МакедонијаРСБСП: „БЕЗБЕДЕН ГРАД – за безбедни учесници во сообраќајот“РСБСП со превентивна кампања за поголема сообраќајна безбедност и поддршка на системот „Безбеден град“.Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – РСБСП, во соработка со Министерството за внатрешни работи, Општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата и другите релевантни партнери, ја реализира сообраќајно-превентивна кампања „БЕЗБЕДЕН ГРАД – за безбедни учесници во сообраќајот“. Kампањата е насочена кон информирање и едукација на сите учесници во сообраќајот, а особено на возачите на моторни возила, за начинот на функционирање на системот „Безбеден град“, неговата улога во откривањето и санкционирањето на сообраќајните прекршоци, како и за правата и обврските на учесниците во сообраќајот чии прекршоци ќе бидат регистрирани со технички средства и уреди за снимање. „Безбеден град“ претставува значаен исчекор кон современ, поефикасен и пообјективен систем на контрола на сообраќајот, во кој примената на современите техничко-технолошки решенија придонесува за навремено откривање на однесувањата со кои се загрозува безбедноста на патиштата. Системот овозможува регистрирање на прекршоци, меѓу кои непочитување на пропишаната брзина на движење, поминување на црвено светло, управување возило со истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање, со можност опфатот на прекршоците во иднина дополнително да се проширува. Неговата примена придонесува кон поголема објективност, неселективност и ефикасност во постапувањето, со намалување на влијанието на човечкиот фактор при идентификувањето и документирањето на сообраќајните прекршоци. Целта, сепак, не е да се санкционираат што е можно поголем број возачи. Целта е што помалку прекршоци, што помалку сообраќајни незгоди и што повеќе спасени човечки животи. Во тој контекст, кампањата има јасна и силна порака: безбедноста во сообраќајот не се гради само со санкции, туку пред сè со одговорност, почитување на правилата и свест дека секое неодговорно однесување може да има неповратни последици. Посебен сегмент од кампањата ќе биде реализиран на граничните премини при влез во Република С. Македонија, каде што возачите на моторни возила, вклучително и возачите на возила со странски регистарски ознаки, ќе добиваат информации и едукативни материјали за системот „Безбеден град“, неговата примена и обврските за почитување на сообраќајните правила. РСБСП упатува јасен апел до сите учесници во сообраќајот: Почитувајте ги правилата. Почитувајте ги сообраќајните знаци. Почитувајте ги другите учесници во сообраќајот. „Безбеден град“ не треба да биде причина да возиме внимателно само затоа што можеме да бидеме санкционирани, треба да биде потсетник дека внимателното и одговорно однесување е наша лична и општествена обврска. Системот може да го регистрира прекршокот. Но, одлуката да не го направиме – ја носиме ние. Со заедничко, одговорно и дисциплинирано однесување можеме да создадеме побезбедни улици, побезбедни градови и побезбедни патишта. БЕЗБЕДЕН ГРАД – ЗА БЕЗБЕДНИ УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ. ЗА ПОМАЛКУ ПРЕКРШОЦИ. ЗА ПОМАЛКУ ЖРТВИ. ЗА ПОВЕЌЕ СПАСЕНИ ЖИВОТИ. ЗАТОА ШТО СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН. Тагови: РСБСП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија 08:31По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ЗдравјеБесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во ЖелезничарВо здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата. Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија 08:31По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија Во Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска на дневен ред е предлогот на буџетот на Македонија за 2027 година, во второ читање. Поднесени се над 100 амандмани. Согласно проекциите, вкупните приходи на буџетот се планирани на ниво од 395,4 милијарди денари, расходите на ниво од 440,4 милијарди денари, додека буџетскиот дефицит е проектиран во износ од 45 милијарди денари или на ниво од 3,5% од планираниот БДП. Отстапувањето од фискалното правило е резултат на очекуваниот фискален ефект од потребата за исполнување на обврските од членството во нато алијансата за капитални вложувања во одбраната, со утврден износ од 2% од БДП-то. Проекциите на даночните приходи се планирани на ниво од 223 милијарди денари, со што тие учествуваат со 17,4% во БДП-то. Воедно износот на проектираните приходи е намален за 1,5 милјарди денари поради обврската за враќање на солидарниот данок кој се прибираше во 2023 година, а врз основа на законско решение за кое уставниот суд заклучи дека тоа било неуставно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до диури 25 степениВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 7 Попова Шапка, 9 Крушево, Лазарополе, 10 Гевгелија, 11 Скопје – Петровец, Струмица, 12 Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Претор, Кавадарци, Тетово, Битола, 14 Прилеп, Куманово, Берово, 15 Велес, 16 Штип, Крива Паланка, Виница, Демир Капија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 9 Лазарополе, 5 Пожаране, 3 Битола, 2 Претор, 1 Попова Шапка, Крушево, Куманово. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПредлог буџет за 2027 година на собраниска комисија 08:31По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20