Рози чита, готви, вози, има 130.000 фанови на Инстаграм, а не е човечко суштество (ФОТО) - Канал 5

Рози чита, готви, вози, има 130.000 фанови на Инстаграм, а не е човечко суштество (ФОТО)

На Инстаграм ја следат повеќе од 130.000 луѓе, таа со нив споделува фотографии од нејзините авантури, шминката ѝ е секогаш беспрекорна, облеката изгледа како да е од модната писта...

Рози чита, готви, вози, има 130.000 фанови на Инстаграм, а не е човечко суштество (ФОТО)

Пее, танцува, манекенка е, но ништо од тоа не е вистинско.

Рози е јужнокорејски виртуелен инфлуенсер, дигитално прикажана личност толку реална што луѓето често претпоставуваат дека е вистинска жена, иако не е.

„Дали си вистинска личност? Или си робот?“ е чест коментар под нејзините фотографии. Имено, компанијата Sidus Studio X со седиште во Сеул ја создаде Рози. Тие велат дека таа е „способна да прави сè што луѓето не можат да го направат, во најчовечка форма“, според Си-Ен-Ен.

Откако беше лансирана оваа виртуелна инфлуенсерка, таа потпиша договори со брендови и спонзорства, се најде на модните писти на виртуелни модни ревии, па дури и објави два синглови.

Индустријата на виртуелни луѓе цвета, а со тоа и сосема нова економија каде инфлуенсерите никогаш не стареат, не предизвикуваат скандали и се дигитално беспрекорни, предизвикувајќи тревога кај луѓето кои се опседнати со недостижни стандарди за убавина.

Технологијата CGI (Computer Generated Image) стои зад создавањето на Rozy. Тоа е сеприсутно во денешната индустрија за забава, каде што уметниците ги користат за да создадат реални нечовечки ликови во филмови, компјутерски игри и музички спотови. Но, дури неодамна се користат за создавање инфлуенсери.

Sidus Studio X, кога ја креирале сликата на Rozy, користеле технологија и ја создале од глава до пети, што е идеално за совршени фотографии на Инстаграм. Но, понекогаш само ја ставаат нејзината глава на телото на вистинска манекенка.

Како и нивните колеги од реалниот живот, виртуелните инфлуенсери создаваат следбеници преку социјалните мрежи, каде што објавуваат снимки од нивните „животи“ и комуницираат со своите фанови. На профилот на Рози се гледа како таа патува во Сингапур и ужива во чаша вино на покривот, а обожавателите постојано ја фалат нејзината облека.

Постарите генерации можеби размислуваат за малку чудна интеракција со „вештачка личност“, но експертите велат дека виртуелните инфлуенсери навистина им се допаднале на помладите Корејци, кои поминуваат голем дел од својот живот на Интернет.

Ли На-кјонг, 23-годишна од Инчеон, почнала да ја следи Рози пред околу две години мислејќи дека е вистинска личност. Рози ја следела, понекогаш коментирајќи ги нејзините објави, а нивното виртуелно пријателство процветало и трае дури и откако Ли ја дознала вистината.

"Комунициравме како пријатели и се чувствував удобно со неа. Не ја сметам како производ на вештачка интелигенција, туку како вистинска пријателка. Ја сакам нејзината содржина. Таа е толку убава", изјавила Ли.

Социјалните медиуми не само што им овозможуваат на виртуелните инфлуенсери да создадат голем број следбеници, туку од таму доаѓаат парите. Инстаграм на Рози е полн со спонзорирани објави каде таа промовира производи за нега на кожа и модни производи.

„Многу големи компании во Кореја сакаат да ја користат Rozy како модел. Оваа година очекуваме лесно да заработиме повеќе од две милијарди корејски вони (околу 1,52 милиони американски долари) само од Rozy“, вели извршниот директор на Sidus Studio X, Баик Сеунг-јуп.

Како што Рози стануваше сè попопуларна, компанијата добиваше се повеќе спонзорства од луксузни брендови како Шанел и Хермес. Нејзините реклами се појавуваат на телевизија, па дури и во „офлајн простори“ на билбордите и автобуските постојки. Моделите се многу барани бидејќи им помагаат на брендовите да допрат до помладите потрошувачи. Освен модата и убавината, меѓу клиентите на Рози се и компаниите за животно осигурување и банките, кои вообичаено се сметаат за старомодни, но нивниот имиџ се променил по соработката со Рози.

Извршниот директор го наведува и фактот дека, во споредба со некои од нивните реални колеги, ваквите виртуелни ѕвезди полесно се одржуваат. Потребни се неколку часа, понекогаш и неколку дена, за да се создаде слика од нивните ѕвезди, а два дена до неколку недели за видео реклама. Тоа е многу помалку време и работа отколку што е потребно за работа со вистински луѓе каде што се трошат недели и месеци во извидување локации, подготовка на осветлување, коса, шминка, стајлинг, постпродукција...

И, исто така, виртуелните инфлуенсери никогаш не стареат, никогаш не се заморуваат од тоа и не создаваат контроверзии. Јужнокорејскиот малопродажен бренд Lotte Home Shopping создаде свој виртуелен инфлуенсер, Луси. И годинава очекуваат од неа голем профит. Имено, Лоте ангажира вистински луѓе за телевизиски реклами на своите производи, кои според нив „чинат многу и ќе се променат кога ќе остареат“.

Така дошле до Луси, која засекогаш ќе има 29 години. „Луси не е ограничена со време или простор. Таа може да се појави насекаде. Нема морални проблеми“, велат од Lotte Home Shopping.

Јужна Кореја не е единственото место што ги прифати виртуелните инфлуенсери. Меѓу најпознатите виртуелни инфлуенсери во светот се Лил Микела, која е создадена од ко-основачите на американски стартап за технологија и има повеќе од три милиони следбеници на Инстаграм и работи со брендови како што се Келвин Клајн и Прада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче покажува дека не знае да ги чита економските параметри

Го информираме Македонија има највисока стапка на раст на БДП во регионот и најниска инфлација.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче покажува дека не знае да ги чита економските параметри

Венко Филипче како предводник на талогот од СДС покажува дека не знае ништо друго освен да излезе во јавност и да ги лаже граѓаните и да шири паника и хистерија.

Овој пат тоа го прави со економските показатели.

Филипче сега покажува непознавање на основните економски работи, односно покажува дека не се разбира од економија и не знае дека треба да се гледаат сите економски параметри, а не поединечно како што прави тој.

Но, тоа е. Ни дава шанса да му објасниме.

Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ води пробизнис и проекономска политика, а за тоа доказ се податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Што велат овие меѓународни институции?

Македонија има највисока стапка на раст на бруто-домашниот производ во регионот и најниска инфлација. Инфлацијата во Македонија е за 25 проценти пониска од европскиот просек, додека економскиот раст во вториот квартал годинава достигнал 4,3 проценти.

Дополнително, оваа Влада и по две години уште се справува со обврските наследени од владата предводена од СДС. Оттука, во 2027 година ќе треба да се рефинансираат или да се вратат заеми во вредност од 2,3 милијарди евра, додека за 2028 година се предвидени обврски од 2,7 милијарди евра. Бројките јасно зборуваат дека ова е значителен финансиски товар кој е наследен.

И покрај се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со предизвиците и продолжува да ги исполнува обврските и реформите. Се работи на одржување и подобрување на економските показатели и покрај меѓународните кризи и покрај наследените проблеми. Затоа кога Филипче нешто не знае подобро нека молчи.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. 

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит

Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол.

Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер