Розберг најбрз на трката за ГН на Мексико - Канал 5

Розберг најбрз на трката за ГН на Мексико

Нико Розберг од Мерцедес беше најбрз на трката за Големата Награда на Мексико што се возеше синоќа на патеката „Ерманос Родригез“.

Розберг најбрз на трката за ГН на Мексико
Тој ја оствари четвртата победа сезонава или вкупно 12.та во кариерата, воедно ја прекина е серијата без триумф од јуни годинава. Розберг водеше во текот на целата трка, со исклучок кога менуваше гуми.

Втор целната линија ја мина светскиот шампион Луис Хамилтон, кој веќе ја има обезбедено титулата, додека до трето место и подиумот стигна Валери Ботас од Вилијамс.

Возачот на Вилијамс беше поуспешен од двата болида на возачите на Ред Бул Даниел Квајт и Даниел Рикардо, а успешно го заврши и инцидентот со Кими Раиконен од Ферари.

За слабиот настап на Ферари се погрижи и Себастијан Фетел, кој остна без пласман откако направи неколку грешки.

Ова беше прва трка во Мексико по пауза од 23 години.

Во генералниот пласман води Хамилтон со 345 бодови, пред Розберг со 272, Фетел има 251, Ботас 126, Раиконен 123, Маса 117,...

Кај конструкторите Мерцедес е прв со 617 бодови, Ферари има 374, а Вилијамс 243,.../МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Кисела Вода: Целосно реновиран објектот „Кокиче“ при ЈДГ „Весели Цветови“

Завршени се градежните работи на уште еден дел од објектот „Кокиче“, кој функционира во состав на ЈДГ „Весели Цветови“. 

О. Кисела Вода: Целосно реновиран објектот „Кокиче“ при ЈДГ „Весели Цветови“

Со овој зафат објектот е целосно реновиран. Комплетно е обновен средишниот, постар дел од објектот, кој опфаќа: три занимални во кои престојуваат деца на возраст од 2 до 6 години, кујна, канцеларија и ходникот.

За време на реновирањето, целосно е отстранета ламперијата од ѕидовите, по што е поставена арматурна мрежа и ѕидовите се израмнети и соодветно обработени. Поставен е и нов плафон. Истовремено, извршена е демонтажа, темелно чистење и бојадисување на радијаторите, а поставено е и ново осветлување.

-Континуираното унапредување на условите за децата во градинките останува наш основен приоритет. Со ова реновирање создаваме многу попријатна, побезбедна и поздрава средина за престој и едукација на најмладите. Нашата цел е секое дете да има квалитетни услови за раст и развој, а воспитниот кадар современ и соодветен простор за работа - изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска при посетата на градинката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: Четириесет и еден предлог проект на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции

Четириесет и еден предлог проект на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции - поефикасно планирање и управување со капиталните проекти.

МФ: Четириесет и еден предлог проект на првата конечна приоритетна листа за јавни инвестиции

Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии и Комитетот за јавни инвестиции ја усвои Владата.

Листата ги содржи предлог проектните идеи подготвени и проверени од страна на иницијаторот, односно институцијата којашто го има доставено, а потоа оценети од страна на Министерството за финансии и одобрени од Комитетот за јавни инвестиции.

Министерството за финансии по донесување на Уредбата за управување со јавни инвестиции започна со прибирање предлог-проектни идеи со средна и голема вредност, односно над 5 милиони евра, на коишто Министерството за финансии изврши детална проверка од аспект на комплетноста на документацијата, квалитетот на доставените податоци, стратешката релевантност и основната подготвеност на проектната идеја за понатамошна разработка и врз основа на таа анализа изготви Листа на предлог проектни идеи за јавни инвестиции и мислење за финансиските аспекти, одржливоста и изводливоста на предлог проектна идеја којашто беше доставена до Комитетот за јавни инвестиции на одобрување и доставување до Владата на усвојување.

На листата се содржани проекти од областа на инфраструктурата, образованието, здравството, енергетика, дигитализација, како и проекти од областа на земјоделството и водостопанството.

Првата конечна приоритетна листа, којашто е усвоена, ќе биде клучна основа за дефинирање на новите капитални инвестиции во буџетскиот процес за 2027 година, како и во инвестициските програми на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост, што значи дека институциите при своето идно инвестициско планирање треба да се усогласат со оваа листа.

Имено, вклучувањето на предлог проектите на конечната приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции не значи и обврска за негово финансирање, ниту конечна одлука за негово спроведување. Одлуката за финансирање на предлог проектот ќе се носи понатаму, преку процесот на капитално буџетирање во рамките на расположливите буџетски средства, односно преку инвестициско планирање во рамките на расположливите финансиски средства на јавните субјекти кои не се буџетски корисници, во зависност од зрелоста на проектот и приоритетите на Владата за соодветната фискална година.

Донесувањето на Уредбата, како и на оваа листа е во согласност со Реформската агенда 2024 – 2027 а во насока на управувањето со јавните инвестиции. Уредбата произлегува од Законот за буџети и е донесена минатата година. Комитетот за јавни инвестиции исто така беше формиран минатата година, а првиот состанок се одржа во април оваа година со што започна примена на еден посистематски пристап во планирањето и управувањето со јавните инвестиции во државата. Односно, станува збор за нов начин на организирање и носење одлуки за капитални проекти со вредност над 5 милиони евра, а целта е одлуките за реализација на проектите да се ностат транспарентно и поедноставно да се планираат буџетите за следните години.

Првата конечна приоритетна листа на предлог проекти за јавни инвестиции е објавена на веб-страницата на Министерството за финансии на следниот линк: https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/upravuvanje-so-javni-investiciii-file-Zznn.pdf.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Нервозата кај Филипче расте, талогот од СДС си го покажа вистинското лице

Нервозата кај Филипче расте, а талогот од СДС го покажа вистинското лице.

Манасиевски: Нервозата кај Филипче расте, талогот од СДС си го покажа вистинското лице

СДС долго време тоне во жива кал, па нивното раководство не бира начин како да дојде до политички поен повеќе, а сега тоа го прават преку глумење на жртви со случајот во Ново Село.

Филипче фатен во паника откако се покажаа вистинските лица на “децата” кои токму тој ги прати да направат инцидент во Ново Село.

За Ефтимов и Стојанов не било никаков проблем да отидат на местото каде ќе биде претседателот Мицкоски, и да се обидат да направат инцидент и потоа да се претстават како жртви.

Тие се искусни насилници и тепачи, а доказот е тоа што и двајцата се условно осудени на година и пол затвор, затоа што крвнички тепаа туристи во Струмица. Затоа Филипче ги одбрал токму нив.

Внуци на Заеви, тепачи, насилници и наркомани. Таа е матрицата на СДС, а таа никако не смее да биде иднината на Македонија.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер