Розберг го спореди Астон Мартин со ѕвездената постава на ПСЖ - Канал 5

Розберг го спореди Астон Мартин со ѕвездената постава на ПСЖ

 Светскиот шампион во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг, предупреди дека постои опасност Астон Мартин да стане еквивалент на ПСЖ на светскиот шампионат - да собере многу ѕвезди и да не постигне успех. 

Розберг го спореди Астон Мартин со ѕвездената постава на ПСЖ

Со парите на сопственикот Лоренс Строл, Астон Мартин ги привлече некои од најпознатите имиња во Формула 1 - Себастијан Фетел, потоа Фернандо Алонсо, а неодамна и најуспешниот дизајнер во историјата на спортот, Адријан Њуи.

Покрај ова, Астон Мартин го ангажираше поранешниот шеф на програмата за мотори на Мерцедес, Енди Кауел, а Строл ја надгледува изградбата на новата база на тимот во Силверстоун.

-Погледнете што се случи со ПСЖ во фудбалот. Ги зедоа Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, сите тројца во исто време. Тројца од најдобрите фудбалери во историјата и нивните други играчи се исто така многу добри. А ПСЖ никогаш не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Секако, одлично е кога ќе успеете да ги привлечете најдобрите, но тие мора добро да соработуваат. Адријан Њуи нема да може сам да направи автомобил за освојување на светската титула. Ќе му треба остатокот од тимот. Дали тоа ќе се случи, останува да видиме, изјави Розберг. /МИА

Стармер го повика Иран да се врати на преговарачка маса по американските напади

Британскиот премиер Кир Стармер го повика денеска Иран да се врати на преговарачка маса и нагласи дека стабилноста во регионот останува приоритет, соопшти Даунинг стрит, откако САД синоќа гаѓаа три големи нуклеарни објекти во Иран.

Стармер го повика Иран да се врати на преговарачка маса по американските напади

„Нуклеарната програма на Иран е голема закана за меѓународната безбедност. На Иран никогаш не му било дозволено да развива нуклеарно оружје и САД презедоа акција за ублажување на таа закана“, рече Стармер.

Тој истакна дека ситуацијата на Блискиот Исток останува нестабилна и нагласи дека стабилноста во регионот е приоритет.

Филков: Целта е да го вратиме правосудниот систем кај граѓаните со институции што се отчетни

Министерот за правда Игор Филков во Интервју за МИА првата година од мандатот ја оценува како директна борба за враќање на основната функција на министерството – да служи на правдата и на граѓаните.

Филков: Целта е да го вратиме правосудниот систем кај граѓаните со институции што се отчетни

Ако сакаме доверба – мора да покажеме резултати, вели тој и нагласува дека со новите решенија градат правосудство што ќе биде поблиску до граѓаните, а не до центрите на моќ. За првпат, воспоставуваме јасни механизми на одговорност, контрола и транспарентност – со построги критериуми за избор и напредување на судии и јавни обвинители, но и конкретни алатки за надзор на нивната работа.

Реформите вели дека ќе се случат, не поради тоа што некој од надвор така бара, туку затоа што граѓаните го заслужуваат тоа, нагласувајќи дека тоа значи крај на заштитени привилегии и почеток на вистинска правна еднаквост. Имаме политичка волја и јасна цел – да го испорачаме она што е договорено и потребно.

Тоа не е само усогласување со европските стандарди, туку суштинска правна реформа која ќе ја модернизира казнената политика и ќе даде јасен одговор на организираниот криминал и корупцијата. Конечно ќе има јасни, остри и применливи одредби против корупцијата, злоупотребата на функција, организираниот криминал. -Јас верувам во институциите и во нашиот капацитет да го испорачаме ова. Реформите не се само формалност – тие се одраз на нашата политичка волја, одговорност и визија за праведно општество, нагласува Филков во интервјуто.

Мојата цел е едноставна: да го вратиме правосудниот систем кај граѓаните. И токму преку овие закони почнуваме со тоа – со институции што се отчетни, професионални и неподложни на влијанија.

За првпат, имаме алатка што  ќе биде поекономично решение за државата, а похумано за осудените лица и  заштита за општеството. Електронските алки, посочува Филков, се модерна алтернатива на казна затвор. Ова не е само технички чекор – тоа е порака дека системот почнува да гледа на казната не само како репресија, туку како можност за ресоцијализација. - Промената што ја водиме е длабока: од затвор кој деградира, кон систем кој интегрира. Од казна заради одмазда, кон казна која враќа човек во општеството. Тоа не се празни зборови – тоа се конкретни чекори кои веќе се случуваат, вели Филков.

Во интервјуто со министерот Филков разговараме и за измените на Изборниот законик, барањата за екстрадиции, ресурсите во правосудството и дигитализацијата... Во продолжение следи целото интервју со министерот за правда Игор Филков.

Министре Филков, месецов навршува првата година од вашиот мандат. Правосудството е областа каде државата имаше најмногу критики, до каде се реформите за враќање на довербата на јавноста?

- Оваа прва година беше борба – директна, фронтална, со оние кои со децении ја заробија правдата и ја претворија во алатка на елитите. Министерството за правда го презедов во состојба што без претерување може да се нарече институционален колапс. Затворена институција без допир со реалноста и реалните потреби на граѓаните. Финансиски ресурси речиси и да немаше – буџетот беше испразнет, а обврските останати, непокриени.

И затоа, мојата прва задача беше – враќање на основната функција на министерството: да служи на правдата и на граѓаните. Но, и да го отвориме министерството и сите процеси во него да бидат транспарентни и отчетни. Уште од вториот ден се зафативме со работа, анализирајќи ги состојбите и адресирајќи ги децениски наталожените проблеми во правосудниот систем.

За само една година успеавме да направиме нешто што беше блокирано со децении. За почеток, одговоривме на се погласното барање на граѓаните за поништување на десеткратно зголемената Нотарска тарифа. Ја поништивме одлуката на претходната Влада како одговор на неоснованото прекумерно зголемување на тарифата направено непосредно пред заминувањето на претходната власт на крајно нетранспарентен шверцерски начин. Отворивме канцеларија на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство. После 10 години од набавката, ставени се во употреба алките за електронски надзор; после 14 години овозможивме целосна имплементација на системот Фемида - аудио-визуелен систем за снимање на судските рочишта; после 8 години Комората на вештаци стана функционална, запишана е во Централен регистар со што обезбедуваме поголема транспарентност, независност и професионалност во процесот на вештачењето и во тек е пријавување за полагање на теоретскиот дел од испитот за вештак.

Законите кои се дел од реформската рамка се подготвени или се во финална фаза на усвојување. Јас не ветувам дека ќе биде лесно, но се надевам дека ќе успееме да ја вратиме довербата на граѓаните во правосудниот систем. Реформите ќе се случат, не поради тоа што некој од надвор така бара, туку затоа што граѓаните го заслужуваат тоа. Овие закони не се само технички измени – тие се суштинска корекција на системот кој предолго беше затворен, бавен и често селективен. Со новите решенија градиме правосудство што ќе биде поблиску до граѓаните, а не до центрите на моќ.

За првпат, воспоставуваме јасни механизми на одговорност, контрола и транспарентност – клучни предуслови за граѓаните да почнат повторно да веруваат во системот. Ќе има појасни рокови, построги критериуми за избор и напредување на судии и јавни обвинители, но и конкретни алатки за надзор на нивната работа. Тоа значи крај на заштитени привилегии и почеток на вистинска правна еднаквост. Ако сакаме доверба – мора да покажеме резултати. Овие закони се токму тоа: порака дека правдата нема да биде само принцип на хартија, туку реална, секојдневна заштита за секој граѓанин.

Владата неодамна донесе одлука за формирање на Совет за следење на реформите во правосудството. Вие сте претседател, кој се членува и која е неговата функција?

- Советот за следење на реформите во правосудството е веќе формиран. Неговата главна улога е да обезбеди систематско и објективно следење на имплементацијата на клучните реформски документи – Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028, нејзиниот Акциски план, како и мерките од Реформската агенда 2024–2027 во делот на фундаменталните вредности и владеењето на правото.

Формирањето на единствен и координиран Совет спречува создавање паралелни тела со преклопени надлежности и состав, со што се избегнуваат непотребни трошоци и недоследности во извештаите. Советот ќе даде реална слика за напредокот на реформите, ќе овозможи навремено идентификување на предизвиците и ќе придонесе за усогласен, континуиран и ефективен реформски процес.

Во неговиот состав се вклучени претставници од клучните институции – особено правосудните – како и искусни експерти, чие знаење и искуство се клучни за креирање и следење на реформите што ќе ја носат државата напред.

Како сте задоволни од динамиката на спроведување на реформската агенда во рамки на процесот на имплементација на Планот за раст на Западен Балкан? Дали ќе се стигне со законите што треба да бидат донесени до крајот на овој месец? (Закон за судски совет) Кои реформи остануваат да се направат до крајот на годината? (нов Кривичен законик)?

- Динамиката на спроведување на реформите е интензивна, фокусирана и целосно усогласена со обврските што ги имаме преземено во рамките на Планот за раст на Западен Балкан. Свесни сме дека ова не е само технички процес, туку и стратешки момент за државата. Овие реформи значат конкретни бенефити за граѓаните – владеење на правото, поефикасна и праведна правда, и посилни институции. Имаме политичка волја и јасна цел – да го испорачаме она што е договорено и потребно. Роковите ги следиме дисциплинирано. Од 8 закони од Реформската агенда со рок до јуни 2025 година, 5 се испратени до Влада, а останатите се во финална фаза.

Законот за Судскиот совет е во завршна фаза и очекувам да биде усвоен до крајот на месецот, како што и беше предвидено. Ова е клучен чекор за зајакнување на независноста и транспарентноста во судството. До крајот на годината не чека уште една важна задача – носењето на новиот Кривичен законик. Тоа не е само усогласување со европските стандарди, туку суштинска правна реформа која ќе ја модернизира казнената политика и ќе даде јасен одговор на организираниот криминал и корупцијата. Конечно ќе има јасни, остри и применливи одредби против корупцијата, злоупотребата на функција, организираниот криминал. Јас верувам во институциите и во нашиот капацитет да го испорачаме ова. Реформите не се само формалност – тие се одраз на нашата политичка волја, одговорност и визија за праведно општество.

Минатата недела имавте онлајн состанок со Венецијанската комисија за Законот за Судски совет. Кои се нивните мислења? Кои се клучните измени предвидени во новиот предлог-закон за Јавно обвинителство и како тие ќе одговорат на препораките од Оценската мисија?

- Да, го добивме мислењето од Венецијанската комисија за Предлог-законот за Судскиот совет. Станува збор за конструктивен и содржаен документ што содржи јасни насоки и препораки, особено за деловите на кои ние како Министерство вложивме сериозен фокус. Тие забелешки веќе се разгледани. Особено значајно за нас е што Комисијата го препозна транспарентниот и инклузивен процес при изработката на законот – преку јавни расправи, експертски консултации и вклучување на сите клучни чинители. Тоа е потврда дека одиме во вистински правец и дека нашите реформи се усогласени со европските стандарди. Овој пристап директно придонесува за зајакнување на довербата во законодавниот процес и во правосудството во целина.

Кога зборуваме за доверба во правосудството, тоа мора да почне од институциите што го водат системот – Судскиот совет и Јавното обвинителство. Затоа тргнавме од таму.

Советот, досега замислен како гарант на независноста, премногу често беше глув за скандали и молчеше кога требаше да дејствува. Сега тоа се менува. Воведуваме строги критериуми за избор и разрешување, обврска за транспарентност, контрола на интегритетот и, најважно, механизми за лична одговорност. Нема веќе „не знаев“, нема веќе „немав ингеренции“. Ќе има име и презиме за секоја одлука. За првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ – и сега директно одговараме на таа препорака.

Што се однесува до обвинителството – таму правиме клучен чекор. Јавното обвинителство повеќе нема да биде „затворена кутија“ зад која се кријат одлуки без објаснување. Новиот закон ќе обезбеди отчетност, засилена контрола од јавноста, како и рамнотежа меѓу хиерархијата и професионалната слобода. Не сакаме обвинителство што калкулира, туку што постапува. Воведуваме систем за редовна и објективна евалуација на обвинителите, како и јасна линија на одговорност. И во овој закон, внимателно ги вградивме речиси сите клучни забелешки од Оценската мисија.

Мојата цел е едноставна: да го вратиме правосудниот систем кај граѓаните. И токму преку овие закони почнуваме со тоа – со институции што се отчетни, професионални и неподложни на влијанија.

Уставен минатата година укина две одредби од Законот за облигациони односи, со што извршувањето повторно не застарува. Дали се размислува опција да се надмине таа одлука, и да се донесе ново законско решение со рокови за застарување за да не биде еднаш должник, засекогаш должник?

- За да го разбереме овој процес подобро, мора да појасниме неколку основни работи. Никој не треба да остане должник или да се најде под присилно извршување без причина. Основата на една правна држава е почитувањето на финансиските обврски и уредноста на граѓаните. Секој кој има правосилна судска или нотарска одлука е должен да ги исполни своите обврски во рок, што воедно ја исклучува можноста да биде предмет на извршување. Меѓутоа, треба да имаме јасна свест дека прекумерната заштита на должниците не води кон развој на општеството или економијата. Зад секој должник стои доверител кој очекува да ги оствари своите права, гарантирани со судска одлука. Јавноста беше збунета и изманипулирана со брзите законски измени на овие закони, кои во 2024 година беа укинати од Уставниот суд.

Министерството за правда внимателно и континуирано го следи овој процес и секоја идна законска интервенција ќе биде втемелена на експертски анализи и прецизни проценки, со единствена цел – правдата и одговорноста да бидат на страната на граѓаните и државата.

На брифингот минатата недела рековте дека новиот Изборен законик е во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Што е разликата со измените кои се веќе во собраниска процедура? Што предвидуваат тие? Како се уредува прашањето со независните кандидати?

- Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат членовите 17 и 18 од измените и дополнувањата на Изборниот законик кои беа донесени во март 2024 година, мора да се почитува и е во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Стручните служби на Министерството за правда подготвија Измени на Изборниот законик во кои беа имплементирани препораките на ОДИХР и предлогот е доставен до ОДИХР на мислење.

Сепак треба да се има предвид дека изборното законодавство бара широк политички консензус и ќе биде потребен конструктивен пристап и поддршка од клучните политички фактори во земјата, нешто кое за жал во досегашните изборни циклуси резултираше со дискрепанци меѓу нацрт верзијата на законот подготвена со поддршка на ОДИХР и усвоениот законик од страна на Собранието.

Во минатото, во Законот за кривична постапка постоеше член 15 со кој судот беше должен да ја утврди вистината, независно од аргументите што ги нудат ЈО и одбраната. Тој член се укина, па сега на судот во оваа насока му се врзани рацете и се зависи од обвинителството и одбраната. Дали евентуално сте размислувале за промени на ЗКП и во тие рамки враќање на некогашниот член 15 чие бришење ја оддалечи македонската кривична постапка од континенталното европско право?

- ЗКП е комплексен закон и треба да се гледа како концепт во целина. Согласно начелото на објективност, судот и државните органи се должни со еднакво внимание да ги испитуваат и да ги утврдат како фактите што го товарат обвинетиот, така и оние што му одат во корист.

Судот одлучува врз основа на факти и докази изведени на главна расправа. Дали е тоа вистината, никој не може да тврди, затоа што во судската практика има многу случаи кога поради нови факти и нови докази кривичната постапка се повторува и се донесува поинаква пресуда. Дали е тоа нова вистина? Не. Само со новите факти и докази одлуката е поблиска до она што навистина се случило. 

Во ЗКП е особено нагласена процедуралната правичност и поделбата на процесните функции: јавниот обвинител да гони (прибира докази и поднесува обвинение), одбрана да изнесува противаргументи ако се одлучи за теза на активна одбрана и судот којшто мора да биде независен арбитер кој одлучува. Во ЗКП судот има и право да нареди супервештачење со цел правилно утврдување на (не)вистинитоста и (не)постоењето на определени факти. Сето ова му овозможува на судот да донесе пресуда којашто ја одразува докажаната фактичка состојба.   

Како го оценувате тековниот процес на екстрадиција во Македонија? Дали има потреба од реформи во оваа област? Кои се главните предизвици со кои се соочува Министерството за правда при спроведување на постапките за екстрадиција на барани лица? Колку случаи на барања за екстрадиција се во тек во моментов и од кои држави доаѓаат најчесто тие барања?

- Екстрадициите се чувствителен, но клучен дел од меѓународната правда. Постапките се одвиваат во согласност со Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, билатералните договори со кои е уредено прашањето за екстрадиција, како и меѓународни мултилатерални конвенции, од кои најчесто применувана во пракса е Европската конвенција за екстрадиција со дополнителните протоколи. Законот за меѓународна соработка во кривичната материја е релативно нов закон кој што во практичната примена во овие неколку години не покажа недостатоци во однос на постапките за екстрадиција.

Најголем предизвик во оваа област е потребата од воспоставување на реципроцитет со државите кои не се потписнички на важечките меѓународни мултилатерални конвенции од областа на екстрадицијата имајќи предвид дека таа е еден од најважните видови на меѓународна соработка што се базира врз меѓународната солидарност и соработка во спречување на криминалитетот бидејќи оневозможува сторителите на кривичните дела со бегство во друга држава да го избегнат судењето, односно извршувањето на правосилно изречената казна.

Во однос на бројот на предмети, само во 2025 година во Министерството за правда се работело на 243 предмети за екстрадиција од кои 39 предмети се по барање на странска држава, а 204 предмети се по барања упатени од наша страна до надлежните органи во странство. Република Северна Македонија најмногу барања за екстрадиција има упатено до СР Германија.

Ажурноста и ефикасноста на судовите во голема мера зависи од ресурсите – финансии и кадар. Министерот за правда по функција е член на Судскиот буџетски совет, што правите за подобрување на условите за работа на судовите? Недостиг на судска служба и кадар во судовите? Проблем со ниските плати и протестот на судската администрација?

- Министерството за правда е свесно за предизвиците со кои се соочуваат судовите, особено во однос на недостигот на стручен кадар, ниските плати и условите за работа на судската администрација. Со цел подобрување на правосудниот систем и зајакнување на неговата ефикасност и независност, подготвивме неколку клучни законски решенија кои веќе се доставени во владина процедура.

Станува збор за следните предлог-закони: Предлог Закон за судска служба – со кој се уредуваат статусот, правата, обврските и унапредувањето на судската администрација, со посебен акцент на зголемување на ефикасноста и професионалноста; Предлог Закон за платите на јавните обвинители – за подобрување на материјалниот статус на јавните обвинители и обезбедување мотивација за стручен и независен кадар; Предлог Закон за платите на судиите – кој предвидува унапредување на системот за избор, оценување и плати на судиите, со цел зајакнување на нивната независност и отчетност; Предлог Закон за платите на членовите на Судскиот совет и Предлог Закон за членовите на Советот на јавни обвинители – со кои се предвидува систематизирање и уредување на надоместоците и статусот на овие тела, значајни за саморегулација и надзор во правосудниот систем.

Министерството за правда води инклузивен процес и активно соработува со релевантните институции, како и со синдикатите, со цел наоѓање одржливи решенија за проблемите со кои се соочуваат судската администрација и правосудниот кадар.

До каде е процесот на дигитализација на судството? Колку средства се одвоени минатата година само за дигитализација, а колку планирате во следната? Колку сте задоволни од работата на Советот за ИКТ во правосудните органи?

- Советот за ИКТ е клучен во дигиталната трансформација на правосудниот систем и задоволен сум од неговата работа. Тој не е само советодавно, туку и стручно и координациско тело, кое овозможува ефикасна и практична соработка меѓу институциите. Оваа година неговиот состав е зајакнат со искусни ИТ и правни експерти, што резултира со побрзи и поефикасни решенија. Имаме конкретни резултати – системот АКМИС е целосно функционален во Врховниот суд, институциите успешно разменуваат податоци преку интероперабилната платформа, а Националниот портал веќе нуди неколку електронски уверенија.

Судовите и обвинителствата веќе ги користат дигиталните сервиси на МВР – од пристап до податоци за адреса, државјанство, до податоци за возила. Истовремено, МВР пристапува до казнената и кривичната евиденција и други релевантни податоци што ги водат судовите. Националниот портал за електронски услуги www.uslugi.gov.mk веќе овозможува пристап до неколку електронски уверенија, а работиме на тоа да го прошириме опсегот со нови, како уверението за недостиг на деловна способност. Дигитализацијата мора да остане приоритет – како инвестиција во ефикасна и достапна правда.

Неодамна ги ставивте во функција електронските алки. Какви се првичните искуства? До каде е новиот Закон за пробација? Дали се планирани и други законски измени за намалување на пренатрупаноста во затворите? Освен пренатрупаноста, проблем се и условите во Казнено поправните установи. Што се прави за нивно подобрување? Што е со недостигот на затворска полиција?

- Министерство за правда - Управата  за извршување на санкциите на 19 мај 2025 година  одржа настан за промоција на системот за електронски надзор. Веднаш после промоцијата беа известени сите основни и апелациони судови, Врховниот суд, Судски совет и Академија за судии и јавни обвинители за тоа дека е надграден и функционален системот и дека наскоро ги очекуваме првите судски одлуки каде опремата ќе има своја примена. До денешен ден од страна на судот се уште немаме добиена одлука за куќен затвор (или замена на казна затвор со куќен затвор) или за условен отпуст со електронски надзор. Со примената на електронскиот надзор (алките) се очекува намалување на преполнетоста во казнено-поправните установи.

Работната група задолжена за подготовка на нов Закон за пробацијата подготви конечна верзија на законот, и набрзо истиот ќе биде поставен на ЕНЕР.

Електронските алки се модерна алтернатива на казна затвор. За првпат, имаме алатка што  ќе биде поекономично решение за државата, а похумано за осудените лица и  заштита за општеството. Ова не е само технички чекор – тоа е порака дека системот почнува да гледа на казната не само како репресија, туку како можност за ресоцијализација.

Знаеме дека  дел од установите  се пренатрупани и  дека условите во некои установи се  далеку од европски стандарди и дека со години се трупале проблеми без да се решаваат. Затоа инвестираме  и во реновирање,  како и во делот на изградбата на нови објекти и во таа насока  ќе започне изградба  на втора фаза на КПД Идризово со што значително ќе се подобрат условите во најголемиот затвор во Македонија.

Исто така  инвестираме и во  најважниот ресурс – луѓето. Недостигот на затворска полиција не е само прашање на бројки, туку на безбедност, достоинство и функционалност. Веќе се обезбедени нови вработувања на затворскиот персонал во казнено-поправните установи,  со јасни критериуми. Работиме и на подобрување на обуката, психолошката поддршка и безбедносните услови за вработените лица.

Промената што ја водиме е длабока: од затвор кој деградира, кон систем кој интегрира. Од казна заради одмазда, кон казна која враќа човек во општеството. Тоа не се празни зборови – тоа се конкретни чекори кои веќе се случуваат. /МИА

Во живо

последно ажурирање пред 17 минути

САД го нападна Иран, Трамп се заканува, Иранците најавуваат одговор, испукуваат ракети кон Израел

​Американските сили нападнаа три ирански нуклеарни објекти во „многу успешен удар“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека Фордоу, „скапоцениот камен во круната“ на нуклеарната програма на Техеран, повеќе не постои. 

САД го нападна Иран, Трамп се заканува, Иранците најавуваат одговор, испукуваат ракети кон Израел
пред 17 минути10:26

Саудиска Арабија изразува „голема загриженост“

Саудиска Арабија изрази „голема загриженост“ поради нападите на САД врз Иран.

Таа ја повика меѓународната заедница да ги удвои своите напори во такви „исклучително чувствителни околности“ за да постигне дипломатско решение.

Ова, би било клучно за „постигнување безбедност и стабилност во регионот“.

Пораката ја објави саудиското Министерство за надворешни работи на социјалните медиуми.

пред 51 минути09:51

Авиокомпаниите го избегнуваат Блискиот Исток

Авиокомпаниите денес продолжија да избегнуваат големи делови од Блискиот Исток по американските напади врз иранските нуклеарни постројки, според веб-страницата за следење летови FlightRadar24, при што сообраќајот веќе го заобиколува воздушниот простор на регионот поради неодамнешните меѓусебни ракетни напади од страна на Израел и Иран.

„По американските напади врз иранските нуклеарни постројки, комерцијалниот сообраќај во регионот функционира според новите ограничувања на воздушниот простор воведени минатата недела“, објави „FlightRadar24“ на својата „X“ платформа.

Нивната веб-страница покажува дека авиокомпаниите не летаат во воздушниот простор над Иран, Ирак, Сирија и Израел. Тие избрале други рути како што се северно над Каспиското Море или југот над Египет и Саудиска Арабија, дури и ако тоа резултира со повисоки трошоци за гориво и екипаж и подолги летови.

пред еден час09:40

Американски конгресмени ја доведоа во прашање законитоста на потегот на Трамп за бомбардирање на Иран

Неколку членови на американскиот Конгрес од двете партии ја доведоа во прашање законитоста на потегот на американскиот претседател Доналд Трамп за започнување воени напади врз Иран.

Додека конгресните лидери на Републиканците и многу членови на Конгресот ја поддржаа одлуката на Трамп да ги бомбардира главните нуклеарни објекти на Иран, најмалку двајца републикански пратеници им се придружија на демократите тврдејќи дека Трамп донел неуставна одлука да го бомбардира Иран без одобрение од Конгресот, објави Ен-Би-Си Њуз.

„Иако одлуката на претседателот Трамп (да ги бомбардира нуклеарните објекти на Иран) може да биде праведна, тешко е да се замисли образложение кое е уставно. Со нетрпение ја очекувам неговата следна изјава“, објави на мрежата Икс пратеникот Ворен Дејвидсон, републиканец од Охајо, кој го поддржува Трамп.

пред еден час09:34

Израел го затвора својот воздушен простор и ги заострува безбедносните мерки по американските напади врз Иран

Воздушниот простор на Израел е затворен до натамошно известување „поради најновиот развој на ситуацијата“, објави изутринава Израелската администрација за воздухопловство по синоќешното бомбардирање на Иран од страна на САД.

„Воздушниот простор на Државата Израел е затворен за влез и излез поради најновите случувања“, се вели во соопштение на властите, во кое се наведува дека копнените премини [со Египет] и Јордан работат нормално.

Израел го затвори својот воздушен простор на 13 јуни по нападот врз Иран, што ја предизвика тековната војна меѓу еврејската држава и Исламската Република. Воздушниот простор беше повторно отворен во петок за летови за враќање на Израелци заглавени во странство. Во меѓувреме, Израел го зголеми нивото на тревога во целата земја.

„Со одобрение на министерот за одбрана Израел Кац и по проценка на ситуацијата, беше одлучено дека од денес (недела) во 15:45 часот (00:45 GMT) сите региони во земјата [ќе преминат] од нивото на „делумна“ или „ограничена“ активност на нивото на „само исклучително неопходна“ активност, што вклучува „забрана за образовни активности, собирања, работни активности, со исклучок на клучните сектори“, се наведува во воено коминике.

пред еден час09:31

Иранската организација за атомска енергија соопшти дека нема да дозволи прекин на нуклеарниот развој на земјата

Организацијата за атомска енергија на Иран денеска соопшти дека нема да дозволи развојот на „националната индустрија“, имајќи го предвид нуклеарниот развој на земјата, да биде запрен, јавија светските агенции.

Таа потврди дека се извршени напади врз нејзините нуклеарни постројки во Фордоу, Исфахан и Натанц, но нагласи дека нејзината работа нема да биде запрена.

„Организацијата за атомска енергија на Иран ја уверува големата иранска нација дека и покрај злонамерните заговори на нејзините непријатели, со напорите на илјадници нејзини револуционерни и мотивирани научници и експерти, нема да дозволи да се запре развојот на оваа национална индустрија, за која нашите нуклеарни маченици ја пролеаја својата крв“, се вели во соопштението на агенцијата, цитирано од Асошиејтед Прес.

Организацијата наведе дека нападите врз нејзините нуклеарни постројки го прекршуваат меѓународното право, без да го образложи обемот на штетата од американските напади, кои претходно ги објави претседателот Доналд Трамп. Таа соопшти дека на својата агенда ги ставила потребните мерки, вклучително и правни постапки, за заштита на правата на Иран и додаде дека очекува меѓународната заедница да го осуди „беззаконието засновано на законот на џунглата“ и да го поддржи Иран во остварувањето на своите легитимни права.

пред еден час09:22

МААЕ: Нема зголемена радиоактивност по нападот на САД врз цели во Иран

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) изутринава соопшти дека нема „зголемување на нивото на радијација надвор од објектите“ по американските воздушни напади врз три ирански нуклеарни објекти, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение на нуклеарното надзорно тело на ОН објавено на платформата Икс.

„МААЕ може да потврди дека досега не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од територијата на објектите. Меѓународната агенција за атомска енергија ќе даде дополнителни проценки за ситуацијата во Иран кога ќе има повеќе информации“, се наведува во соопштението на МААЕ.

пред еден час09:14

Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран со нови напади ако Техеран не склучи мир, јави ДПА.

„Или ќе има мир или ќе има трагедија за Иран, многу поголема од она што го видовме во последните осум дена“, рече Трамп во обраќањето до нацијата од Белата куќа, откако претходно објави дека САД нападнале три нуклеарни постројки во Иран.

„Запомнете, останаа уште многу цели“.

Трамп рече дека САД извршиле напади што „целосно и тотално ги уништиле“ клучните постројки за збогатување ураниум. Тој додаде дека Иран „мора да склучи мир сега. Ако не го сторат тоа, идните напади ќе бидат многу поголеми“.

Нешто повеќе од два часа претходно, Трамп објави дека американските авиони нападнале три нуклеарни постројки во Иран - во Натанз, Исфахан и постројката за збогатување ураниум во Фордо.

Израел ја започна кампањата на 13 јуни, нагласувајќи дека имала за цел да го спречи Иран да развива нуклеарно оружје. Техеран постојано негира дека се стреми кон нуклеарно оружје и тврди дека неговата нуклеарна програма е само за цивилни цели.

пред еден час09:09

Иран вели дека го задржува правото да избере каков било одговор на „скандалозните“ американски напади

Иран го задржува правото да избере каков било одговор во одбрана по американските напади врз неговите нуклеарни постројки, напиша утрово иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, на платформата X.

Арагчи рече дека нападите се „скандалозни и ќе имаат последици за вечни времиња“

пред 17 минути09:05

Нападот врз Иран беше извршен од американските бомбардери Б-2 „скрил“.

По неколкудневно размислување, одлуката на Трамп да се придружи на воената кампања на Израел против Иран го ескалираше конфликтот.

Неколку часа по нападот, Трамп се обрати до нацијата. Според него, утрово бомбардирањето на САД целосно уништи три ирански нуклеарни објекти, Натанц, Есфахан и Фордоу.

„Или ќе има мир или Иран ќе се соочи со трагедија многу поголема од онаа на која бевме сведоци во изминатите осум дена“, рече Трамп во говорот во Белата куќа, нарекувајќи го Иран „насилник на Блискиот Исток“.

„Ако мирот не дојде брзо, ќе нападнеме други цели со прецизност, брзина и вештина“, додаде Трамп.

Извор: Индекс.хр

притисни ентер