3Меланија разговарала и со Путин и со Зеленски, Трамп ја испофали: Подобра е од професионалец (ВИДЕО)
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЖивотРоверот „Упорност“ откри органски соедниненија на МарсРоверот „Упорност“ (Perseverance), којшто беше испратен на Марс од американската вселенска агенција НАСА, пронајде остатоци од органски соединенија на „Црвената Планета“.Органските молекули како оние забележани во кратерот Језеро содржат атоми на јаглерод и водород. Тоа се клучните компоненти на животот каков што го знаеме на Земјата. Но, како што се истакнува, ова не мора да значи дека некогаш постоел живот на Марс. Овие соединенија би можеле да се развијат и на небиолошки начини. Сепак, резултатите укажуваат на изненадувачки сложени органски услови за „клучните градива на животот“ во својот зародиш. - Ова е возбудлива трага за астробиолозите, бидејќи тие (наоди, б.п.) главно се сметаат за градивни елементи на животот. Важно е да се знае дека, исто така, тие можат да бидат создадени од процеси што не се поврзани со животот каков што го знаеме, така што органските молекули не се доказ за живот сами по себе, без дополнителни докази кои не можат да се објаснат со небиолошки, односно биотски процеси, изјави еден од авторите на истражувањето, Џозеф Разел Холис од британскиот Природонаучен музеј во Лондон. „Упорност“ е првиот ровер што го истражува кратерот Језеро, а тоа почна во февруари 2021 година. Истражувачите веруваат дека некогаш во кратерот имало езеро, како и делта на реката што се влевала во него. Тоа е еден од најверојатните области во коишто може да има остатоци од знаци на живот на Марс. Следи дополнително истражување на молекулите и нивното потекло. „Ако овие примероци се пренесат на наше копно во лабораторија, во истражувањата може да се користат поразновидни алатки, како и поголема просторна резолуција со многу поголема специфичност и чувствителност“, велат авторите на написот. - Досега единствените карпи на Марс што можеме да ги проучуваме на Земјата беа всушност метеоритите. Пристапот до недопрените карпи на Марс, внимателно сместени, складирани и заштитени од контаминација, ќе биде од непроценливо значење за планетарнава наука, додаде Разел Холис. Имено, научниците велат - ќе треба да се почека на мисијата за пренос на примероците на Земјата, наречена „Марс сампл ретурн“ (МСР), којашто би требало да биде допрва испратена оттука, и тоа најрано кон крајот на 2020-тите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЛеонардо Дикаприо и Џенифер Лоренс заедно во новиот филм на Скорсезе Следната година ќе одбележат точно шест децении од првиот игран филм на Мартин Скорсезе.Тоа беше драмата „Кој ми тропа на врата“, направена во независна продукција, но и прв од 26-те филмови на еден од најголемите режисери на денешницата. Сепак, Скорсезе не запира - заврши со снимање на ново дело, кое според последните информации би можело да се најде во кината во текот на следната година. Станува збор за филмот „Што се случува ноќе“. Реализацијата се базираше на истоимениот роман на американскиот писател Питер Камерон. Реализацијата е најавена како готски психолошки хорор, а актерската екипа вклучува голем број големи имиња - предводени од Леонардо ди Каприо, Џенифер Лоренс и Мадс Микелсен. Како што е наведено во синопсисот, приказната се фокусира на американски пар кој патува во мал европски град за да посвои бебе. Колку повеќе се борат за тоа, толку помалку знаат за себе. Филмот се снимаше во првата половина на годината во Чешка и во Швајцарија, а последните информации говорат дека Скорсезе ја завршил и постпродукцијата.Тагови: Леонардо ДиКаприо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаЈокиќ им се нафрли на дел од навивачите на Денвер: Не се веќе добредојдени Денвер Нагетс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс по продолжението, но натпреварот беше обележан со остра порака од Никола Јокиќ до дел од домашната публика. За време на натпреварот, тимот загуби со 23 поени разлика од тим кој се смета за меѓу најслабите во лигата, поради што навивачите во салата почнаа да ги исвиркуваат. Иако Јокиќ ги предводеше Нагетс до пресврт и победа со трипл-дабл во кој имаше 35 поени, 15 скока и 10 асистенции, тој беше многу критичен кон однесувањето на навивачите. Тој верува дека тимот, кој бркаше голем дефицит, требало да добие поддршка од трибините. Јокиќ: Кој и да нè исвиркуваше не е добредојден Зборувајќи со новинарите по натпреварот, Јокиќ беше директен. „Мислам дека навивачите кои нè исвиркуваа повеќе не се добредојдени тука, ако мене ме прашувате. Ако нè следите, знаете дека никогаш не се откажуваме и се вративме од многу полоши ситуации. Што се однесува до мене, тие повеќе не се добредојдени“, рече тој. За „Нагетсите“, ова не е прв ваков камбек на домашен терен. Во февруари 2020 година, тие исто така го надминаа дефицитот од 23 поени против „Сан Антонио Спарс“, но потоа ја обезбедија победата во регуларниот дел. Сомнежи за силата на тимот на почетокот на сезоната Победата против „Пеликансите“ е прва за Денвер во сезоната, по поразот од „Оклахома Сити Тандер“ во првиот натпревар, па тимот сега е 1-1. Дури и пред почетокот на сезоната, се поставуваше прашањето дали раководството на клубот составило висококвалитетен тим околу Јокиќ за борба за титулата во силната Западна конференција. Нестабилниот почеток на сезоната, и покрај победата, сугерира дека ваквите проценки биле основани и дека „Нагетсите“ ги очекува барателно продолжение на натпреварувањето.Тагови: Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ Утревечер во 23.00 часот на Канал 5 Телевизија, а претходно на Youtube во 21.30 Иво Ранѓеловиќ ќе му гостува „На кавга“ на Иван Мирчевски. Иво Ранѓеловиќ е политиколог и магистер по компаративна политика и демократија од University College London (UCL), еден од најпрестижните универзитети во светот. Утре вечер на актуелни теми ќе дебатира со Иван Мирчевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter