во сообраќајот да заврши со трагичен крај. – апелираше Ангеловски“

Кампањата ќе продолжи во текот на април, мај и јуни преку низа активности, кои ќе се реализираат во средните училишта во Македонија.

Со оваа кампања, РСБСП уште еднаш испраќа јасна порака:

ПРОСЛАВУВАЈ, НО БИДИ ОДГОВОРЕН – ЖИВОТОТ Е ЕДЕН, КОЈ НЕМА ЦЕНА!

Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП)

Герасимовски: Станарите од Општина Центар да се пријават за субвенции за санација на покриви

Финансиската поддршка изнесува 30% од вредноста на проектот, но не повеќе од 150.000 денари за кровови и 300.000 денари за лифтови, додека 70% од трошоците ги обезбедуваат сопствениците.

Герасимовски: Станарите од Општина Центар да се пријават за субвенции за санација на покриви

Општина Центар-Скопје објавува Јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојни кровни конструкции и лифтови во колективни станбени згради на нејзина територија, согласно Програмата за комунални дејности за 2025 година (Потпрограма ГДО).

„Ги повикувам сите станбени заедници во Општина Центар кои имаат потреба од санација на покриви или поправка на лифтови да аплицираат и да ги искористат средствата што ги нудиме. Ова е можност да се подобрат условите за живеење, безбедноста и енергетската ефикасност во вашите згради,“ изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Финансиската поддршка изнесува 30% од вредноста на проектот, но не повеќе од 150.000 денари за кровови и 300.000 денари за лифтови, додека 70% од трошоците ги обезбедуваат сопствениците. Повикот се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Право на учество имаат заедници на сопственици или управители од Општина Центар чиишто станбени згради се постари од 15 години, со најмалку 70% населени станови. Потребна е одлука со потписи од 50% + 1 сопственик, како и комплетна документација според условите наведени во повикот (договори, понуди, фотографии, технички извештај и др.).

Пријавите се поднесуваат во затворен плик, во Архивата на Општина Центар (барака 6) или по пошта, на адреса: ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, Скопје, во периодот од 10 мај до 30 јуни 2025 година, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Заинтересираните жители може да се информираат на линкот во прилог https://www.centar.gov.mk/?p=25179 или на општинската веб-страница.

Општина Центар

Денеска завршни зборови за судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Денеска завршни зборови за повторното  судењето за пожарот во тетовската модуларна болница. За тешки дела против општата сигурност одговараат Флорин Бесими и Артан Етеми. 

Денеска завршни зборови за судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

На двајцата поранешни директори на болницата им се суди по вторпат откако лани повисокиот суд го врати предметот на ново судење. Одбраната појаснува дека со судењето не се бара одговорност за настанувањето на пожарот, туку за последиците кои ги предизвикал. Тврдат, дека во болницата, имало противпожарни апарати. Пожарот во тетовската модуларна болница избувна на осми септевмри 2021 година, а објектот го проголта за помалку од три минути. Трагедијата одзеде 14 животи на луѓе кои се лекуваа од ковид и нивни блиски кои биле таму. Во потрагата по причините за несреќата, се вклучија и германски истражители. Беше утврдено дека пожарот го предизвикал продолжен кабел за струја на кој бил приклучен дефибрилатор и полнач за мобилен телефон.

Почна Самитот Македонија 2025 - во фокусот забрзување на економскиот раст

Во фокусот забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција.

Почна Самитот Македонија 2025 - во фокусот забрзување на економскиот раст

ЕУ беше, е и ќе остане наша цел, но за жал, ние сме единствената држава во Европа за која не важат критериумите како за другите држави кои станале или се во процес да станат земји членки, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на Самитот Македонија 2025. Тој најави раст на економијата.

Економски експерти, директори на тинк-тенкови, поранешни и сегашни премиери и министри од земјава и од странство, како и експерти од научната заедница од повеќе држави, ќе говорат на панел дискусиите на самитот, на кој се очекува да присуствуваат околу 550 гости.

YouTube video

притисни ентер