Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
1Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
ФормулаРозберг: На Ред Бул ќе му биде тешко да победи на сите тркиШампионот во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг ги процени шансите на Ред Бул за победа на секоја трка оваа сезона.Во исто време, и покрај доминацијата на Ред Бул, Розберг смета дека сезоната е многу интересна - благодарение на борбата на неколку екипи одеднаш за второто место. - Изгледа дека Ред Бул навистина може да го направи тоа. Меѓутоа, проблемот е што во моментов имаат само еден возач кој може да го направи тоа. Перез речиси постојано заостанува поради разни проблеми и тешкотии. Затоа, ќе биде тешко за Ред Бул да го направи ова. Ако зборуваме за ситуацијата во целина, тогаш некои може да ви кажат дека толку силно доминантен тим не е одличен за Формула 1, бидејќи секогаш победува истата личност. Меѓутоа, во некои случаи не е така. На пример, по последната трка, сега имаме два Мекларен подготвени да се борат за подиумот. Ова е особеноста на оваа сезона. Никогаш однапред не се знае кој тим или возач ќе биде втор, изјави Розберг. Во досегашниот дел од сезоната на десетте трките во Формула 1 доминираше тимот на Ред Бул. Макс Верстапен победи осум пати, два пати на врвот беше неговиот клупски колега Серхио Перез. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаИзгасната е климата во зградата на ЕК поради топлотниот бран- на катовите на функционерите, работиПоради топлотниот бран што ја зафати Европа, седиштето на Европската комисија вчера беше принудено да го исклучи системот за климатизација на долните катови.Вработените што работат во зградата Берлејмонт добија СМС-порака напладне: „БЕРЛ - ИТНО - Поради екстремни временски услови, системот за климатизација од 1-ви до 7-ми кат е принуден да се исклучи до крајот на денот“. Во тринаесеткатната зграда се наоѓаат канцелариите на претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен, нејзините 26 комесари и околу 3.000 вработени. Белгија и поголемиот дел од Европа беа погодени од топлотен бран минатата недела со рекордно високи температури, пишува Политико. „Како во феудализмот“ Одлуката предизвика незадоволство кај дел од персоналот бидејќи горните катови, каде што се наоѓаат канцелариите на комесарот и претседателката фон дер Лајен, го одржуваа климатизацијата. „Ова е како феудализам“, изјави за Политико во петокот функционер на Комисијата од пониско ниво, зборувајќи под услов да остане анонимен. Друг функционер се согласи дека тоа е „срам“. Трет вработен кој работи на осмиот кат рече дека дури и со вклучен клима уред, температурата во канцеларијата била 25,7 степени. Претходни упатства и поширок проблем Европската комисија издаде упатства за своите вработени претходно оваа недела, препорачувајќи избегнување на излегување во најжешкиот дел од денот, редовно пиење вода и започнување на работниот ден порано. Сепак, тој совет ги налути некои вработени кои работат во згради без климатизација, како што се оние во Генералниот директорат за земјоделство (DG AGRI), според интерните комуникации што ги виде Политико. Топлотниот бран повторно ја разгоре дебатата за недостатокот на климатизација во домовите и канцелариите низ Европа, каде што само една петтина од домаќинствата имаат климатизација. Во Белгија, една петтина од возовите немаат климатизација, поради што националната железничка компанија беше принудена да откаже голем број линии во шпицот. Проблеми и во Европскиот парламент Европскиот парламент, исто така, се соочи со проблеми оваа недела, каде што имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија поради зголемена потрошувачка предизвикана од зголеменото работење на системот за ладење.Тагови: Европска комисија топлотен бран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаАлбанец од Британија се бори за живот по страшната повреда на одмор во МарбејаАрди Балиу (27), Албанец од Велика Британија, се бори за живот по трагичната несреќа за време на одмор на популарна плажа во Марбеја, Шпанија, каде што доживеал фрактура на 'рбетот, објавува „The Mirror“.Според весникот, Балиу никогаш повеќе нема да може да оди откако сериозно го повредил 'рбетот кога скокнал на глава во морето за време на одморот и не успеал да излезе на површина. Балиу, од Нортхемптон, Англија, пристигнал на одмор во Марбеја, на Коста дел Сол во Шпанија, само пред неколку дена, кога тој и еден пријател решиле да го посетат познатиот залив Кало де Моро, место кое често го посетуваат туристите. Сепак, откако Арди скокнал на глава во водата, неговиот пријател се загрижил кога 27-годишникот не се вратил на површина. Тој викал и барал помош од луѓето што биле во близина. Други пливачи успеале да го извлечат од водата и да го донесат на брегот. Штом бил извлечен на плажата, Арди им рекол на луѓето што му помогнале дека не ги чувствува нозете. Потоа со хеликоптер бил префрлен во болница. Градежниот работник сега се бори за живот, додека неговото семејство собира пари за да го вратат во Велика Британија, каде што досега се собрани повеќе од 34.000 фунти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПреку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
МакедонијаУапсени се 11 возачи, од нив осуммина немале возачка дозволаЛишени од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило, од нив осуммина возеле без возачка дозвола.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, осуммина (четворица во Скопје и по еден во Прилеп, Гостивар, Велес и кавадаречко) управувале возило без возачка дозвола. Поради возење под дејство на алкохол лишени до слобода се двајца возачи (Куманово и Кавадарци), а еден возач во Скопје возел и покрај тоа што за него имало изречена забрана за управување. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПреку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22