ФормулаРозберг победник во БелгијаВозачот на Мерцедес, Нико Розберг беше најбрз на денешната трка од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Белгија. Трката возена попладнево во Спа ја одбележаа низа инциденти и откажувања. На почетокот при мал судир на двете возила на Ферари, при што Себастијан Фетел и Кими Раиконен поради оштетувања на болидите ги загубија стартните места. На болидот на Карлос Саинц му се дупна задната десна гума при што тој мораше да ја заврши трката. Најстрашно изгледаше излетување на возачот на Рено, Кевин Магнусен кој ја загуби контролата на болидот. Данецот удри во заштитната ограда и за среќа помина со мали повреди. По паузата за да биде исчистена патеката од излетувањето на Магнусен, трката продолжи со доминација на Розберг. Второто место го освои Даниел Рикијардо (Ред Бул), а место на победничкиот подиум избори и Луис Хамилтон од Мерцедес. Од четвртото до десеттото место се пласираа: Ник Хулкенберг и Серхио Перез (Форс Индија), Фетел, Фернандо Алонсо (Мекларен), Валтери Ботас (Вилијамс), Раиконен и Фелипе Маса (Вилијамс). Генерален пласман: Хамилтон 232 бода, Розберг 223, Рикијардо 151, Фетел 128, Раиконен 124, Ферстапен 115,... Кај конструкторите води Мерцедес со 455 пред Ред Бул со 276, трет е Ферари 252,... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаИрска го презема претседателството со Советот на ЕУИрска го презеде шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар.Во оваа пола година еден од главните приоритети на Унијата ќе биде буџетот за следниот седумгодишен период. Ирска, членка на ЕУ од 1973 година, го презема претседателството со Советот по осми пат. Нејзината програма ги истакна економската конкурентност, безбедноста, проширувањето и континуираната поддршка за Украина како свои главни приоритети. Европската комисија, предводена од претседателката Урсула фон дер Лајен, ќе биде во Корк, Ирска, во четврток и петок, како што е вообичаено на почетокот на секое ротирачко претседателство, кога членовите на Комисијата се среќаваат со членовите на владата на земјата што претседава. Денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ќе присуствува на церемонија во Даблин по повод почетокот на претседателството и ќе разговара со ирскиот премиер Мајкл Мартин. Ирска, како претседател, ќе игра клучна улога во преговорите за следната повеќегодишна финансиска рамка (MFF), што ќе биде клучно прашање во втората половина од годината. Пред една недела на Самитот, лидерите на ЕУ ја задолжија Ирска да подготви нова рамка за преговори за износите на МФП и предлог за нови сопствени извори на финансирање за европскиот буџет до октомври. Договор за структурата на идниот седумгодишен буџет веќе е постигнат, а сега останува најтешкиот дел - за големината на буџетот и износите за секоја категорија расходи. Целта е да се постигне договор до крајот на годината, што, со оглед на различните позиции на земјите-членки, ќе биде многу тешко да се постигне. Германија бара буџет за 400 милијарди евра помал. Фактот дека Германија, најголемиот нето придонесувач во европскиот буџет, бара буџет за 400 милијарди евра помал од предлогот на Комисијата, кој предложи износ од два трилиони евра за програмскиот период од 2028 до 2034 година, исто така покажува колку се оддалечени позициите.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски и Дачиќ на Табановце ќе ја промовираат кампањата „Вози одморен“Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе го посети граничниот премин Табановце, каде заедно со министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, ќе ја промовираат летната превентивна кампања „Вози одморен“.Настанот ќе започне во 11 часот и 30 минути и е дел од активностите насочени кон подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот за време на летната сезона, кога се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на граничните премини.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелјиШефот на организираната криминална група- Христијан Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји.Нема резултати – има театар со реконструкција. Ова не е реформа на владата туку козметичка промена на истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти“, велат од опозициската СДСМ. Според нив „внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè во исти раце. Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека нешто се менува. Ова е тактиката на Мицкоски: кога економијата е во колапс, кога буџетот е празен, кога нема пари ни за пензии, кога европскиот пат е блокиран – тогаш се прави „реконструкција“ за да се одвлече вниманието велат од опозициската партија.Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook