Заштита на децата од сексуална злоупотреба: Можности за воспоставување национална линија за пријавување
1Заштита на децата од сексуална злоупотреба: Можности за воспоставување национална линија за пријавување
Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
2Историски момент за „Војаџер 1“. Сонда е оддалечена еден светлосен ден од Земјата или 25,9 милијарди километри
КултураРождество на Пресвета БогородицаРождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна.Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. Македонскиот народ, како впрочем и сите христијани, со многу внимание ги празнува повеќето празници на Пресвета Богородица, мајката на Спасителот Исус Христос. Така е и во народните умотворби, како во поетските така и во прозните, така и во народните верувања и во народните обичаи. Затоа поголем број цркви низ цела Македонија го носат нејзиното име, а нејзините празници покрај со црковни свечености народот ги празнува и со народни собири, панаѓури и сл. што во минатото траеле и по неколку денови. Така, македонскиот народ, со повеќе или помалку свечености, но секогаш со достојно внимание прославува неколку празници поврзани со името на Пресвета Богородица: Мала и Голема Богородица, Воведение на Пресвета Богородица, (празник познат уште и под името Света Пречиста), Благовештение, Богородичин појас, Покров на Пресвета Богородица, Собор на Пресвета Богородица и др. Народот верува дека Богородица е мајка на сите мајки, дека е заштитничка на жените особено на леунките поради што кога жените раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да поминат. Народот верувал дека Богородица им помагала при породувањето не само на жените христијанки туку и на жените од другите вери. Така на пр. во Разлошко како што запишал М. Цепенков кога некоја жена Турчинка се мачела при породувањето вака ја викале Богородица по турски: „Ела, Муарем-ано, ела, да је поможиш на оваа сирота што се мачи и не може да роди. Поможи е, Муарем-ана, у нас (Муарем-ана ја викаат Богоројца турцки) за побрго да родит." Откако, пак, жената ќе родела и ќе се ослободела, бабата ќе земела метла во рацете и ќе почнела да мети низ куќата најповеќе околу леунката и ќе велела: „Бегај, Муарем-ано, бегај, оти овде турцка е куќата". Така, вели Цепенков, верувале дека со тоа велење ќе дојдела Богородица ќе поможела и пак ќе си одела. Исто така се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. Така на пр. како што запишал Миленко С. Филиповиќ жените од Дебарски Дримкол што немале деца оделе во манастирот во Калишта на Охридското Езеро за да ја занишаат со прст сребрената лелејка (минијатурна лулка) што стоела пред иконата на Богородица. Раѓањето на Богородица не било ни случајно ни обично, затоа што идната мајка на Спасителот Исус Христос требало да се роди од родители свети, чисти и праведни. Тие, исто така, требало да бидат од двете еврејски лози од Давидовата и Ароновата, бидејќи од првата произлегувале еврејските цареви, а од втората старозаветните првосвештеници. Во тоа време меѓу малкуте праведни луѓе во градот Назарет биле и родителите на Пресвета Богородица Јоаким и Ана. Јоаким бил токму од царскиот род Давидов, а Ана од родот на првосвештениците. И двајцата биле многу скромни, побожни и добри, ги помагале сиромасите и болните, а ги советувале младите. Од приходите што ги имале една третина задржувале за себеси, една давале на храмот, а една третина раздавале на сиромасите. Но биле многу несреќни затоа што немале деца. Во тоа време немањето пород се сметало за последица на божја казна за некој голем грев па и за нив многумина се сомневале дека во себе кријат токму таков грев. Јоаким и Ана постојано искрено и со солзи го молеле Бога да им даде рожба и да го симне срамот од нивниот образ, ветувајќи дека ќе ја воспитуваат во вистински благочестив дух и дека ќе ја дадат да му служи во храмот. Луѓето без деца се соочувале и со повеќе забрани, па така не им било дозволено и меѓу првите да принесуваат жртва во храмовите. Еднаш кога на еден голем празник и Јоаким сакал меѓу првите да принесе жртва во храмот во Ерусалим, од првосвештеникот бил прекорен дека тоа не смее да го прави зашто поради гревовите Бог не го дарувал со деца. Јоаким отстапил длабоко навреден и жртвата ја принесол последен. Оттука наместо дома отишол во пустината кај своите стада каде што поминал 40 дена во строг пост и молитви. Го молел Бога да го дарува со рожба. Во тоа време и Ана дома се молела за истата цел. Неа не само што другарките ја прекорувале, туку и слугинките и се потсмевале затоа што немала деца. Еднаш додека била во градината видела како некоја птица си ги рани своите пилиња. На тоа уште повеќе се нажалила и го молела Бога да и даде рожба, и да го симне срамот од нивниот образ, ветувајќи дека ќе ја воспитуваат во вистински благочестив дух и дека ќе ја дадат да му служи во храмот. Јоаким и Ана биле убедени дека со молитви ќе го смилостиват Бога да ги дарува со рожба иако биле во поодминати години. Впрочем и Аврам и Сара, иако, исто така, биле во постари години со волјата Божја добиле дете. И навистина Бог ги слушнал молитвите на праведните Јоаким и Ана и по Архангел Гаврил пратил вест дека ќе добијат женско чедо кое ќе се прослави. Додека Ана искрено се молела пред неа застанал ангел Господов и и рекол: – Ано, Ано, твојата молитва е слушната. Твоите воздишки ги надвишија облаците. Твоите солзи капнаа пред Господа. Ти ќе родиш благословена ќерка поради која ќе бидат благословени сите овоземни родови. Преку неа ќе биде дадено спасението на целиот свет. Ќе ја викате Марија. Во истото време ангелот Господов му се јавил и на Јоаким во пустината и му ја соопштил истата вест. Му кажал уште дека Ана веќе е известена со радосната вест и се наоѓа во храмот во Ерусалим за да принесе жртва. Јоаким веднаш пристигнал во Ерусалим каде што заедно со својата жена принесле жртва во храмот. Потоа им се родила ќерка којашто поради тоа што била измолена со многу солзи и ставиле име Марија, што значело горчлива вода или солза. Според други пак, Марија значи висока или владетелка (владичица). Зачатието на Св. Ана црквата го празнува на 22/9 декември, токму девет месеци пред Мала Богородица. Во чест на денот на раѓањето на Марија, идната мајка на Господ Исус Христос Светата христијанска црква го востановила празникот Рождество на Пресвета Богородица, празник во народот попознат како Мала Богородица што секоја година се празнува на 21 септември според новиот, односно на 8 септември според стариот календар. Иако, како што пишува св. Андрија Критски овој празник може да се земе како „почеток на сите празници", сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури кога ослабнало паганството, христијаните, покрај на Спасителот Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка. Во народното сфаќање, односно во народните верувања, оваа врска на Богородица со нејзиниот син, односно нејзиното мајчинство се смета за света работа. „Ако на запад, во западното христијанство, во центарот на почитувањето на Марија секогаш бил Нејзиниот образ како дева, девственоста, која не била нарушена од мајчинството, за православниот Исток таквата негова срдечна љубов кон Марија, Нејзиното созерцание и – ќе повторам уште еднаш – радосниот восхит од погледот кон Неа, од самиот почеток бил и останува нејзиното мајчинство, Нејзината крвна врска со Исус Христос." Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонскиот народ. Многу цркви што го носат нејзиното име се изградени по соништа, а има и голем број преданија за чудотворни икони со ликот на мајката божја. Стефан Тановиќ сведочи дека во Гевгелиско празникот Мала Богородица се сметал за тежок и аталија празник, а во селото Богородица на овој ден се одржувал голем панаѓур. С. Тановиќ сведочи дека селото Богородица името го добило поради тоа што тука во селската црква престојувала Св. Богородица односно нејзиниот дух. Таа икона во која престојувала Св. Богородица, според раскажувањето на селаните постојано се движела. Додека тука престојувала Богородица, се вели во ова предание, на сите во селото им било добро. Но во 1835 година во месец август, околу пладне црквата се запалила и луѓето убаво виделе како Св. Бугуројца со иконата излетала од пламенот и застанала на камбанаријата. Потоа одлетала на север и повеќе не се вратила. Потоа селото почнало да страда, најпосле го зафатила и чума и малку требало сите да изумрат. Тогаш селаните се сетиле да побараат помош од нивната Св. Богородица којашто тогаш била во селото Конче, Радовишко. Луѓето што отишле да ја викаат да се врати за поклон и носеле една литургија. Таа не се вратила, но во сон им кажала како да се спасат од чумата. Им порачала од дрво близнак да направат рало, да најдат два вола близнаци и двајца браќа, исто така близнаци, да ги прегнат тие волови, и со тоа рало да изораат една бразда околу селото, чумата веднаш ќе престанела. Откако тоа го направиле чумата престанала да беснее. Тановиќ сведочи дека и во негово време жителите на ова село верувале дека нивното село не можело да настрада од чума зашто било изорано од браќа близнаци, волови близнаци и рало близнак. Марко К. Цепенков забележал повеќе преданија за чудотворни икони со ликот на Пресвета Богородица. Според едно од овие преданија „Во селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во таа црква се наоѓа една икона чудотворна. Иконата је од мушама и је со лицето на Св. Богородица; таа икона била најдена горе на планина од една фамилија од селото Коњче. На ден Св. Цареи (Елена и Костадин) било кога ја нашол чоеко некоаш таа икона и од тоа време до ден денеска излегуаат селаните на истото место кај што се нашла иконата, на ден Св. Цареи. Не само Кончани одат тамо, ами и од друзите села што се дојдени тамо одат и тамо свеќаваат вода за здравје и за бериќето што је по поле Богоројца да го чуа". Цепенков уште забележува дека таа икона кога ќе ја оставеле на местото каде што била најдена „ќе се испотела и со тоа веруаат оти била животворна и чудесна". Запишувачот на ова предание уште сведочи дека на празникот Спасоен во селото Коњче се собирал многу народ, поседнувал поземи, некој што не можеле да дојдат праќале нишани „за да му падни иконата на нив". Откако сите ќе поседнеле од црквата ќе излезел еден човек од фамилијата што ја нашла иконата, ја носел иконата во рацете, „ама не како да оди тој, ами како да го носи иконата, и не полека да оди помеѓу луѓето, ами како да го носат ветришта, се ќе трча и со двете раце ќе 'а врти иконата и надесно и налево, ќе 'а навали на глаата на некој чоек, со ќошот од иконата." Така иконата одела од еден човек на друг и секој таксувал по нешто „ја ока вино за манастиро, ја педеседрам масло, ја печеесе пари", и потоа минувала на друг. Арно ама, ако некој сакал да такса многу пари „од шеесе пари нагоре не примала иконата и нестануала од глаата на чоеко, тики сака-неќи малце пари ќе таксуа, да така да стани." Цепенков сведочи дека многумина виделе добро од иконата, а и бериќетот во полето бил богат додека го изведувале овој обред. „Мнозина болни што оделе во с. Коњче во времето коа паѓала иконата оздравуале и мнозина болни оздравеле коа му и однесуале кому капата, кому кошулата и друзите работи. Се забележуало од селаните оти од вадењето на иконата и по луѓето имало здравје и по полето му се чинел бериќето". Цепенков во своите записи пишува уште и за други чудотворни икони со ликот на Пресвета Богородица како што биле таа во Велес, потоа во селото Магарево (Битолско), за чудотворна икона во кичевскиот манастир „Света Пречиста" итн. Овој празник е прв не само од Богородичините празници туку и, воопшто, прв поголем христијански празник по започнувањето на Црковната Нова Година на 14/1 септември. Следниот ден по Мала Богородица односно на 22/9 септември црквата го празнува и споменот на нејзините родители праведните Јоаким и Ана. На Мала Богородица, исто така, се одржуваат големи народни собири во повеќе манастири што го носат нејзиното име како што е манастирот Пречиста кај Кичево, манастирот во с. Матејче, во Осоговскиот манастир итн. Тропар Рождество на Пресвета Богородица Твоето раѓање Богородице Дево, радост му јави на целиот свет, зашто од тебе изгреа Сонцето на правдата – Христос, Бог наш; уривајќи ја клетвата, ни даде благослов; уништувајќи ја смртта, ни дарува живот вечен./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаштита на децата од сексуална злоупотреба: Можности за воспоставување национална линија за пријавувањеНастанот се реализираше во рамки на проектот „Безбеден интернет за деца и млади“, кој го спроведува Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, во партнерство со ИМПЕТУС.По повод Светскиот ден за спречување и заздравување од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство врз децата, денеска во Собранието се одржа настанот насловен „Заштита на децата од сексуална експлоатација и онлајн и офлајн злоупотреба: Можности за воспоставување национална линија за пријавување CSAM“. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Безбеден интернет за деца и млади“, кој го спроведува Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, во партнерство со ИМПЕТУС. Целта на проектот е воспоставување одржлив и интегриран национален систем за заштита на децата и младите во дигиталната средина, преку унапредување на постојните механизми за помош, советување и пријавување штетни и незаконски содржини на интернет. Настанот го отвори пратеничката и претседателка на Клубот на жени пратенички во Собранието, Јованка Тренчевска, која во своето воведно обраќање ја истакна важноста од подигнување на јавната свест за ова исклучително значајно прашање. Таа се осврна и на Предлог-законот за заштита на малолетните лица при користење дигитални услуги и социјални мрежи, кој во моментов е во собраниска процедура. Гонце Јаковлеска, претставничка на Цивика мобилитас, истакна дека нивниот фокус во овој период е премин од дијалог кон конкретни постигнувања. Таа нагласи дека веќе постојат истражувања и податоци кои ја потврдуваат сериозноста на проблемот и дека преку вакви иницијативи се очекува да се придонесе кон промени и воспоставување соодветни механизми за заштита. Претседателката на ИМПЕТУС, Лилјана Пецова Илиеска, ја истакна улогата на организацијата во поддршката на младите, особено како поврзувачка точка меѓу граѓаните и институциите. Таа посочи дека граѓаните можат да се обратат до ИМПЕТУС за проблемите со кои се соочуваат на дигиталните платформи и да добијат соодветна консултација и насоки за понатамошно постапување. Меѓу клучните предизвици што ги посочи беа сложеноста на механизмите за пријавување проблеми на дигиталните платформи, недоволната информираност за постојните механизми, како и поврзаноста меѓу заканите во дигиталниот простор и последиците во реалниот живот. Директорот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, Жарко Змијанац, нагласи дека основната улога на организацијата е застапување на правата и потребите на децата, поради што е неопходно да се изнајдат функционални механизми и соодветни форми на заштита. Тој посочи дека, само 0,2 проценти од постојните случаи се пријавени на СОС-линијата, што укажува на сериозен проблем со недоволната доверба кај младите и нивната информираност за тоа каде и кому можат да се обратат. Како еден од приоритетите ја истакна потребата од унапредување на платформата „Ало Бушавко“ и линијата 116 - 111, со цел нивно зајакнување како доверливи контакт-точки преку кои децата и младите ќе можат да пријават различни форми на насилство и да добијат соодветна поддршка. Во продолжение следеше онлајн презентација на Клои Комсток од Меѓународната мрежа на линии за пријавување материјали со сексуална злоупотреба на деца – INHOPE, на тема „Како функционираат линиите за пријавување и меѓународната соработка“. Презентацијата ги опфати функционирањето на овие механизми, нивната улога во откривањето и пријавувањето незаконски содржини, како и значењето на меѓународната соработка. Во рамки на понатамошната дискусија беа опфатени улогите и надлежностите на клучните институции во процесот „Од пријава до институционално постапување“, со посебен осврт на Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и институциите надлежни за заштита на децата. Беше разгледана и судската перспектива во постапувањето по предмети поврзани со материјали со сексуална злоупотреба на деца (CSAM), при што беше истакнато значењето на навременото пријавување и зачувувањето на доказите. Како клучни заклучоци од настанот беа издвоени: Подготовка на нацрт-модел за воспоставување национална линија за пријавување материјали со сексуална злоупотреба на деца (CSAM), кој ќе биде доставен до надлежните институции; Зајакнување на капацитетите на институциите и стручните служби преку специјализирани обуки; Унапредување на координацијата и соработката меѓу институциите и граѓанските организации; Подобрување на информираноста и довербата кај децата и младите во постојните механизми за пријавување и поддршка; Зајакнување на стручните служби во образованието во препознавањето и соодветното постапување во случаи на насилство и злоупотреба. Настанот ја потврди потребата од координиран пристап, функционални механизми за пријавување и институционална подготвеност, со цел секое дете да има пристап до навремена, доверлива и соодветна заштита, како во дигиталната, така и во реалната средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВештачката интелигенција станува сè поважна за развојот на компаниитеВештачката интелигенција станува сè поважна за развојот и конкурентноста на компаниите. Нејзината примена може да им овозможи побрзо работење, поголема продуктивност и полесен пристап до странските пазари. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски предупредува дека компаниите кои нема навреме да се приспособат на новите технологии ризикуваат да заостанат зад конкуренцијата. Но, за вештачката интелигенција да придонесе за побрзи јавни услуги и развој на домашните компании, потребна е и соодветна инфраструктура, која засега претставува еден од главните предизвици. „Клучот ќе биде институциите побрзо малите и средните претпријатија да прифаќаат употреба на вештачката интелигенција за да ги забрзаат процесите и да си помогнат во сопствениот раст, а јавната администрација побрзо да испорачува услуги за граѓаните.Ние имаме еден голем недостаток на којшто работиме целиот изминат период тоа е непостоењето на големи податочни центри,којашто таа вештачка интелигенција ќе ја процесираат тука во Македонија, предолго време се залажуваме дека со употреба на туѓи податочни центри , туѓи системи,туѓи агенти ќе успееме да развиваме македонски развој. Што се однесува до талентот, до вештината тука воопшто не заостануваме како држава, мислам дека сме на едно исклучително високо ниво“--Стефан Андоновски. Владата најавува поддршка за развој на ИТ-индустријата, со фокус на подобрување на законската регулатива и дигиталната инфраструктура. Целта е создавање услови за нови инвестиции, отворање работни места и поголема економска вредност „Се работи за тема којашто е во топ три теми во светот во моментов. Ние како Влада се обидуваме да ги овозможиме сите услови, и на легислатива и на инфраструктура, со цел да може ИТ-индустријата да расте, да се отвораат нови работни места, да се создава додадена вредност и на тој начин, секако, да расте и економијата.“ --Александар Николоски. Од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии –МАСИТ , во чија организација денес на годишната конференција со учество на домашни и меѓународни експерти, порачаа дека новата генерација вештачка интелигенција отвора нови можности за развој на бизнисот и домашната ИКТ-индустрија. Еден од клучните проекти за примена на вештачката интелигенција е „Везилка“, вреден над пет и пол милиони евра, кој предвидува развој на јазичен модел на македонски јазик и воведување дигитални алатки во институциите. Веќе се потпишани меморандуми за соработка со Собранието и Министерството за образование и наука. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаРечиси една година без плата – работниците на „ФАКОМ“ на протест пред Граѓанскиот суд Со блокада на улицата пред Граѓанскиот суд, вработените од металопреработувачката команија „Факом“, го изразија незадоволството од повеќектатното одложување на постапката за отворање стечај. Од судот пак попладнево соопштија дека е донесено решение за отворање стечајна постапка над фирмата и е назначен стечаен управник. Денешното рочиште беше четврти обид за отворање стечај, откако претходните три биле одложени..Вработените велат дека иако компанијата имала нарачки и работа, тие од 15 април преставале да одат на своите работни места, бидејки од јануари живеат без плата, а регрес за годишен одмор не земале од 2022 година.Од синдикатите бараат судовите да даваат приоритет на ваквите предмети, бидејки зад секоја одложена постапка, велат стојат стотици работници и семејства кои со месеци и години чекаат на своите заработени пари. -10 месеци се оставени на милост и немилост од сите. 10 месеци без придонеси и плата, 10 месеци без здравствено осигурување. Размислете, околу 500 фамилии во денешно време без здравствено осигурување. Која голгота преживуваат овие луѓе позади мене тука,- Аднан Узеировски - претставник на синдикатот на „Факом“. „Факом“ како компанија во изминатиот период, а и моментално, има работа, има нарачки, но од нас непознати причини компанијата не може да ги исплати платите за нашите вработени. Револтот е насочен моментално према овој суд, бидејќи мислиме дека три пати одложување на едно рочиште за отворање на стечајна постапка,- Игор Герасов, претседател на синдикат на индустрија, енергетика и рударство. На проетстот се приклучија и поранешни вработени во градежната компанија Бетон..Иако во нивниот случај стечајна постапка е отворена, велат дека веќе пет години ги чекаат заостанатите поабрувања. -Дел од вработените позади нас се поранешни вработени од градежништво „Бетон“, каде што работодавачот е исти и на „Факом“ и на „Бетон“, меѓутоа за нивна среќа во тоа време се отвори стечајот, по неисплатени осум плати и два регреси за годишен одмор, но петта година веќе нема никаква исплата. Затоа замолуваме да каже и судијката и стечајниот управител до кога овие луѓе ќе чекаат, бидејќи сè понетрпеливи се и не се во ситуација да најдат нова работа или не се во години да можат да работат за да ги прехранат семејствата, едноставно си ги чекаат овие заостанати плати и регрес,- Иван Пешевски - Синдикат за градежништво. Од основниот граѓански суд сооштија дека формалното речение за отворање на стечајна постапка над „Факом“ дополнително ќе биде изготвено и објавено во Службен весник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter